Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Им треба правник кој се занимава со трговско право. Совет или препорака. Ми треба еден посложен финансиски договор да ми склопи. Поз и фала.
 
Ми треба совет од правник по семејно право?
 
Им треба правник кој се занимава со трговско право. Совет или препорака. Ми треба еден посложен финансиски договор да ми склопи. Поз и фала.
Здраво,
слободно контактирај ме ако треба помош сеуште:
 
Здраво.
Вака значи јас сум во семејство требале да ме посвојат но татко ми почина (не биолошки) и се одзема правото за посвојување дали е возможно сега или па само да променам презиме ама како ќе пишува дека нивното презиме го носам кога нема да пишува мајчино име...Обично менуваат доколку се зимаат. А веќе цели 20години живеам тука.
 
Шо е со фирмиве не знам. Со денови договараме услови за работа, се уходувам од дома. Се шо прашав е дали се ова шо зборевме ќе стои у договор.

Платата стои ко шо договоривме, договор на дело ко шо договоривме и ми праќа договор со датум од април месец со нешто што не сум го договорил ниту е предвидено. Ја нема како да знам дека истото не го потпишала со уште двајца други. За тој хонорар ту гуд ту би тру ми изгледсше. Јули е за два дена, еве нема да ми исплати после месец дена ја немам доказ дека сум праел било што од наведеното.
 
Здраво, ако може некој да предложи адвокат за малтретирање на работно место? Се работи за вербално малтретирање од страна на муштерија према вработен за нешто што не е негова одговорност нити вина. И дали мислите дека има некаква шанса нешто да се добие или ќе си го губам времето?
 
Здраво.
Вака значи јас сум во семејство требале да ме посвојат но татко ми почина (не биолошки) и се одзема правото за посвојување дали е возможно сега или па само да променам презиме ама како ќе пишува дека нивното презиме го носам кога нема да пишува мајчино име...Обично менуваат доколку се зимаат. А веќе цели 20години живеам тука.
Ти си веке полнолетна и неможе да бидеш посвоена. Ако нешто ти значи, името и презимето можеш да ги променеш секогаш и тоа е едноставна работа, но ќе имаш компликации во смисла дека ке треба да вадиш нова лична карта, нов пасош, нова возачка, здравствена книшка, се ново.... па кога ке носиш некаде некој документ со старото презиме (пример свидетелство, диплома...) ке мора да приложуиваш доказ дека имаш промена на презимето, како што на оние кои стапиле во брак и го промениле презимето им бараат како доказ венчаница... Освен ако од емотивни причини сакаш да си го промениш презимето, јас не гледам друга причина односно придобивка од промена на презимето, со промена на презимето не добиваш никакви наследни или други права. Ако ти е намерата да се обезбедиш како наследник други се начините, па пиши ми.
 
dali moze da se proveri, pobara informacija od izvrsitel, dali nekoj e daden na izvrsuvanje, poradi neisplaten dolg od dogovor za zalozno pravo?
 
Коментаров не е за тука, но неможам да најдам соодветна тема. Некој запознаен да ме контактира или да ми објасни тука.. која е подобра опција, потрошувачки кредит или кредитна картичка со дозволен лимит (конкретно Смарт картичка од комерцијална банка)? Потребни ми се средства за исплата на рата за стан, а остатокот за уредување на истиот.
 
Почнав да барам станови некаде во Скопје за да си рентам. Како е постапката за плаќање на сметки? Дали морам да си го сменам живеалиштето за да ми стига сметки на мое име? Дали морам и да вадам лична карта па и пасош кога ќе бидам во нов стан под ќирија.
 
Se zavisi kako sakas da teras. Dali se po PS, ili kako sto e najprakticno I voobicaeno...

Po zakon, treba da potpises dogovor I so toa ke mozes da smenis zivealiste, lk, pasos,smetki na tvoe ime... So ova, patem, racunaj deka ke imas povisoka kirija, posto ke treba da se plati I danok... I, zosto, pobogu, se ova bi pravel? Sto ako, od "x" pricini resis da go smenis stanot, povtorno ke pravis se odnovo?

Voobicaeno, (I bi rekol najprakticno) nisto ne se pravi. Ili se potpisuva nekoj proforma dogovor... Eventualno nekoj zapisnik so sostojba na stan, oprema, strujomer... Ostavas 1-2 kirii deposit kako garancija, si gi plakas smetkite (bez razlika sto ne se na tvoe ime) I tolku...
 
Здраво,
Потребен ми е совет за бесправно изграден објект.

Вака значи, се работи за бесправено изграден објект-вила од дедо ми во планинско место
која постои 20+ години и со моменталните движења оваа парцела добива други сопственици.
Во моментов сме во ситуација или да ја срушиме или да го одкупиме земјиштето од овие сопственици по нереална сума.
Објектот моментално е изграден на КП 500/1 (оваа е фиктивна парцела само за полесно да го објаснам движењето)

Историски преглед на запишувањата за КП со бр. 500/1 се некако вака

Во 2009 година, КП. бр 500 со површина од 2000м2 година се запишува во пописен лист со незапишани права.
Во 2013 врз основа на решение О.бр xx/xx од 2008 година се запишува КП бр 500/1 со површина од 800м2 во пописен лист со незапишани права. (Претпоставувам дека во овој момент соседната парцела КП.бр 500/2 добива сопственик)
Во 2020 врз основа на на пријава за запишување У.бр xx/xx од Државно правобранителство КП бр 500/1 се запишува со сопственост на Република Макдеонија.
На 05.2022 поради решение од о.постапка сo бр xx/xx од 2008 парцелата добива шест различни сопственици. Еден од овие сопственци е сопственикот на соседната парцела т.е на КП бр. 500/2.

Од овие шест сопственици ниту еден не е дедо ми т.е реален власник на бесправниот објект.

Во 2017 година направен е геодетски елаборат и започната е постапка за легализација на објектот но поради последното движење на земјиштето од пред неколку дена оваа постапка е стопирана.
Објектот реално постои повеќе од 20+ години но пишани документи како сметки кои гласат на дедо ми има од 2004 години. Во меѓувреме изминативе години никој немал проблем со овој објект се до овој момент.
Ве молам за совет дали да се тргне по судски патишта или да се одкупи дел што овие новиве сопственици ни го продаваат
 
Купете не се судете, поскапо ќе ве фати судењето отколку да го купите земјиштето.
 
Дали некој може да ми посочи што дополнително може да се направи освен пријавување во полиција за гласна музика и галама во работни денови после 00:00 (или 23:00 како и да е точно законот) и за викенд после 01:00 (ако не се лажам)?

Пријавувам неколку пати ама или полицијата не си ја брка работата или газдата на објектот глуми шериф па малтретира цело маало.
 
Пријавуваш во полиција. Запишувај датум и време. Ако не постапуваат после неколку пријави, пријавуваш во ЕПС (Внатрешна контрола по старо). Тие се во бараките пред првата рампа на МВР, доколку сакаш да пријавиш лично. Должни се да те сослушаат, ќе им ги дадеш датумите и, должни се да те известат што презеле
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom