Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
F

Frankie Yale

Гостин
Ајде, пак, по трет пат: што Ти лично, знаеш, а што е лично твое, уникатно, неповторливо, непреносливо знаење, кое никој друг го нема?
Aх, можам да почнам да ти филозофирам сега за мои искуства и моите гледишта кон светот и нашето постоење, ама дека никој друг ги нема не сум баш сигурен како прво, како второ џабе пишувам кога одма ќе ги отфрлиш како трето сигурен сум дека ти немаш непреносливо, неповторливо и уникатно знаење кое никој друг го нема туку имаш само илузија дека тоа е така.
Тоа е доблест: да се признае својата ограниченост...
Не е тоа ограниченост, не е тоа неможност да ти одговорам туку реченицата ти е без смисла и цел и навистина не знам што да одговорам на таква глупост.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Се чини дека си попаметен и пописмен од цела богословска академија во Петроград. Аирлија работа!
Богословијата си го вади лебот од догмата. Не очекувај од нив да зборуваат против, нели?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Зошто не се работи првиот ден во седмицата? Христијаните тој ден не го работат во чест на Христовото воскресение, и успеале овој ден, токму овој ден да и наложат на државата да го направи неработен, не само за нив туку и за тие кои веруваат во други богови, а и за новите нови вери, какви што се јеховите сведоци, атеистите и другите.
Прашањето би било следново: Кога не верувате во Христовото воскресение, покренете процес за промена на неработниот ден од недела - ден во кој се слави Христовото воскресение и христијаните по повод тој настан не работат, во некој друг ден, на пример вторник или среда? Имате ли аргументи за такво нешто да потикнете? Или единствениот аргумент ви е во овој виртуелен свет, каде сте МНОООГУ СИЛНИ да омаловажувате, понижувате, потсмејувате секого кој има вера во Господ Бог Исус Христос, а во стварниот живот се криете, и немате храброст на Велигден да отидете во Црквата со разглас во рацете и да проповедате: Луѓе овие попови ве лажат, не постои Бог, Исус Христос имал љубовница и жена, со вас манипулираат за да ви ги соберат парите, да се возат во џипови, а вие овци за стрижење. Не им верувајте. Ајде вие толку храбрите на интернет, бидете храбри и во стварниот живот.
За мене прв ден во неделата е понеделник, а и не познавам некој кој неделата ја посветува на ,,неговиот Господ Бог,,. Обично луѓето неделата ја користат - да поспијат, да прошетаат низ парк, да отидат на викенд негде, да се начукаат, едино децава да напишат домашно, студентиве или да се начукаат или да подучат, да се зачисти куќата (нели у недела не се чисти, епа видиш - Fail)...
Јас апсолутно никого не омаловажувам ниту се потсмевам со некого, секој има право на свое мислење и убедување. Меѓутоа во еден разговор ме нарекоа со едно погрдно име зошто ,,ништо не ми било свето“.
Немам религија и нема да имам, зошто јас верувам во еманципацијата на жената и тоа е мојата религија, овоземна и реална, допирлива и очигледна секојдневно, и нема никогаш да се согласам дека е правилно некој да верува во шовинистичка религија.
Можеш да веруваш во што сакаш, ама не убедувај дека е ,,праведна,, твојата религија или твојот бог. Само затоа што, ако веќе постои бог, тој би ги сакал сите свои деца еднакво, и нема да дава приоритет на едните. А бидејќи бог не постои, целава работа е измислена од некој доволно паметен да замаи некоја маса на луѓе, само поима немал дека ќе остави такви последици до ден денес.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Aх, можам да почнам да ти филозофирам сега за мои искуства и моите гледишта кон светот и нашето постоење,
Тооооо! А бе тоа се вика „оригиналност„ а не ка некои таму!....

--- надополнето ---

ама дека никој друг ги нема не сум баш сигурен како прво, .
Точно! Значи, све си препишал! (ха-ха-ха!)

--- надополнето ---

како второ џабе пишувам кога одма ќе ги отфрлиш

Нема да биде „одма„ ама денес после пладне, сигурно ќе биде...

--- надополнето ---

како трето сигурен сум дека ти немаш непреносливо, неповторливо и уникатно знаење
Не се „замарај„ со мене, јас Тебе Те прашувам...
 

Goebbels

Анархист
Член од
26 март 2011
Мислења
28
Поени од реакции
15
Не верувате во постоењето на Господ ( до душа и јас не сум баш убеден, ама ај.. ), па се прашував во што верувате, што ја пополнува празнината од религијата ?
Исто, што мислите за тоа што "се раѓаме како христијани" ? Мислите ли дека секој треба да избери во што да верува ?
А за тие што ги напаѓаат атеистите, не сме ние судии и предвреме да судиме и навредуваме, живееме во 21 век, демократија, секој има право на свој избор !
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се чини дека си попаметен и пописмен од цела богословска академија во Петроград. Аирлија работа!
Значи членовите на Богословската академија во Петроград тврдат дека постои вродена религиозност. Крунски доказ, после кој и Боговите молчат. Има една анегдота, оди вака. Разговарале двајце религиозни луѓе и едниот му рекол на другиот, Мојот свештеник е многу Свет човек, никогаш ништо нема згрешено. А овој другиот му вели, Од каде знаеш? Па тој ми кажа. А ако те лаже? Па како може да лаже толку Свет човек?

