Многу си ми контрадикторен, ваму кажуваш дека е најбитно сам да видиш со свои очи, а пак од друга страна слепо веруваш во библијата and stuff.
BTW, немора да ја пикнеш раката во врела вода за да видиш дека е врела, може едноставно со термометар да провериш.
Еве ми ја паралелата која сакам да ја направам, поставувајќи го приемрот со Земјата и Сонцето, а која неколку членови веќе ја разбраа, без да контрираат дека Земјата се врти околу Сонцето.
Ако јас имам сознанија за „нешто„ или за „некого„ а притоа знам од каде или од кого сум ги дознал тие нешта, користејќи ги сцоите сетила и својто ум, зашто да верувам во она кое „некој„ и „некаде„ и „некогаш„ го видел?
Јас знам од каде и од кого ги имам моите сознанија за мојата вера, но од каде знаат поклониците на сциентизмот, кога самите не ги знаат оние од кои сметаат дека дознале? Ако јас знам дека моето око ми вели дека е повеќе од очигледно дека Сонцето се „врти„ околу Земјата, зашто да му верувам (т.е. да имам доверба) во некој, кој со свое око ѓоамити „видел„ дека Земјата се „врти„ околу Сонцето?
Најпросто кажано: зашто да не верувам во информациите кои ми ги нудат моите сетила изворно и непосредно, туку да верувам во туѓите информации, од луѓе кои лично не ги знам?
Што е поточно: она кое моето ого го гледа или она кое некој го кажал за она кое моето око го гледа?
Или: далеку од тоа дека Сонцето се „врти„ околу Земјата, оти не е точно, но воедно е и релативно, туку битно е од КОГО и КАКО ги дознавам нештата јас, како субјект?