1.Прочитав дека во Америка се пронајдени црвени крвни клетки од диносаурс како е ова можно со оглед дека диносаурсите изумреле пред 200 милиони години?
Изумреле пред 65 милиони години, не 200. Know your facts. Што се однесува до истражувањето, ова се нема случено до сега зошто никој до сега не зел да меле фосили или да ги топи во киселина за да види што има во внатрешноста.
Од истражувањето (колку што копав, прв пат е пробано од страна на овој палеонтолог) добиваме дека меките ткива на диносаурусите можат да преживеат фосилизација, ако се внатре во коската, и тоа исклучиво ако одредени околности се сретнат.
Не укажува истражувањето на ништо друго, како Young Earth теоријата, или дека луѓето живееле заедно со диносаурусите (што иако не докажано, јас на пример сметам дека делум има вистина во тоа - ама нема конкретен доказ, а ова е далеку од било што конкретно во тој правец).
Единствено го поставува уште погласно прашањето дали диносаурусите можеби биле топлокрвни, или мешавина, ладнокрвни и топлокрвни.
2.Дали го познавате овој феномен за кој научниците сеуште немаат одговор.
http://en.wikipedia.org/wiki/Sailing_stones.
Немаат конкретен одговор, но постојат хипотези. Но не разбирам со која цел го постираш? Ако ова би требало да значи некој вид знак кој Бог го направил за да ни сигнализира на нас смртниците за неговото постоење и омнипотенција, би се запрашал за неговата интелигенција.
3.Дали постојат паметни теисти?
Секако. На пример жената палеонтолог која го има направено окритието за можни крвни клетки во коскената срж на Тирексот, се декларира како христијанин.
Само на разочарување на некои фундаменталисти, она не ги подржува креационистите кои лупаат дека тоа што го открила е доказ за само неколку-илјадната историја на нашата планета.
Значи дека има паметни луѓе кои се религиозни/тести - има. Само колку нивните колеги-по-религија ќе научат од нив, тоа е вистинското прашање
.
4.Како ги објаснувате илјадниците документирани паранормални искуства на луѓе ширум светот во последниве 100 и кусур години?
Голем број од таквите искуства се чини дека се replay на некакви настани кои се случиле во минатото, што ме води мене лично до мислењето дека се работи за некаква time-space аномалија. Glitch in the system.
За останатите немам оформено дефинитивно мислење, но има доста шарлатани кои измислуваат такви глупостио за пари. И такви кои се гледа дека минале низ трауматични искуства за кои не можам да кажам дека е одглумено.
Ова зборам е мое лично мислење, не на сите атеисти/неверници.