НА ДОКТОР ВО БИТОЛА - СО МАГАРЕ!
Ако случајно имате некој здравствен проблем или можеби треба на некому друг да помогнете и треба да одите во Клиничката Болница во Битола немојте ни случајно да одите со сопствено возило и истото да го паркирате пред влезот на Болницата на паркинг. Од неодамна, како што и самиот се уверив денеска, истиот е ОКУПИРАН од фирмата ГРАДСКИ ПАРКИНЗИ и таму се наплатува!
Јас доцна разбрав за ОКУПАЦИЈАТА. Денеска, како и многупати пред тоа колата ја паркирав во 7,30 и побрзав да стасам на закажаниот термин. По речиси 3 саати малтретирање од шалтер на шалтер, од соба до соба, кога стасав кај колата и тргнав за на кај дома, на стаклото забележав уплатница пополнета на 1000 денари. Веднаш ми текна. Во денешно време никој не дели награди. Си реков ова е некоја казна. Така и бидна.
Од ГРАДСКИ ПАРКИНЗИ, без оглед на тоа што луѓето не се доволно информирани за промените со ОКУПАЦИЈАТА, без предупредување, без опомена ми залепиле КАЗНА. Се обидов да им објаснам, да им кажам дека не знаев за промените, дека првпат слушам. И дека согласно утврдениот ценовник ќе си платам. Но не наидов на разбирање. Не помогна ни моето подоцнежно убедување со вработената во дирекцијата, во центарот на Битола. Напротив, од нејзина страна на еден безобразен и мизерен начин ми беше предочено дека ако не платам на добар начин тие ќе ми наплателе со ИЗВРШИТЕЛ.
Си реков: ЕБАТИ ПРОМЕНИТЕ!
Вакво нмасилие немало ни во турско време а верувам дека ниту фирерот Адолф Хитлер не би постапувал како овие од ГРАДСКИ ПАРКИНЗИ. Ова е флагрантен доказ за лакомоста на сопственикот на оваа фирма и секако дека СИТИОТ НА ГЛАДНИОТ НЕ МУ ВЕРУВА.
Затоа, драги мои, Ви препорачувам: Ако недајбоже ве фати маката или на некој друг треба да му помогнете, во Битолската Клиничка Болница одете или пешки или со магаре. За пеш одење сеуште не се наплаќа, а ако пак одите со магаре, во кругот на Болницата има доволно трева за да истото го напасите.
Ама со овие ФАШИСТИ, да си немате работа. Оти тие милуваат да тепаат а не ви даваат ни ОФ да кажете.