- Член од
- 18 октомври 2010
- Мислења
- 1.824
- Поени од реакции
- 6.093
^ Ај вака сеа, ќе пробам да ти одговорам, колку што сум упатена.
Прво за долгот дека е од баба ти и дедо ти. Точно е дека не можат од вас да ги бараат парите, ама по спроведување на оставинска постапка, тој што ќе биде наследник тој ќе мора да плати. (а ако го наследувате станот, логично е да ги наследите и долговите).
Во врска со статијата од Шпиц. Јас колку што сум запознаена, штом еден предмет се даде на извршување, тој веќе не застарува. Значи рокот за апсолутна застареност од 10 години согласно ЗОО се однесува на парично побарување, и тоа доколку за истото во тој период нема судска одлука и не е дадено за извршување. Е сега, порано извршувањето одеше преку судски извршители т.е. преку суд, и тогаш според стариот закон за извршна постапка се викаше предлог за извршување, ама фактот дека е дадено на извршување уште во моментот по правосилноста на одлуката, си останува дека побарувањето не е застарено (пак ќе кажам според мене зошто не сум 100% сигурна). Плус тоа, годинава ќе се префрлаат сите предмети од судските на приватните извршители, така да можно е и тој предмет да биде префлен.
Значи како одговор на твоето прашање, точно е дека сметки не по 10, туку по 1 односно 2 години застаруваат, ама доколку доверителот не превземе никакво дејствие за тој долг, а во случајов штом постои предлог за извршување, значи постои и извршна судска одлука, што значи тука неможеш да се повикуваш на застареност.