Ќе те ословам со пријателе, иако не се познаваме. Некои луѓе се декларираат како неверници, дека не веруваат во никаков бог. Тоа е феномен на денешнината. Тие луѓе модерно се наречени АТЕИСТИ. Но корените на тие луѓе е од луѓе кои биле верници, кои верувале во својот бог. И сега овие луѓе, го изгубиле овој корен, оваа основа, и некако лебдат во воздух. Најголемата цел им е да докажат дека се во право, но во моментов не можат. Немат одговор на основни прашања. И немајќи одговор, ја користат интригата, лагата, пропагандата итн. за пласирање на „својата вистина“. Но при пласирањето на „тие вистини“ им смета Бог, Исус Христос, затоа што тој постои, па затоа со „многу интелектуален капацитет“ го исмејуваат Исус Христос и Богородица Дева Марија, со фотомонтажи на слики, текстови, „научни размислувања“... Зошто? Што ти е виновен Бог?
А ти си сатанист, зар не?