F
Frankie Yale
Гостин
Не е вродена, дај да не го кажувам примерот со ескимот. Има луѓе во амазонските шуми не слушнале за овдешните популарни религии. Тебе те научиле на христијанство, исто ко што Абдул или Мустафа го научиле на ислам, да ве сменат после раѓање ти ќе бидеш муслиман а тој христијанин. Нема ништо вродено во тебе што те тера да бидеш христијанин, се зависи до општеството во кое живееш и определеноста на твоите родители.Nihilista ја користи истата логика, преку увид во поновите движења меѓу луѓето, исто како што се работи за поновите движења во науките. Истиријата ни потврдува дека многу религии, особено митологиите од античкиот Свет, денес не постојат, но тоа не значи дека религиозноста, која е вродена човекова особина, ќе исчезне. Јасно е дека религиите доаѓаат и одат, но не исчезнуваат, наспроти пустата марксистичко-ленинистичко-сталинистичко-дарвиновско-атеистичка желба за Свет без религии.
Но во мојот одговор бев јасен: да, религиозноста кај луѓето опаѓа, но не „од денес„, туку уште од ренесансот па наваму, но Црквата Христова, иако ќе биде се помалубројна, нема да исчезне.