Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
samo vaka nakratko aj da pretpostavime deka ateistite se vo pravo., no samo edno prashanje ., nastapuva fizichka smrt ., fizichko izumiranje na teloto., vo red., no dali se zaprashale shto e so delot koj sega go poseduvaat kako proces na misla ., oset za ljubov ., mrazenje., ..... i bidejki mnogu dobro znaat na shto mislam ., teloto odi kaj odi ., ., tuku ednostavno shto so ovie senzacii na bitisuvanjeto., :confused:
Еве практично да ти одговорам. Кај одат сите тие податоци кога ќе „цркне“ хард-дискот?
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Не, јас стојам на тоа дека не е „исто„ ако нештата ги (у)видам сам, преку своите сетила и ум, како што не е „исто„ ако некој друг нешто ми каже за вистинито и тоа го земам за јааааака вистина.

Зашто моето око би ми кажувало поинаква вистина од нечие туѓо око? Зашто туѓото око е „поточно„ од моето (в)родено око?
Многу си ми контрадикторен, ваму кажуваш дека е најбитно сам да видиш со свои очи, а пак од друга страна слепо веруваш во библијата and stuff.
BTW, немора да ја пикнеш раката во врела вода за да видиш дека е врела, може едноставно со термометар да провериш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Еве ми ја паралелата која сакам да ја направам, поставувајќи го приемрот со Земјата и Сонцето, а која неколку членови веќе ја разбраа, без да контрираат дека Земјата се врти околу Сонцето.

Ако јас имам сознанија за „нешто„ или за „некого„ а притоа знам од каде или од кого сум ги дознал тие нешта, користејќи ги сцоите сетила и својто ум, зашто да верувам во она кое „некој„ и „некаде„ и „некогаш„ го видел?

Јас знам од каде и од кого ги имам моите сознанија за мојата вера, но од каде знаат поклониците на сциентизмот, кога самите не ги знаат оние од кои сметаат дека дознале? Ако јас знам дека моето око ми вели дека е повеќе од очигледно дека Сонцето се „врти„ околу Земјата, зашто да му верувам (т.е. да имам доверба) во некој, кој со свое око ѓоамити „видел„ дека Земјата се „врти„ околу Сонцето?

Најпросто кажано: зашто да не верувам во информациите кои ми ги нудат моите сетила изворно и непосредно, туку да верувам во туѓите информации, од луѓе кои лично не ги знам?

Што е поточно: она кое моето ого го гледа или она кое некој го кажал за она кое моето око го гледа?

Или: далеку од тоа дека Сонцето се „врти„ околу Земјата, оти не е точно, но воедно е и релативно, туку битно е од КОГО и КАКО ги дознавам нештата јас, како субјект?
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Ако јас имам сознанија за „нешто„ или за „некого„ а притоа знам од каде или од кого сум ги дознал тие нешта, користејќи ги сцоите сетила и својто ум, зашто да верувам во она кое „некој„ и „некаде„ и „некогаш„ го видел?
Морам да се согласам со другите Мики, навистина си глупав. Не знам како да реплицирам на ова, највеќе ме згрозува фактот што ти со цел памет си го напишал ова и си УБЕДЕН дека ова што го зборуваш има смисла и држи вода.

Ако постои бог нека ти помогне на тебе прво, па потоа нека не исправи нас неверниците на правиот пат.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ама човече со твојот одговор уствари ја побиваш цела суштина на твојата сопствена религија!
Твојата религија вели да веруваш во нешто што не си го видел никогаш со твои очи и да не се сомневаш во тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Gade,

веќе реков: двајца членови од форумов ми ја разбраа мислата (во која е небитно кој околку кого се „врти„, туку е битно на каков начин се озознаваат нештата...) што значи дека толку Ти „сече„...
--- надополнето: Jun 7, 2011 11:28 AM ---
Морам да се согласам со другите Мики, навистина си глупав.
Ето, и ја го мислам истото за Тебе...:D
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Gade,

веќе реков: двајца членови од форумов ми ја разбраа мислата (во која е небитно кој околку кого се „врти„, туку е битно на каков начин се озознаваат нештата...) што значи дека толку Ти „сече„...
--- надополнето: Jun 7, 2011 11:28 AM ---

Ето, и ја го мислам истото за Тебе...:D
Па тоа сакам да ти кажам де, ти НЕ ГИ ОСОЗНАВАШ НЕШТАТА туку како што ти кажува библијата или попот, така ги земаш здраво за готово.Иако никогаш нема да го видиш Исус ти веруваш во него затоа што попот така ти рекол.Пробуваш нешто да потенцираш, ама на секој со два грама И-КУ му е јасно дека се заплеткуваш во мрежа.
За човек да е атеист мислам дека треба повеќе да му „сече“ отколку на верник вулгарис.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
веќе реков: двајца членови од форумов ми ја разбраа мислата (во која е небитно кој околку кого се „врти„, туку е битно на каков начин се озознаваат нештата...) што значи дека толку Ти „сече„...
Точно, битен е начинот или методот и за тоа веќе дискутиравме и утврдивме дека научните тврдења се базираат на методи кој не се ексклузивно достапни само на тој што го изнесува тврдењето, туку се методи со кој секој може да дојде до истиот заклучок.
Од друга страна до таканаречените "духовни методи" има увид само оној што го изнсува тврдењето.
Како компарација, ако некој со помош на огромен телескоп утврди дека некаде постои некоја галаксија, јас иако немам дома таков телескоп, сепак кога би имал пристап до телескопот, би можел и самиот да го потврдам или негирам тоа тврдење! Но ако некој тврди дека постои одреден ентитет со одредени особини, а како метод го има неговото сопствено искуство, тогаш останатите неможат да направат увид во тоа тврдење, со што тој "метод" автоматски неможе да биде на исто ниво како и научниот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па тоа сакам да ти кажам де, ти НЕ ГИ ОСОЗНАВАШ НЕШТАТА туку како што ти кажува библијата или попот, така ги земаш здраво за готово.Иако никогаш нема да го видиш Исус ти веруваш во него затоа што попот така ти рекол.Пробуваш нешто да потенцираш, ама на секој со два грама И-КУ му е јасно дека се заплеткуваш во мрежа.
За човек да е атеист мислам дека треба повеќе да му „сече“ отколку на верник вулгарис.
Јас го знам мојот поп, Ти не го знаеш Докинс а уште помалку Хокинг...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080

