Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Нема трети или ќе е верник или атеист. Не постои нешто што е надвор од тие 2
Не, ти не се ни трудиш да дадеш одговори. Одговори од типот знам ама не ви кажувам не се одговори. Насочи се кон темата.
Вие изгледа само механички сте присутен,,,
 
G

galaxy

Гостин
Ајде поканете некого и нека потврди само да не биде тоа ни атеист ниту верник
.Навистина жал ми е што таквите луѓе ги нарекувате шизофреничари...тоа е тежок збор ,поготово за луѓе кои се поврзани со Бог .. но оние кои не можат да го разберат Бог ,неможат ниту пак ни тоа чуство да го разберат...Науката јасно ми е си има свои дефиниции тоа го поткрепувам но верувајте нема врска со некои облици на религијата.Религијата е едно ,науката друго и неможе некои работи , некои болести да ги споредува ме со чувството на Бог .
ОК, сфаќам да се поврзани. Го разбираат, се покоруваат, веруваат. Тоа не е болест.
Дали го гледаат, слушаат, разговараат?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
ОК, сфаќам да се поврзани. Го разбираат, се покоруваат, веруваат. Тоа не е болест.
Дали го гледаат, слушаат, разговараат?
Па има ,тоа се луѓе кои на свои начин преку молитва комуницираат со Бог.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Далеку од тоа ,не грешите душа.,....но од вас не може друго да се очекува освен ова..јасно ми е .
Љубезната форма чувај ја за родителите, за директорот или за на семинар ко ќе презентираш нешто. Ова е форум. Тука нема ракавици и форми. Подготви се соодветно.

Да, навистина мислам дека не знаеш што да очекуваш од мене.

Ако добро разбрав од муабетиве, ти си училишен психолог. Се надевам дека религијата си ја оставаш заклучена дома, пошто ако сум ја родител на дете што психологот ми го индоктринира со рај/пекол, гревови, прочки и казни има да му стегнам таква тужба, ќе се чеша до трето колено.

Јас верувам дека ти не си таква, нели, но живо сум заинтересиран како ја комуницираш својата вероисповест и фатализмот на божествениот план кога, на пример, некого од учениците советуваш или недајбоже го водиш низ процес - корекција, ориентација, што и да е?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.805
Поени од реакции
8.822
Ајде поканете некого и нека потврди само да не биде тоа ни атеист ниту верник
.Навистина жал ми е што таквите луѓе ги нарекувате шизофреничари...тоа е тежок збор ,поготово за луѓе кои се поврзани со Бог .. но оние кои не можат да го разберат Бог ,неможат ниту пак ни тоа чуство да го разберат...Науката јасно ми е си има свои дефиниции тоа го поткрепувам но верувајте нема врска со некои облици на религијата.Религијата е едно ,науката друго и неможе некои работи , некои болести да ги споредува ме со чувството на Бог .
1. Не постои нешто што не е верник, и не е атеист
2. Се соменвам во твојата работа многу, зошто не ни читаш, јас се обидов со тебе да зборувам како со колешка, за жал, не ми успева. Јас не нарекувам секого шизофреничар, зошто јас морам да ја знам разликата. Не само шизофреничарите имаат пореметување во перцепциите, и Џули, ме збунуваш. Искрено. Очекував малце попрофесионален пристап од твоја страна.

3. Науката ти овозможува ако се разболеш, да се излечиш. Наместо да одиш во црква, одиш на лекар. Науката е поважна од религијата, а ако мислиш дека не е, следниот пат обиди се да се лечиш дома, или дома да родиш дете, не оди на лекар.
--- надополнето: Nov 15, 2011 11:23 PM ---
Па има ,тоа се луѓе кои на свои начин преку молитва комуницираат со Бог.
Џули, како не правиш разлика, како!?
Едно е спиритуалното доживување дека ,,Бог ќе ги слушне моите молитви,, тоа се вика надеж, Џули.
Но, не, не е нормално да го видиш Исус, да разговараш со него (не да се молиш, да разговараш), да мислиш дека ти пренел порака итн.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Па има ,тоа се луѓе кои на свои начин преку молитва комуницираат со Бог.
Џулија јас пак ќе те прашам, кој е начинот да и ние останатите кои не сме толку обдарени со способност за верба и комуникација со Бог, го почувствуваме истото.

Џабе е дискусија во која едната страна вели јас верувам (соодветно Интер е подобар клуб) , а другата страна вели јас не верувам (пример не е така, Милан е подобар клуб).
Во таква дискусија се е факт, се е релевантно и оди во прилог на оној што си ја брани соодветната страна.

Бидејќи ни двете страни не поседуваат доволен број аргументи да ја убедат спротивната страна во вистинитоста на својот исказ (иако процентот во поглед на поседување на факти, образложени од страна на науката оди во корист на страната која не ти се допаѓа), останува некако да ни покажеш(ете) како човек да ја зацврсти својата верба кон некој ентитет.

Јас би те прашал и кој е клучниот момент во тоа што го нарекуваш ВЕРБА ВО БОГ:

1. Самата верба кон некој ентитет со повисока интилигенција, која не мора да биде насочена кон Бог, туку кон било што кое ќе претставува синоним за стремеж на единката (пример љубовта која толку ја споменувате)?

или

2. Самиот ентитет Бог и неговата егзистенцција кој во случај на невера, непокајание ќе те носи во пеколот?

Која од двете точки зазема поголем простор во твојата, како пример, ментална матрица ?
Што е клучно ВЕРБАТА ВО НЕШТО или САМИОТ БОГ (и очигледниот страв, ај нека биде и стравопочит од истиот)?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Љубезната форма чувај ја за родителите, за директорот или за на семинар ко ќе презентираш нешто. Ова е форум. Тука нема ракавици и форми. Подготви се соодветно.

Да, навистина мислам дека не знаеш што да очекуваш од мене.

Ако добро разбрав од муабетиве, ти си училишен психолог. Се надевам дека религијата си ја оставаш заклучена дома, пошто ако сум ја родител на дете што психологот ми го индоктринира со рај/пекол, гревови, прочки и казни има да му стегнам таква тужба, ќе се чеша до трето колено.

Јас верувам дека ти не си таква, нели, но живо сум заинтересиран како ја комуницираш својата вероисповест и фатализмот на божествениот план кога, на пример, некого од учениците советуваш или недајбоже го водиш низ процес - корекција, ориентација, што и да е?
Мојата работа нема врска со моето верување....тоа што јас сакам да верувам и почитувам никому не наметнувам ..јас кога работам директно се насочувам кон истражување на проблемот,решавање на истиот од психолошки аспект ,и со љубов тоа го работам ,и задоволство ми е што можам да помогнам на некој начин без никакви фустрации и сл.но за сето тоа благодарна сум на Бог што ме удостои во мојата работа и ми подари доволно љубов и
трпение...навистина нашата работа бара многу внимание,трпение и соработка.А да бидете сигурни дека психолог верник секогаш има приступачен однос кон своите клиенти и повеќе разбирање и љубов кон своите клиенти за разлика од атеист кој е ладен и бесчуствителен.
Да расчисти ме некои работи ако сум јас верник не сум духовник да држам вероисповед за тоа има одредени органи.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
А да бидете сигурни дека психолог верник секогаш има приступачен однос кон своите клиенти и повеќе разбирање и љубов кон своите клиенти за разлика од атеист кој е ладен и бесчуствителен.
Не другарке Џулија ти биди сигурна дека е обратното.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А да бидете сигурни дека психолог верник секогаш има приступачен однос кон своите клиенти и повеќе разбирање и љубов кон своите клиенти за разлика од атеист кој е ладен и бесчуствителен.
Џули душо, од сите глупости кои ги имаш истрескано овде, а машала ги имаш прилично, оваа ти е ултимативна...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не другарке Џулија ти биди сигурна дека е обратното.
Ех што ти се вика стара југословенска школа. ДРУГАРКЕ ;)

офтопик
ГО знаеш лиона

"Другарице и другови ви сте свиње, овце, краве"...... тука следи пауза од страна на другарот Тито во говорот, зачуденост кај аудиториумот и продолжува Тито даље

"клали и давали нама за јело".

И следи громогласен аплауз од многубројниот аудиториум.:)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Џулија јас пак ќе те прашам, кој е начинот да и ние останатите кои не сме толку обдарени со способност за верба и комуникација со Бог, го почувствуваме истото.

Џабе е дискусија во која едната страна вели јас верувам (соодветно Интер е подобар клуб) , а другата страна вели јас не верувам (пример не е така, Милан е подобар клуб).
Во таква дискусија се е факт, се е релевантно и оди во прилог на оној што си ја брани соодветната страна.

Бидејќи ни двете страни не поседуваат доволен број аргументи да ја убедат спротивната страна во вистинитоста на својот исказ (иако процентот во поглед на поседување на факти, образложени од страна на науката оди во корист на страната која не ти се допаѓа), останува некако да ни покажеш(ете) како човек да ја зацврсти својата верба кон некој ентитет.

Јас би те прашал и кој е клучниот момент во тоа што го нарекуваш ВЕРБА ВО БОГ:

1. Самата верба кон некој ентитет со повисока интилигенција, која не мора да биде насочена кон Бог, туку кон било што кое ќе претставува синоним за стремеж на единката (пример љубовта која толку ја споменувате)?

или

2. Самиот ентитет Бог и неговата егзистенцција кој во случај на невера, непокајание ќе те носи во пеколот?

Која од двете точки зазема поголем простор во твојата, како пример, ментална матрица ?
Што е клучно ВЕРБАТА ВО НЕШТО или САМИОТ БОГ (и очигледниот страв, ај нека биде и стравопочит од истиот)?
Мики начинот за да човек се убеди во тоа дека е така треба почесто да се пристапува кон молитва,значи молитвата е директна комуникација со Бог. Кога бараме нешто од Бог и ќе добиеме,тропни на вратата да се отвори,Најпрвин барајте го Царството Божјо и Неговата правда и се ќе ви даде.Но молитвата не е само барање ,туку преку молитвата ја искажуваме и нашата благодарност и славење на името на Бог за сите наши добрини и дела а со тоа Бог ни ја отвора вратата и стануваме поблиску до него и тоа ќе го почуствувате на било каков начин ...но кога се пристапува кон Бог ,прво кога се пристапува кон молитва треба да сме со побожни мисли,пред се проникнати од помислата дека сме грешни и не сме достојни да застанеме пред Бог и да се молиме со неколебливо срце со вера и надеж дека ќе го добиеме она што го бараме...и навистина ќе го добиете...еве вие на пр,знакот кој го барате..најточниот пристап кон Бог е молитвата и сами ќе си почуствувате не мора тоа да е духовник да ве насочува бидејки тешко да се најде правиот.
Во мојот склоп на размислување влегува љубовта а љубов е Бог.
--- надополнето: Nov 16, 2011 11:50 AM ---
Џули душо, од сите глупости кои ги имаш истрескано овде, а машала ги имаш прилично, оваа тие ултимативна...
Па го очекував ова од вас бидејки не е во ваш прилог ...оставете ја себичноста и тврдоглавоста ви штетат на вашиот карактер.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мики начинот за да човек се убеди во тоа дека е така треба почесто да се пристапува кон молитва,значи молитвата е директна комуникација со Бог. Кога бараме нешто од Бог и ќе добиеме,тропни на вратата да се отвори,Најпрвин барајте го Царството Божјо и Неговата правда и се ќе ви даде.Но молитвата не е само барање ,туку преку молитвата ја искажуваме и нашата благодарност и славење на името на Бог за сите наши добрини и дела а со тоа Бог ни ја отвора вратата и стануваме поблиску до него и тоа ќе го почуствувате на било каков начин ...но кога се пристапува кон Бог ,прво кога се пристапува кон молитва треба да сме со побожни мисли,пред се проникнати од помислата дека сме грешни и не сме достојни да застанеме пред Бог и да се молиме со неколебливо срце со вера и надеж дека ќе го добиеме она што го бараме...и навистина ќе го добиете...еве вие на пр,знакот кој го барате..најточниот пристап кон Бог е молитвата и сами ќе си почуствувате не мора тоа да е духовник да ве насочува бидејки тешко да се најде правиот.
Во мојот склоп на размислување влегува љубовта а љубов е Бог.
Во ред, донекаде се сложувам, бидејќи имам некои други размислувања што значи молитва, и каде е упатена (ќе ги објаснам).
Проблемот доаѓа бидејќи вака кажано од твоја страна, недвосмислено укажува на фактот дека молитвата е упатена кон некој ентитет, во случајов БОГ. Следствено тоа, следува дека треба да добиеме соодветен одговор на нашата молитва од тој ентитет. НО, тоа ни фали, не знаеме дали молитвата успеала или не. Оставаме времето да покаже.

Од друга страна пак, омилената ми Теорија на Хаос, вели дека законот за каузалност е оној што владее во универзумот.
Тукаи јас и ти сме на исто, бидејќи и јас и ти сметаме дека се што се случува се случува со некоја причина. Ти велиш дека Бог е творец на причината, а јас велам дека таа причина е последица на некоја друга причина.
Дотука ќе сметаме дека е разидување во претставување на нештата.

Ако молитвата упатена кон непознатиот ентитет успее, и работите тргнале онака како што треба по твоја замисла, тоа значи дека се наместиле причинско последичните дејанија во твоја корист.

Тие дејанија дали се измениле поради тоа што те слушнал ентитетот, или се наместиле така бидејќи однапред биле предодредени да се одвиваат во тој редослед, или пак со својата карма и желба во текот на молитвата (како што ти ја нарекуваш) си успеала да пласираш доволно енергија околу себе, за да влијаеш врз каузалноста на енергијата која тебе те опкружува и те засега, Е МНОГУ ДИСКУТАБИЛНО.

Не знам дали јасно ти предочив, дека се она што се нарекува судбина, Господ итн... е само (можеби) причинско последично дејание во рамките на универзумот. Дали ти влијаеш на таа енергија со помош на молитвата, односно обидот да со својата маленкост ги промениш дејанијата во твоја корист е дискутабилно.

Затоа и те прашав што ти е побитно ВЕРБАТА или самиот БОГ.

ВЕРБАТА сама по себе може многу повеќе да стори за една единка, за нејзиниот енергетски баланс, а со самото тоа и за здравјето (физичкото пред се) и за среќата (дефинирана како дејствија кои според мислење на индивидуата се корисни за истата), отколку САМАТА ЕГЗИСТЕНЦИЈА НА ЗАМИСЛЕН ЕНТИТЕТ.

Се надевам дека се разбираме.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
.А да бидете сигурни дека психолог верник секогаш има приступачен однос кон своите клиенти и повеќе разбирање и љубов кон своите клиенти за разлика од атеист кој е ладен и бесчуствителен.
Повели пример за топлината и чуствителноста на верниците:
Браво! Секоја чест! Значи не е битно дали луѓето кој ги сакам ќе страдаат или не, битно јас да бидам рамнодушен, и јас да влезам во рајот?!?:tapp:
Да, така му доаѓа, сакал Ти или не...

И пак ќе речам, мојата душевност/сентименталност кон нештата од овој Свет, нема да ме одведе во Рајот, оти секоја неумерена приврзаност за овосветовните нешта, па нека биде тоа и биолошка приврзаност кон родителите, се само пречка за спасението на душата, оти Он вели: „...Кој љуби татко и мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене...„ (Матеј, 10.37).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom