Колку е законскиот рок за Апелациниот суд да одговори на граѓанска жалба?
Член 355-а од Закон за парнична постапка
Второстепениот суд донесува одлука по жалба најдоцна во рок од три месеци, а во
посложените предмети во рок од шест месеци од денот на приемот на предметот во
работа.[DOUBLEPOST=1416744843][/DOUBLEPOST]
Вака,ме интересира колку време треба да помине за да се избрише некоја кривична пријава ? една или две години ?
Јас имам за нарушување на јавен ред и мир и спречување службено лице во вршење дејност,точно 1 година има поминато...тогаш бев малолетник па пројдов со некои благи мерки и условно 2 или 3 години не се сеќавам,е сега наредна година сакам да конкурирам за полицаец(ако има воопшто,да се надеваме) па ме интересира дали ако биде пример во декември,а бараат да не си осудуван,ќе нема да ме примат и дали воопшто ќе биде проблем таа пресуда ?
Ти си осуден и уште ти трае условната осуда. Што значи дека прво треба да помине тој период, па да измине една година од поминување на тој период.
Член 66 Од Закон за малолетничка правда (овој закон важи ако те осудиле пред 6.11.2013)
1) Податоците за изречените дисциплински мерки, мерките на засилен надзор и прекршочни санкции се бришат од евиденцијата кога ќе помине една година од нивното извршување, ако малолетникот или помладото полнолетно лице во тој рок не стори ново кривично дело или прекршок.
2)
Податоците за условна осуда со заштитен надзор се бришат од евиденцијата по една година од истекот на времето за проверување, ако малолетникот или помладото полнолетно лице во тој рок не стори ново кривично дело.
3) Податоците за изречените заводски мерки, парична казна и алтернативни мерки се бришат од евиденцијата кога ќе поминат две години од нивното извршување, ако малолетникот или помладото полнолетно лице во тој рок не стори ново кривично дело или прекршок.