Џулија, ваш клиент ако ви каже дека го гледа Исус и дека зборува со него, вас тоа треба да ве упати на друго место, а не во среќа дека е тој ,,избран,,.
Да ве потсетам на студентски денови, ќе цитирам малце. Сите цитати се од Гордана Станковска, психијатар и професор.
Имено:
,,Предиспонирачки фактори за настанување на халуцинациите се:
а) пореметување на јасноста на видот;
б) присуство на налудничави идеи
в) афективните состојби
г) разните степени на интоксикација на ЦНС
- Видови на халуцинации
1. Визуелните халуцинации по правило се јавуваат најчесто при труење со егзогени отрови, при фебрилни и афективни нарушувања, при ендогените душевни заболувања како што е шизофренијата. Може да се манифестираат во различен облик:
а) фотоми - (искри, пламен, светло) - претставуваат елементарен облик на оптички халуцинации
б) микрохалуцинации - (бубачки, глувци кои се движат)
в) халуцинации на долги жици и конци - (делириум тременс при алкохолизам)
г) визии - се таков вид на халуцинации при кој пациентот гледа низа на особи кои нешто работат, зборуваат, но повеќе личи на сон.
д) аудитивни халуцинации најчесто се јавуваат кај пациентите со шизофренија. Може да се јават во елементарен облик-акоазми (шумови, гребење, брмчење) или пак во вид на гласови (сложени халуцинации кога пациентот слуша гласови кои му се обраќаат нему, разговор меѓу две или повеќе лица). Гласовите може да имаат пријатна содржина (многу ретко), но најчесто тоа се непријатни, заканувачки, иронични халуцинации.,,
Понатаму се: густативни, олфактивни, тактилни халуцинации и ценестезии.
Понатаму, во психопатологијата на мислењето, во групата на пореметувања на мислењето по содржина, спаѓа и ,,религиозни налудничави идеи - се согледуваат во тоа што пациентот верува дека има врска со Господ, дека е ,,човек на Господ,, и сл.,,
Има тука уште многу да се зборува, а за шизофренијата планирам да отворам посебна тема, кога ќе имам време, како и за мн други ,,божествени доживувања,, на човекот.
Ти како психолог мораш да го знаеш ова, се надевам дека до сега не си имала клиент со вакви проблеми, можеби уште поголема штета си направила.
--- надополнето: Nov 15, 2011 5:13 PM ---
Да учествуваш, индирекно. Ако ти не му оставиш пари, нема да има од каде да краде и да вози џип. Ти му помагаш да вози џип, наместо парите да ги дадеш на загрозено семејство.
Не ја исполнуваш волјата на Исус, сакала или не. Исус не сакал неправди и не мижел пред неправди, не знам зошто мислиш дека е тоа исправно.