Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Nihilista ја користи истата логика, преку увид во поновите движења меѓу луѓето, исто како што се работи за поновите движења во науките. Истиријата ни потврдува дека многу религии, особено митологиите од античкиот Свет, денес не постојат, но тоа не значи дека религиозноста, која е вродена човекова особина, ќе исчезне. Јасно е дека религиите доаѓаат и одат, но не исчезнуваат, наспроти пустата марксистичко-ленинистичко-сталинистичко-дарвиновско-атеистичка желба за Свет без религии.

Но во мојот одговор бев јасен: да, религиозноста кај луѓето опаѓа, но не „од денес„, туку уште од ренесансот па наваму, но Црквата Христова, иако ќе биде се помалубројна, нема да исчезне.
Не е вродена, дај да не го кажувам примерот со ескимот. Има луѓе во амазонските шуми не слушнале за овдешните популарни религии. Тебе те научиле на христијанство, исто ко што Абдул или Мустафа го научиле на ислам, да ве сменат после раѓање ти ќе бидеш муслиман а тој христијанин. Нема ништо вродено во тебе што те тера да бидеш христијанин, се зависи до општеството во кое живееш и определеноста на твоите родители.
 
Се согласувам: тешко е да се биде верник, особено во овие (пред)последни времиња, кога атеизмот зема замав и се наметнува како ѓоамити единствен правилен светоглед. И да: лесно е да се биде атеист, оти едноставно, го тргаш Бога на страна па пошто ќе нема кој да Ти става „сопки„, ќе можеш да живееш во своеглавата прелест дека се Ти е дозволено, а за стореното ќе нема кој и за што да Ти суди, оти нели, смртта ќе „покрие„ све што си правел во животот...

Лесно е друг да ти суди. НАЈТЕЖОК Е ЛИЧНИОТ СУД!

Верниците се лажат дека некој друг ќе им пресуди и со тоа се апсолвираат од одговорност за своите постапки. Атеистот е свесен дека одговоара пред самиот себе! „Себе“ е најстрашниот судија. Ако си ОК човек, нели.

Ако си кретен, само господ може да те уплаши!

Линијата на помал отпор е онаа каде чекаш некој друг да одлучи место тебе, пошто ти е вака полесно.
 
Има луѓе во амазонските шуми не слушнале за овдешните популарни религии. .

Воопшто не е битно дали се индиосите од Амазонија или абориџините во Австралија или пигмеите во Африка: битно е дека и кај нив постои колективна свест и потреба за религиозност, но насочена кон нивните богови-идоли.

--- надополнето ---

Нема ништо вродено во тебе што те тера да бидеш христијанин, се зависи до општеството во кое живееш и определеноста на твоите родители.

Ма неееее, ја коа се родив, се сечам уште, бев саде обична „чиста табла„ па мојата околина почна да пишуе по то таблата шо и текна...
 
Воопшто не е битно дали се индиосите од Амазонија или абориџините во Австралија или пигмеите во Африка: битно е дека и кај нив постои колективна свест и потреба за религиозност, но насочена кон нивните богови-идоли.

--- надополнето ---



Ма неееее, ја коа се родив, се сечам уште, бев саде обична „чиста табла„ па мојата околина почна да пишуе по то таблата шо и текна...

Идејата за вродената потреба за религиозност си помина како боса по трње во 18от и 19от век, аман веќе. Читајте барем малку, ако не читате цели книги, барем најдете ги негде сумирани идеите и размислете малку околу нив. Да веруваш во вродена потреба во религиозност после Хјум и Кант е исто како да се декларираш за неписмен. Сега имам внук и внука од брат, и ги гледам како растат. Ти гарантирам дека не постои никава вродена потреба за религиозност кај нив. За колективната свест, не знам на што точно мислиш. Ако се однесува на потребата да се живее во заедница, верувам дека кај човекот постои некоја темна диспозиција за живот во општество, но тоа нема никаква врска со религиозноста..
 
Воопшто не е битно дали се индиосите од Амазонија или абориџините во Австралија или пигмеите во Африка: битно е дека и кај нив постои колективна свест и потреба за религиозност, но насочена кон нивните богови-идоли.

--- надополнето ---



Ма неееее, ја коа се родив, се сечам уште, бев саде обична „чиста табла„ па мојата околина почна да пишуе по то таблата шо и текна...
1. Природна религиозност или незнаење? Неможејќи да си ги објаснат појавите измислуваат богови, сето тоа исчезнува со зголемување на знаењето, затоа нема природна вродена религиозност.
2. Точно, индоктриниран си.
 
Воопшто не е битно дали се индиосите од Амазонија или абориџините во Австралија или пигмеите во Африка: битно е дека и кај нив постои колективна свест и потреба за религиозност, но насочена кон нивните богови-идоли.

Не постои потреба за религиозност - постои само индоктринација на прост ум. Верник се станува до 14-тата година од животот. Или после голема ментална траума која не може рационално да се отстрани од страна на трауматизираниот.

Ниту еден нормален, рационален, возрасен човек нема од нигде-никаде да почне да верува во Дедо Мраз. Или во Јахве, Зевс или Кришна.

Провери ги статистиките за тоа кога се станува религиозен во животот. Има многу што да се научи.
 
Читајте барем малку,

А бе јес да читам(е), ама не читам(е) исти книги...

--- надополнето ---

и размислете малку околу нив.

Е ајде де! Секогаш кога од форумџиите барам да ми кажат што смислиле, добивам „клипчиња и линкови„ или прост препис од нечие туѓо мислење..

--- надополнето ---

Сега имам внук и внука од брат, и ги гледам како растат. Ти гарантирам дека не постои никава вродена потреба за религиозност кај нив. .


Види сеа, Ти не можеш да си гарантираш ниту дека нема да те удри кола на „пешачки„ а како ли да ми гарантираш нечие вродено неверие...Ај, покриј се.

--- надополнето ---

За колективната свест, не знам на што точно мислиш.

И ја појма неам, само „онака„ си пишувам...

--- надополнето ---

Ако се однесува на потребата да се живее во заедница, верувам дека кај човекот постои некоја темна диспозиција за живот во општество, но тоа нема никаква врска со религиозноста..

Убо, веруј така и понатаму, оти за твоето неверие, никој нема да Те скрши од ќотек.

--- надополнето ---

1. Природна религиозност или незнаење?

А што Ти всушност, знаеш?
 
затоа нема природна вродена религиозност.

Се чини дека си попаметен и пописмен од цела богословска академија во Петроград. Аирлија работа!
 
Мики немој цели реченици да цитираш! Земи буква по буква цитирај, така потешко ќе им биде да ти одговорат!:tapp:
 
Ова не е „знаење„, туку е „негација„. Туку, пак ќе прашам: што Ти лично, знаеш?
Знам многу работи, исто така многу работи и не знам. Што точно те интересира?
Се чини дека си попаметен и пописмен од цела богословска академија во Петроград. Аирлија работа!
Не знам како да одговорам на вакво бладање, навистина.
 
Знам многу работи, исто така многу работи и не знам. Што точно те интересира?

Ајде, пак, по трет пат: што Ти лично, знаеш, а што е лично твое, уникатно, неповторливо, непреносливо знаење, кое никој друг го нема?

--- надополнето ---

Не знам како да одговорам на вакво бладање, навистина.

Тоа е доблест: да се признае својата ограниченост...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom