Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
1. Токму тоа е недоумицата Мики. Кој ја поставил потребата од поп за да се запознаеш со Светите Тајни. Чинот на крштевање нели е отфрлање на ѓаволот? Зошто со помош на поп да го отфрлам? Исто е и за бракот. Не верувам дека Исус експлицитно кажал ова се светите тајни, и со помош н апопо вие ќе ги запознаете?З
1. Полека, полека....Нависитна, верата е лична потреба, па само затоа попојте не ми се потребни, т.е. за да верувам, не ми треба поп. И толку. За све друго, ми треба поп. Спасението е во Црквата и преку Црквата, со нејзините Свети Тајни, без чие практикување, за кое е потребен поп, нема спас на душата...
3. Сциентистичкиот оптимизам е заснован на предрасудата за неограничените човекови способности, вклучувајчи и ја и идејата за постигнување вечен живот. Според Црквата а и според реланото живеење, човекот е грешно, ограничено и смртно битие, кое не може само за себе да направи ништо, понајмалку самото да се спаси. Токму затоа, на Земјата дојде Христос, Синот Божји Единороден, за да не спаси од гревот, оти Он вели: „..Без мене, не можете да направите ништо...„.(Јован, 15.5). Ништо добро, разбира се.
4. А до тогаш, луѓето ќе се раѓаат, ќе живеат и ќе умираат. Во што и како ќе си го потрошат животот, тоа е нивен избор, но на крајот, ќе мораме на Христа Бога да Му поднесеме есап за своето живеење. Од Судот Христов, напросто нема бегање!
5. А во што би поверувале? Дотичната особа е сосема обичен човек, кој има несекојдневно искуствено сознание....
6. Бог ќе го уништи Луци, кога за тоа ќе му дојде времето на Луци.
3. Па никој не го вели спротивнот за човекот. Сите знаеме де сме ограничени и смртни битија. Тоа е и целта на напредокот на науката да се намали ограниченоста на човекот, ако успее да ја победи смртноста тоа би било одлично за цивилизацијата. КАде тука црквата протолкувала дека Господ не сака така? Зарем трудот на човештвото да се спаси ако може од несвоеволно наметнатата казна треба да се оцени како ерес? Каде пичува дека ИСУС го брани тоа? Немој да ми покажуваш цитати од после од луѓе кои ја пичувале библијата. И како можел Исус во тоа време да зборува за Наука како поим нели?
4. Еми никој не вика дека има бегање од судот. Така е нема да избегаме од неговиот суд. Ама што е битно дали човештвото ќе го пречека судниот ден со просечен животен век од 80 ина години, или пак со помош нанауката со просечене животен век од 200 години на пример? Каде Црквата ја гледа заканата по Бога од просечниот животен век на луѓето? Многу небулози Мики, многу догми и беспотребни заплашувања од страна на Црквата кои ги уништија веројатно сите добри работи што требало да ги понуди Христијанството.
5. Па дотичната особа ќе каже како се вратил од смртта. Таквото сознание би одекнало како атомска бомба ширум светот.
6. Ако не му е дојдено времето на најлутиот непријател, тоа значи дека другата страна сеуште не е способна да го зададе финалниот удар, а тоа пак значи дека далеку е од ставот дека сигурно ќе ја добие војната.