ЗНАЧИ, вистинитиста на едно тврдење се верифицира однадвор, не од внатре. Никој не го заприметува лудилото дури е дел од него.

Едноставно...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не е тоа ограниченост, не е тоа неможност да ти одговорам туку реченицата ти е без смисла и цел и навистина не знам што да одговорам на таква глупост.
Тоа и не беше реченица, туку мој заклучок за твојата изузетна способност, со која (способност) не може да се „носат„ ни богословите од православната академија од Петроград, кога е во прашање твоето јако откритие дека човеците немале вродена религиозност, а кое (откритите) ни го покажуваш преку случајот со твоите (недораснати) внуци, разбираш...

--- надополнето ---

Никој не го заприметува лудилото дури е дел од него.
.
Се согласувам де: некои навистина не се способни да го видат лудилото во себе...
 
F

Frankie Yale

Гостин
Тооооо! А бе тоа се вика „оригиналност„ а не ка некои таму!....

--- надополнето ---



Точно! Значи, све си препишал! (ха-ха-ха!)

--- надополнето ---




Нема да биде „одма„ ама денес после пладне, сигурно ќе биде...

--- надополнето ---



Не се „замарај„ со мене, јас Тебе Те прашувам...
Се чини дека си попаметен и пописмен од цела богословска академија во Петроград. Аирлија работа!
^
Тоа и не беше реченица
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тоа и не беше реченица, туку мој заклучок за твојата изузетна способност, со која (способност) не може да се „носат„ ни богословите од православната академија од Петроград, кога е во прашање твоето јако откритие дека човеците немале вродена религиозност, а кое (откритите) ни го покажуваш преку случајот со твоите (недораснати) внуци, разбираш...

--- надополнето ---



Се согласувам де: некои навистина не се способни да го видат лудилото во себе...
Ти како за Христијанин си поприлично агресивен човек. Наместо да го свртиш другиот образ, очите би ми ги ископал...

цццц....
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не верувате во постоењето на Господ ( до душа и јас не сум баш убеден, ама ај.. ), па се прашував во што верувате, што ја пополнува празнината од религијата ?
А зошто би имале празнина? Чуму потребата во нешто да се верува? Јас барем немам таква потреба.
Исто, што мислите за тоа што "се раѓаме како христијани" ? Мислите ли дека секој треба да избери во што да верува ?
Мислам дека е најголема глупост. А, ако веќе некој верува, зошто би се ограничувал на поднебјето каде е роден или живее? Зошто да нема право на избор?
А за тие што ги напаѓаат атеистите, не сме ние судии и предвреме да судиме и навредуваме, живееме во 21 век, демократија, секој има право на свој избор !
Ноу комент..........
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
One silly question: Во кој пекол ке гориме ние атеистите? Пошто нели ги има повеќе, христијански, муслимански, еврејски, хинду...
 

Goebbels

Анархист
Член од
26 март 2011
Мислења
28
Поени од реакции
15
Што мислите, како би изгледал светот денес без доминантните религии ?
Каков би бил светот да не беше моќната Католичка Црква и целата регресија на науката што ја предизвика токму таа "Света куќа" ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
да се начукаат, едино децава да напишат домашно,
:vozbud: цел у животот и планско корисење на неделата или било кој ден.
да знаат децава дека само у недела се пишува домашно...јаки сфаќања...и у недела само се бањаат

Каков би бил светот да не беше моќната Католичка Црква и целата регресија на науката што ја предизвика токму таа "Света куќа" ?
Ќе "прогресиравме" до степен да уште сега не снема со така доброто познавање и користење на природата -Фукушима, Чернобиљљљ, 3 милес. Ќе имаше војни кои ќе го регресираа човештвото.

Интересно прашање -што би било ако ги немаше балканските, двете светски војни и сталинизмот како еден од системите каде загубите беа рамни на една војна од поголеми размери. Шта би било кад би био мир на овоме свету...кад не би било глупих и људи пуни мржње и грамзивости.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не верувате во постоењето на Господ ( до душа и јас не сум баш убеден, ама ај.. ), па се прашував во што верувате, што ја пополнува празнината од религијата ?
Исто, што мислите за тоа што "се раѓаме како христијани" ? Мислите ли дека секој треба да избери во што да верува ?
А за тие што ги напаѓаат атеистите, не сме ние судии и предвреме да судиме и навредуваме, живееме во 21 век, демократија, секој има право на свој избор !
Точно. Секој има право на избор.

Мислам дека никој не се раѓа како христијанин!

Некој се раѓа во христијанско, некој во муслиманско, некој во кирибати семејство, а некој во атеистичко. Што ќе ти турат у главата додека си сунгер, таков ќе ти биде форматот, све додека не се реформатираш.

--- надополнето ---

Што мислите, како би изгледал светот денес без доминантните религии ?
Каков би бил светот да не беше моќната Католичка Црква и целата регресија на науката што ја предизвика токму таа "Света куќа" ?
ТОП! :)

Сигурно ќе се телепортиравме за викенд до термалните (се разбира man-made) бањи на месечината или на Марс, монетарната економија одамна ќе беше заменета со некој многу поправеден систем за распределба на богатството и ресурсите, а ИГРИ НА СРЕЌА сигурно ќе немаше (пошто Ватикан ги има измислено).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom