Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Си биле 3 чекани кои ја барале смислата на своето постоење. Се симнале тројца вонземјани, ги нашле овие чекани, ги земале во рака, но не знаеле за што служат, која е нивната цел. Тие не знаеле за што се создадени.

Првиот вонземјанин извадил тапан и почнал да чука со чеканот по него. Чеканот бил среќен што некој го употребува и за момент помислил дека ја пронашол смслата за своето постоење. По неколку удари вонземјанинот удрил малку посилно и го скршил тапанот. Се изнервирал и го фрлил чеканот. Чеканот се чувствувал тажно, разочарано, неисполнето.

Вториот вонземјанин го земал вториот чекан и почнал со него да крши гранки. Чеканот бил возбуден и среќен. Некој го држи, го употребува, удира со него по гранките итн. Чеканот едноставно не можел да се воздржи од среќа. Но на крајот од денот си останувал со чувството на неисполнетост, празнина. Удирањето по гранките му било интересно, но не и доволно. Нешто недостасувало. Вонземјанинот нашол секира, видел дека со неа може подобро да сече гранки и го фрлил чеканот. Чеканот се чувствувал тажно, разочарано, неисполнето.

Третиот вонземјанин го земал третиот чекан и со него заковал еден клинец. Чеканот блеснал од среќа, исполнетост и одеднаш почувствувал мир. Бил многу успешен во ковањето клинци и вонземјанинот бил задоволен со тој чекан, го вреднувал неспоредливо повеќе отколку другите вонземјани, го чистел, го чувал безбедно во својата кутија со алати. Овој чекан конечно ја открил смислата за своето постоење. Тој бил создаден за да заковува клинци. Тој бил среќен и континуирано исполнет кога го правел тоа.
Како и обично, огромен пост кој во самиот вовед е фаличен. Целиот муабет после е бош.

Споредуваш чекан со разумно битие. ...шо знам, може за вас креационистите е валиден аргумент. Може така се доживувате - ко чекани.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се залета малку Чорбаџијата со постот за чеканите, мислеше дека е во некое село па малку со параболи им проповеда на селаните...

Може тој и многу подобро од ова...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас помислив дека третиот чекан ќе воскресни едно време, онака за чиста сотирологија и есхатологија :D
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
zivotot ima smisla ama taa smisla nema smisla
to est smislata mu e za ednokratna upotreba
ko sapunot
koga ke se potrosi sapunot
ete ti nov sapun
smislata na potroseniot sapun bila
i pominala
taka i so lugeto!
Смисла е се, и нема смисла ништо.
Просто као пасуљ.
Иако логиката се чини дека е се во овој свет, до сега
не даде одговор на ништо....и тоа затоа што светов не се
базира само на логика.
Мозокот има и друга хемисвера....би можела да се употребува од време на време.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто атеистичките научници кои трагаат по вонземски живот трагаат по сигнали што содржат интелигентни информации?
 
G

galaxy

Гостин
Зошто атеистичките научници кои трагаат по вонземски живот трагаат по сигнали што содржат интелигентни информации?
Баш напротив. Многу повеќе се работи на откривање на каков било прост органски материјал.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто атеистичките научници кои трагаат по вонземски живот трагаат по сигнали што содржат интелигентни информации?
Добро бе, да не имате денеска вие надпревар некој за најблесав пост на денот?!
Јоан го интересира зошто не сме се размножувале со просто делење на личноста, а тебе те интересира зошто во потрага по вонземски живот се трагало по сигнали кој содржеле интелегентни информации?!
Па какви други сигнали може да бараат?!? - Верници на патот?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зошто атеистичките научници кои трагаат по вонземски живот трагаат по сигнали што содржат интелигентни информации?
Дека е помалку веројатно да начекаат неинтелигентни информации.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Баш напротив. Многу повеќе се работи на откривање на каков било прост органски материјал.
Не постои телескоп, ниту каков било друг инструмент што може да регистрира органски молекул во некој друг ѕвезден систем оддалечен илјадници светлосни години од нас.
Она што можеме да го регистрираме се електромагнетни бранови, космички шум, најчесто емитуван од ѕвездите, од пулсарите и сл.
Стотици приемници деноноќно го снимаат небото и го анализираат космичкиот шум надевајќи се дека ќе наидат на некоја интелигентна низа на информации (пример: низа од прости броеви во декаден систем) што на научниците би им било доказ дека тие информации се емитувани од некои интелигентни наши соседи во вселената.
Впрочем тоа го направивме и ние кога го пративме Војаџер 2 надвор од Сончевиот систем со еден куп интелигентни информации во него (златни дискови со дигитална снимка на бебе како плаче, здраво на повеќе јазици, некои популарни песни, слики од нашата планета и сл.)

За теистите тоа е сосема рабирливо, бидејќи тие веруваат дека информациите не настануваат случајно и дека мора некое интелигентно битие да ги креира и емитува.
Но прашањето е зошто атеистите трагаат по истото, ги имаат истите очекувања и истите критериуми? Зошто за нив интелигентната информација би значела интелигентен емитувач, кога согласно нивната вера, информациите можат да се создаваат и случајно?

п.с. Се надевам дека сега го укапиравте прашањето :) Ако не, ве молам не избрзувајте со сарказмот, туку обидете се повторно да го прочитате прашањето и да одговорите. Ако не ви текнува одговор, поштедете ја темата од мирц муабети.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Зошто атеистичките научници кои трагаат по вонземски живот трагаат по сигнали што содржат интелигентни информации?
За да откријат дали постои друга развиена цивилизација far far away.
Што е поентата на прашањето?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
За да откријат дали постои друга развиена цивилизација far far away.
А зошто интелигентната информација би била знак дека таму далеку некаде постои развиена цивилизација? Како интелигентната информација е причинско-последично поврзана со развиената цивилизација?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
А зошто интелигентната информација би била знак дека таму далеку некаде постои развиена цивилизација? Како интелигентната информација е причинско-последично поврзана со развиената цивилизација?
Дали може теле да испрати радио сигнал?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали може теле да испрати радио сигнал?
Дали индиректно сакаш да кажеш дека интелигентната информација (радио сигналот) не може да настане случајно, туку мора да е создадена од интелигентни битија таму?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Еден ден ако го добијат ќе ја анализираат содржината. Бараат за да најдат. Истражуваат.
Не разбирам што беше поентата на прашаањето, уште еднаш. Научниците си го арчат времето безвезе или...?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom