- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.788
- Поени од реакции
- 5.063
Им треба правник кој се занимава со трговско право. Совет или препорака. Ми треба еден посложен финансиски договор да ми склопи. Поз и фала.
Здраво,Им треба правник кој се занимава со трговско право. Совет или препорака. Ми треба еден посложен финансиски договор да ми склопи. Поз и фала.
Ти си веке полнолетна и неможе да бидеш посвоена. Ако нешто ти значи, името и презимето можеш да ги променеш секогаш и тоа е едноставна работа, но ќе имаш компликации во смисла дека ке треба да вадиш нова лична карта, нов пасош, нова возачка, здравствена книшка, се ново.... па кога ке носиш некаде некој документ со старото презиме (пример свидетелство, диплома...) ке мора да приложуиваш доказ дека имаш промена на презимето, како што на оние кои стапиле во брак и го промениле презимето им бараат како доказ венчаница... Освен ако од емотивни причини сакаш да си го промениш презимето, јас не гледам друга причина односно придобивка од промена на презимето, со промена на презимето не добиваш никакви наследни или други права. Ако ти е намерата да се обезбедиш како наследник други се начините, па пиши ми.Здраво.
Вака значи јас сум во семејство требале да ме посвојат но татко ми почина (не биолошки) и се одзема правото за посвојување дали е возможно сега или па само да променам презиме ама како ќе пишува дека нивното презиме го носам кога нема да пишува мајчино име...Обично менуваат доколку се зимаат. А веќе цели 20години живеам тука.
Купете не се судете, поскапо ќе ве фати судењето отколку да го купите земјиштето.Здраво,
Потребен ми е совет за бесправно изграден објект.
Вака значи, се работи за бесправено изграден објект-вила од дедо ми во планинско место
која постои 20+ години и со моменталните движења оваа парцела добива други сопственици.
Во моментов сме во ситуација или да ја срушиме или да го одкупиме земјиштето од овие сопственици по нереална сума.
Објектот моментално е изграден на КП 500/1 (оваа е фиктивна парцела само за полесно да го објаснам движењето)
Историски преглед на запишувањата за КП со бр. 500/1 се некако вака
Во 2009 година, КП. бр 500 со површина од 2000м2 година се запишува во пописен лист со незапишани права.
Во 2013 врз основа на решение О.бр xx/xx од 2008 година се запишува КП бр 500/1 со површина од 800м2 во пописен лист со незапишани права. (Претпоставувам дека во овој момент соседната парцела КП.бр 500/2 добива сопственик)
Во 2020 врз основа на на пријава за запишување У.бр xx/xx од Државно правобранителство КП бр 500/1 се запишува со сопственост на Република Макдеонија.
На 05.2022 поради решение од о.постапка сo бр xx/xx од 2008 парцелата добива шест различни сопственици. Еден од овие сопственци е сопственикот на соседната парцела т.е на КП бр. 500/2.
Од овие шест сопственици ниту еден не е дедо ми т.е реален власник на бесправниот објект.
Во 2017 година направен е геодетски елаборат и започната е постапка за легализација на објектот но поради последното движење на земјиштето од пред неколку дена оваа постапка е стопирана.
Објектот реално постои повеќе од 20+ години но пишани документи како сметки кои гласат на дедо ми има од 2004 години. Во меѓувреме изминативе години никој немал проблем со овој објект се до овој момент.
Ве молам за совет дали да се тргне по судски патишта или да се одкупи дел што овие новиве сопственици ни го продаваат
Пријавуваш во полиција. Запишувај датум и време. Ако не постапуваат после неколку пријави, пријавуваш во ЕПС (Внатрешна контрола по старо). Тие се во бараките пред првата рампа на МВР, доколку сакаш да пријавиш лично. Должни се да те сослушаат, ќе им ги дадеш датумите и, должни се да те известат што презелеДали некој може да ми посочи што дополнително може да се направи освен пријавување во полиција за гласна музика и галама во работни денови после 00:00 (или 23:00 како и да е точно законот) и за викенд после 01:00 (ако не се лажам)?
Пријавувам неколку пати ама или полицијата не си ја брка работата или газдата на објектот глуми шериф па малтретира цело маало.