Ако некој и некад ја/ги „докаже„ теориите на релативитетот од славниот Ајнштајн, слободно јави ми, оти ја су трпелив и ќе сачекам такво докажување....
Биди поздравен Мики.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2436
Проектот траел пола век. Само за да докажат дека Ајнштајн бил во право.
Еве ти ако сакаш да научиш нешто повеќе за мисијата:
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=77
И за релативноста, воопшто:
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=852
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Точно, битен е начинот или методот и за тоа веќе дискутиравме и утврдивме дека научните тврдења се базираат на методи кој не се ексклузивно достапни само на тој што го изнесува тврдењето, туку се методи со кој секој може да дојде до истиот заклучок.
Од друга страна до таканаречените "духовни методи" има увид само оној што го изнсува тврдењето.
Како компарација, ако некој со помош на огромен телескоп утврди дека некаде постои некоја галаксија, јас иако немам дома таков телескоп, сепак кога би имал пристап до телескопот, би можел и самиот да го потврдам или негирам тоа тврдење! Но ако некој тврди дека постои одреден ентитет со одредени особини, а како метод го има неговото сопствено искуство, тогаш останатите неможат да направат увид во тоа тврдење, со што тој "метод" автоматски неможе да биде на исто ниво како и научниот.
Очигледно е дека не раликуваш духовно од овосветовни вистини.

Велиш, „секој може да дојде до истиот заклучок„? Тешко, оти да беше во право, денес сите ќе ја земеа еволуцијата за своја вера. Верникот-почетник има слаб подвиг, монахот има врвен подвиг и сл. Верникот-почетник има слаб подвиг и дела, монахот живее во врвен подвиг и сл.

Духовните искуства се непосредни и лични, според нивната непосредност, но по својот квалитет се идентични кај различни субјекти. Се зависи кој колку е продуховен. На пример, и најслабиот верник-почетник, има увид во својата огревовеност, за разлика од еден врвен мохан кој е длабоко свесен за својата огревовеност.
--- надополнето: Jun 7, 2011 12:14 PM ---
Можда сум го сретнал Докинс и шо праиме сега?
Моеш да кажеш дека си го видел и Елвис Присли, не морам да Ти верувам на збор.
--- надополнето: Jun 7, 2011 12:15 PM ---
Биди поздравен Мики.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2436
Проектот траел пола век. Само за да докажат дека Ајнштајн бил во право.
Еве ти ако сакаш да научиш нешто повеќе за мисијата:
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=77
И за релативноста, воопшто:
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=852
Биди ми и Ти поздравен, а ја „верувам„ дека Ти лично ги знаеш сите автори на текстовите од наведените сајтови, така? :cool:
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Што ти е ова со познавањето луѓе бре човече, неможам поентата да ти ја сватам.Све си мислам дека само тролуваш пошто врска ти немаат објаснувањата.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.106
Поени од реакции
9.444
Биди ми и Ти поздравен, а ја „верувам„ дека Ти лично ги знаеш сите автори на текстовите од наведените сајтови, така? :cool:
Што е тоа битно?

Ти Исус го познаваш? Или барем некој од апостолите?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Очигледно е дека не раликуваш духовно од овосветовни вистини.

Велиш, „секој може да дојде до истиот заклучок„? Тешко, оти да беше во право, денес сите ќе ја земеа еволуцијата за своја вера. Верникот-почетник има слаб подвиг, монахот има врвен подвиг и сл. Верникот-почетник има слаб подвиг и дела, монахот живее во врвен подвиг и сл.

Духовните искуства се непосредни и лични, според нивната непосредност, но по својот квалитет се идентични кај различни субјекти. Се зависи кој колку е продуховен. На пример, и најслабиот верник-почетник, има увид во својата огревовеност, за разлика од еден врвен мохан кој е длабоко свесен за својата огревовеност.
Јас многу добро разликувам духовно од световно искуство за разлика од тебе, и во една прилика ти го кажав тоа! Токму поради тоа што ги разликувам, знам дека тие немаат допирни точки, и неможе едното да се негира или потврдува за сметка на другото! Но ти очигледно го правиш токму тоа! Преку световни тврдења се обидуваш да докажеш духовни. На пример на gade му велиш дека тој може да тврди дека го видел и Елвис Присли што немора да значи дека стварно го видел, но од друга страна ти го правиш токму тоа! Што е поразлично твоето тврдење за Исус од нечие за Елвис?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom