Прашања до Атеистите II

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Како што кажав, има врска со активноста на мозокот, додека кај животните, како што кажа, има своевидена активност. Дали се разликува мозокот на едно бебе, со мозокот на едно животно (освен визуелно)? Мозокот на еднно бебе е преставен како празна табла која со тек на време треба да се пополнува т.е. испишува со информации додека мозокот кај животните цело време исто функционира т.е. на истиот начин за истите потреби. Факт е дека и тие имаат чуства, но немаат свест т.е. не се свсни за последиците на нивните избрзани активности.
Еве уште подобар пример. Канибалистите, кои живееле во прашумите, по тоа дело, имале ли грижа на совест? Свесни биле дела тоа не е исправно? И затоа сепак мислам дека се работи за степенот на развиеност на човекот, пред се умствено.;)
И уште една работа, јас мислам дека не може да се прави компарација во ниеден сегмент помеѓу мозокот на животните и мозокот на човекот.:)
Зошто не можеме да правиме споредба на мозокот кај животните со оној кај човекот? Која е разликата?

Болдот - бебето има ли свест, или откако празната табла ќе ја пополниш со тек на време ќе здобие свест?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Зошто не можеме да правиме споредба на мозокот кај животните со оној кај човекот? Која е разликата?

Болдот - бебето има ли свест, или откако празната табла ќе ја пополниш со тек на време ќе здобие свест?
Дали бебето е свесно дека ги вознемирува родителите со своето врескање? Дали е свесно дека ги буди од сон, на пример? Или ти како дете (не бебе), свесен си бил дека со твојата палавост си ги нервирал родителите?
Мислам дека го одговорив на твоето прашање во претходниот коментар. Треба човекот да се развие умствено за свеста да стане изразита или видлива. Дали јас има кај бебињата? Не можам да ти кажам со сигурност, затоа што е незабележлива, но мислам дека ја нема.
 
Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
Боди,Боди, ги стави во пат позиција атеистиве.
Ова е едно од клучните прашања на сите типови религии, а ти го постави на атеисти, па затоа и ќе добиваш одговори од типот на: „не се замарам многу многу со ова прашање“.
Спијат на подфорумов религија, а велат дека не се замаараат со свеста кај човекот.:facepalm:
Незнам дали да ги жалам или да се смеам.

И друго не ми е јасно, дали атеистите имаат поим што е тоа религија и вера, или само сакаат да го негираат Дедо Мраз.
Е Дедо Мраз не носи свест за поклон на Нова Година.

А и како ќе дадат одговор кога мнозината од нив немаат поим за тоа што е свест кај човекот.
Овој најголемиот бранител на атеизмот е првиот што не го познава овој поим.

Ева вака ќе го поставам прашањето за да разберат подобро:
Зошто Бог ги наградил само луѓето со можноста да станат свесни суштества?
И едно дете и едно куче се раѓаат без свест.
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Абе се бара прост одговор со да или не....ако знаеш кажи, тоа е?
Еве ти прост одговор, Не.
Не верувам дека постои атеист кој што не е материјалистичко-редукционистички задоен.
Немој ни да веруваш. Штети на твојот „агностицизам“ :pos:

Во контекст на прашањето да те прашам, навидум не е поврзано. Кучето на Ѓурѓа ја има ли природата на буда, и зошто?
 
Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
ako ne e nus produkt na mozocnata aktivnost togas spored tebe sto e svesta?
Доналтчо, те читам и не можам да верувам на моите очи.
Дали е тоа истиот Доналт кој пред извесно време сакаше да го исмејува Гурџи?
Дали е тоа истиот Доналт кој беше на границата мегу атеист и Христијанин?
Дури беше повеќе атеист и сакаше да играш мајтап и со Мики.
Беше во коалиција со атеистите, оддеднаш промена и ја свати глупоста на атеизмот.

Сега почна да зборуваш дека Бог е ЕДЕН, а со самото тоа дека и Вистината е ЕДНА.
Не беа тоа твои зборови.
Дали тоа е знак на тоа што успеа да го составиш мозаикот од сите религии?
Почна да правиш разлика помеѓу институционална религија и религијата како вера.
 
Истиот сум бе Гурџи:P Од глава до пети.

Ја никогаш не сум велел дека сум на граница меѓу Атеизам и Христијанство.

Секогаш сум велел дека сум Христијанин.

И понатаму не се слагам со еден куп работи што ги кажува Мики1:)

И понатаму не се слагам за одредени работи со тебе:) Тесла не ти го заборавам, ни твоите математички екскурзии:D Тоа беа твоите бисери, според мене.

Сега се појави добро прашање за свеста како епифеномен на мозочната активност, и се разви дискусија:) Постави и ти прашања слични на тоа, ќе добиеш и дискусија можеби.
Ете го @Dumbledore си одговара коректно на поставените прашања нели?

Гурџи од секогаш инсистирав на разлика меѓу вистинска религија и денешна институционализирана:) Па тебе ти го објаснував тоа на времето преку постови од етимолошко значење на зборот религија, до одредени работи кои се всушност воено-политичка доктрина;) Прочепкај по постовите пред година и кусур ќе се потсетиш.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
ako ne e nus produkt na mozocnata aktivnost togas spored tebe sto e svesta?
А што е битно што е според мене? Според Петко, Рајко, Митре, може да е се'. Сори, моето мислење ќе си го задржам за себе. Или евентуално ќе разговараме некогаш уз пиво.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
ako ne e nus produkt na mozocnata aktivnost togas spored tebe sto e svesta?
да пробам на кратко да ти ги одговорам зеленото и црното
еве дамблдор вика едно, јас поинаку го поимувам. и животните имаат свест, и тоа може да се види ако споредиш делфин и туна.
сметам дека свеста постои уште од како ќе се родиш, но таа поврзаност со мозокот прави да се полни таа торба. НО, што ако се случи хокинс да дојде до начин да се префрли свеста во компјутер? дали тогаш ваквото прашање ќе падне во вода и ќе се докаже дека верите биле во криво? пошто ако бине, за мене тоа ќе значи.
и како најголем доказ ќе биде ако се префрли свеста на некое бебе пред умирање и после тоа таа свест полека се развива. е тоа би било нокаут.
дали тогаш ќе се откажете сите вие од верата?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
да пробам на кратко да ти ги одговорам зеленото и црното
еве дамблдор вика едно, јас поинаку го поимувам. и животните имаат свест, и тоа може да се види ако споредиш делфин и туна.
сметам дека свеста постои уште од како ќе се родиш, но таа поврзаност со мозокот прави да се полни таа торба. НО, што ако се случи хокинс да дојде до начин да се префрли свеста во компјутер? дали тогаш ваквото прашање ќе падне во вода и ќе се докаже дека верите биле во криво? пошто ако бине, за мене тоа ќе значи.
и како најголем доказ ќе биде ако се префрли свеста на некое бебе пред умирање и после тоа таа свест полека се развива. е тоа би било нокаут.
дали тогаш ќе се откажете сите вие од верата?
Ако свеста постои откако ќе се родиш, по тебе како се нашла у бебето? Наследена ли е? Има ли начин како се полни таа "торба"?

Хокинг нема појма од префрлање свест н акомпјутер:) Тој е пред се физичар.

Може да се во криво само институционализираните религии. А за таков доказ не мора да чекаш да се префрли свеста на силиконски чип. Јасно е ко бел ден и сеа.

Верата е нешто сосема друго.

Дали според тебе постојат нивоа на свест? Или ти си еднакво свесен со рандом абориџин?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom