Правна помош и совети

G

Gjoksi

Гостин
Не знаев каде да прашам, ајде да видам овде.

Не сум во тек со мерките и ограничувањата во врска со кризава, ме интересира дали уште важи ограничувањето максимален број лица до 50% од капацитетот на возилото?

Пример, шофер + 2 лица во регуларна кола со 1+4 седишта.
Другарче, до сега НЕМАЛО такво ограничување за приватните возила - сопствени автомобили. Такво ограничување не сретнав никаде дури ни за такси превозниците.
Тие ограничувања се однесуваат единствено за меѓународниот и меѓуградскиот превоз со автобуси. За ова погледни во „Сл. весник на РСМ“ бр. 175/2020.
Инаку, ако во еден автомобил се возат членови на исто семејство, тогаш не е задолжително носење на маски во автомобилот. Обратно, ако не се од исто семејство, тогаш носењето маски за сите патници во автомобилот е задолжително. За ова погледни во „Сл. весник на РСМ“ бр. 107/2020.
Поздрав.
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
353
Поени од реакции
351
Живеам во стан и имам проблем со комшиите точно над мене.
Малку историја:
Станот го купија пред две години, и го реновираа.
Имаме мало дете кое тогаш имаше една и пол година.
Додека траеше реновирањето работеа со секакви машини (најчесто бормашина) при што детето панично се плашеше, а доколку спиеше се будеше со страв и плачење. Неколку пати ги замоливме и сопствениците и мајсторите да ни кажуваат пред да почнат со таква работа за да може да го однесеме на друго место (кај баба/дедо, кај пријатели, надвор на шетање) за да не се плаши, но ниеднаш не го направија тоа, а работеа дури и во недела. Но не сакав да се расправам со некој што очигледно нема обзир за други, а реновирањето има крај, па оставив така.

Прв проблем: Кога дојде зимата, ставија клима уреди на двете страни на зградата, како што се поставени собите. Проблемот со тие клима уреди е тоа што бучат цело време, а понекогаш имаат и посилен звук. И ние имаме клима уред во едната соба, а и скоро сите станови низ населбава имаат, но прошетав наоколу во среде зима, ниеден клима уред не звучи или е гласен како нивниот. До толку што јас имам проблем со заспивање во спалната соба. Дали не чинат уредите или при монтажата имаат допрено арматура, па резонира, не знам. Во разговор на разминување по скали им спомнав за тоа, признаа дека и нив нешто не им звучи добро, но не презедоа ништо.

Втор проблем: Од пред две недели зедоа куче што трча низ цел стан цела вечер до 2:00am. Претпоставувам дека немаат тепих и затоа се слуша толку многу, но е многу иритантно. Не сум против миленици, и јас чувам мачка во станов, но да ти трча некој над глава цела вечер е неподносливо.

Во 16 години колку што живеам во станов, над мене живееле многу различни станари (најчесто студенти, но и семејства) бидејќи станот се издаваше долго време. Ова е прв пат да реагирам кај некој сосед заради бучава.

Прочитав неколку закони, единствено во "Закон за заштита од бучава во животната средина" има за вакви проблеми, но тоа претежно е доколку надминуваат одреден праг на гласност (dB).
Кога го забележав проблемот со клима уредите исто така читав закони, и се сеќавам дека во некој прочитав дека бучава може да се смета за штетна и доколку е долготрајна и константна, иако не надминува праг на гласност (dB), но не знам во кој закон беше.

Некој да сподели мислење или во кој закон го пишуваше тоа?
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2009
Мислења
353
Поени од реакции
351
П.С.
Во становите околу нивниот живеат пензионери (над 70-75 години) кои ионака слабо слушаат, еден стан е канцеларија и работи само преку ден, и има два празни стана, па за жал не очекувам помош или реакција од другите соседи.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Живеам во стан и имам проблем со комшиите точно над мене.
Малку историја:
Станот го купија пред две години, и го реновираа.
Имаме мало дете кое тогаш имаше една и пол година.
Додека траеше реновирањето работеа со секакви машини (најчесто бормашина) при што детето панично се плашеше, а доколку спиеше се будеше со страв и плачење. Неколку пати ги замоливме и сопствениците и мајсторите да ни кажуваат пред да почнат со таква работа за да може да го однесеме на друго место (кај баба/дедо, кај пријатели, надвор на шетање) за да не се плаши, но ниеднаш не го направија тоа, а работеа дури и во недела. Но не сакав да се расправам со некој што очигледно нема обзир за други, а реновирањето има крај, па оставив така.

Прв проблем: Кога дојде зимата, ставија клима уреди на двете страни на зградата, како што се поставени собите. Проблемот со тие клима уреди е тоа што бучат цело време, а понекогаш имаат и посилен звук. И ние имаме клима уред во едната соба, а и скоро сите станови низ населбава имаат, но прошетав наоколу во среде зима, ниеден клима уред не звучи или е гласен како нивниот. До толку што јас имам проблем со заспивање во спалната соба. Дали не чинат уредите или при монтажата имаат допрено арматура, па резонира, не знам. Во разговор на разминување по скали им спомнав за тоа, признаа дека и нив нешто не им звучи добро, но не презедоа ништо.

Втор проблем: Од пред две недели зедоа куче што трча низ цел стан цела вечер до 2:00am. Претпоставувам дека немаат тепих и затоа се слуша толку многу, но е многу иритантно. Не сум против миленици, и јас чувам мачка во станов, но да ти трча некој над глава цела вечер е неподносливо.

Во 16 години колку што живеам во станов, над мене живееле многу различни станари (најчесто студенти, но и семејства) бидејќи станот се издаваше долго време. Ова е прв пат да реагирам кај некој сосед заради бучава.

Прочитав неколку закони, единствено во "Закон за заштита од бучава во животната средина" има за вакви проблеми, но тоа претежно е доколку надминуваат одреден праг на гласност (dB).
Кога го забележав проблемот со клима уредите исто така читав закони, и се сеќавам дека во некој прочитав дека бучава може да се смета за штетна и доколку е долготрајна и константна, иако не надминува праг на гласност (dB), но не знам во кој закон беше.

Некој да сподели мислење или во кој закон го пишуваше тоа?
Пробај да се разбереш човечки замоли го да го реши проблемот и објасниму дека е неподносливо тоа со клима уредите, доколку нема разбирање испраати му една опомена пред тужба и ако тогаш нема разбирање фати си адвокат и спреми се да имаш трошоци финансиски аа ваљда и ке имаш стресови бидејќи постапките се скапи и долги, треба да плаќаш вештаци, адвокати, судски таски...плус на сето тоа ке си скаран со први комшии што не е баш најпријатна работа.

Кога слушам овакви муабети ми е одмилено да живеам во стан и имам среќа што сум во куќа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
Не само бучава туку и вибрациите се лоши, штетни и пречат, а се пренесуваат низ плоча и столбови. Пробав со Sound Meter на мобилниот, беше многу под граница, а звукот и вибрациите пречеа.
За Правилник за гранични вредности на бучава види овде
за станбен простор мислам дека е 45-55 децибели.

За подрачја на степени на заштита и мерни места види овде

И мене ме интересира што може да се преземе во врска со ова, дали некој успеал воопшто оти како што читам дури и без дозвола за работа, на диво, дуќани и работилници со висока бучава си работат без проблем.
 
Последно уредено:
G

Gjoksi

Гостин
Живеам во стан и имам проблем со комшиите точно над мене.
Малку историја:
Станот го купија пред две години, и го реновираа.
Имаме мало дете кое тогаш имаше една и пол година.
Додека траеше реновирањето работеа со секакви машини (најчесто бормашина) при што детето панично се плашеше, а доколку спиеше се будеше со страв и плачење. Неколку пати ги замоливме и сопствениците и мајсторите да ни кажуваат пред да почнат со таква работа за да може да го однесеме на друго место (кај баба/дедо, кај пријатели, надвор на шетање) за да не се плаши, но ниеднаш не го направија тоа, а работеа дури и во недела. Но не сакав да се расправам со некој што очигледно нема обзир за други, а реновирањето има крај, па оставив така.

Прв проблем: Кога дојде зимата, ставија клима уреди на двете страни на зградата, како што се поставени собите. Проблемот со тие клима уреди е тоа што бучат цело време, а понекогаш имаат и посилен звук. И ние имаме клима уред во едната соба, а и скоро сите станови низ населбава имаат, но прошетав наоколу во среде зима, ниеден клима уред не звучи или е гласен како нивниот. До толку што јас имам проблем со заспивање во спалната соба. Дали не чинат уредите или при монтажата имаат допрено арматура, па резонира, не знам. Во разговор на разминување по скали им спомнав за тоа, признаа дека и нив нешто не им звучи добро, но не презедоа ништо.

Втор проблем: Од пред две недели зедоа куче што трча низ цел стан цела вечер до 2:00am. Претпоставувам дека немаат тепих и затоа се слуша толку многу, но е многу иритантно. Не сум против миленици, и јас чувам мачка во станов, но да ти трча некој над глава цела вечер е неподносливо.

Во 16 години колку што живеам во станов, над мене живееле многу различни станари (најчесто студенти, но и семејства) бидејќи станот се издаваше долго време. Ова е прв пат да реагирам кај некој сосед заради бучава.

Прочитав неколку закони, единствено во "Закон за заштита од бучава во животната средина" има за вакви проблеми, но тоа претежно е доколку надминуваат одреден праг на гласност (dB).
Кога го забележав проблемот со клима уредите исто така читав закони, и се сеќавам дека во некој прочитав дека бучава може да се смета за штетна и доколку е долготрајна и константна, иако не надминува праг на гласност (dB), но не знам во кој закон беше.

Некој да сподели мислење или во кој закон го пишуваше тоа?
И нас не интересираше за бучава и вибрации, но решение досега не видов. Затоа што не само бучава туку и вибрациите се лоши, штетни и пречат, а се пренесуваат низ плоча и столбови.
За Правилник за гранични вредности на бучава види овде
за станбен простор мислам дека е 45-55 децибели.

За подрачја на степени на заштита и мерни места види овде

И мене ме интересира што може да се преземе во врска со ова (за закани башка), дали некој успеал воопшто оти како што читам дури и без дозвола за работа, на диво, дуќани и работилници со висока бучава си работат без проблем.
Често поставувано прашање. Еве го одговорот:

Ограничувањето на бучавата која е предизвикана од сосед, било да е таа предизвикана од соседна куќа или соседен стан, било да е таа предизвикана од клима уред или куче, е предвидено во чл. 11 и чл. 17 од Законот за сопственост и други стварни права.
Меѓутоа, точна законска дефиниција на максимално дозволеното ниво на бучава предизвикана од соседот нема.
Бучавата, исто како и другите дејствија на соседот, треба да е вообичаена со оглед на природата и намената на недвижноста и на месните прилики, или со неа да не се причинува позначителна штета (ова е законската дефиниција), а ова ќе мора да се утврди со вештачење, и истото е различно од случај до случај.
Истото ова важи и за потресот (вибрациите) предизвикани од соседот.
Како и' да е, соседот мора да ги отстрани причините кои доведуваат до бучава и/или потрес (вибрации).
Сепак, најдобро е најпрво да се консултираш со адвокат при што ќе му го кажиш ова што го напиша овде, потоа тој да поднеси Опомена пред тужба (или како и' да го именува поднесокот) до твојот сосед, а ако и понатаму бучавата продолжува, тогаш до Судот адвокатот да поднеси Тужба поради вознемирување на сопственоста.

Во врска пак со бучавата од ресторани, фабрики, градилишта, дуќани, работилници и др., согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, надлежен орган за контрола на бучавата е Инспекторатот за животна средина, односно Државниот пазарен инспекторат. Во овој случај, за разлика од првиот случај, како поединец не можиш да бараш судска заштита, туку единствено да го пријавиш оној што предизвикува бучава во споменатите инспекторати.

Поздрав.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.756
Другарче, до сега НЕМАЛО такво ограничување за приватните возила - сопствени автомобили. Такво ограничување не сретнав никаде дури ни за такси превозниците.
Тие ограничувања се однесуваат единствено за меѓународниот и меѓуградскиот превоз со автобуси. За ова погледни во „Сл. весник на РСМ“ бр. 175/2020.
Инаку, ако во еден автомобил се возат членови на исто семејство, тогаш не е задолжително носење на маски во автомобилот. Обратно, ако не се од исто семејство, тогаш носењето маски за сите патници во автомобилот е задолжително. За ова погледни во „Сл. весник на РСМ“ бр. 107/2020.
Поздрав.
02.06.2020

Еве на што мислев, имало ограничување донесено на 02.06.2020 за меѓуградски превоз.
Мислев дека истото се однесува и на приватни автомобили, ама мене ме интересира за такси превозот конкретно, дали важи оваа уредба?

Нејасно ми е напишано, освен ако се мисли на фирмите што си возат сами за себе.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Во врска пак со бучавата од ресторани, фабрики, градилишта, дуќани, работилници и др., согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, надлежен орган за контрола на бучавата е Инспекторатот за животна средина, односно Државниот пазарен инспекторат. Во овој случај, за разлика од првиот случај, како поединец не можиш да бараш судска заштита, туку единствено да го пријавиш оној што предизвикува бучава во споменатите инспекторати.
Не само бучава туку и вибрациите се лоши, штетни и пречат, а се пренесуваат низ плоча и столбови. Пробав со Sound Meter на мобилниот, беше многу под граница, а звукот и вибрациите пречеа.
За Правилник за гранични вредности на бучава види овде
за станбен простор мислам дека е 45-55 децибели.

За подрачја на степени на заштита и мерни места види овде

И мене ме интересира што може да се преземе во врска со ова, дали некој успеал воопшто оти како што читам дури и без дозвола за работа, на диво, дуќани и работилници со висока бучава си работат без проблем.
Живеам во стан и имам проблем со комшиите точно над мене.
Малку историја:
Станот го купија пред две години, и го реновираа.
Имаме мало дете кое тогаш имаше една и пол година.
Додека траеше реновирањето работеа со секакви машини (најчесто бормашина) при што детето панично се плашеше, а доколку спиеше се будеше со страв и плачење. Неколку пати ги замоливме и сопствениците и мајсторите да ни кажуваат пред да почнат со таква работа за да може да го однесеме на друго место (кај баба/дедо, кај пријатели, надвор на шетање) за да не се плаши, но ниеднаш не го направија тоа, а работеа дури и во недела. Но не сакав да се расправам со некој што очигледно нема обзир за други, а реновирањето има крај, па оставив така.

Прв проблем: Кога дојде зимата, ставија клима уреди на двете страни на зградата, како што се поставени собите. Проблемот со тие клима уреди е тоа што бучат цело време, а понекогаш имаат и посилен звук. И ние имаме клима уред во едната соба, а и скоро сите станови низ населбава имаат, но прошетав наоколу во среде зима, ниеден клима уред не звучи или е гласен како нивниот. До толку што јас имам проблем со заспивање во спалната соба. Дали не чинат уредите или при монтажата имаат допрено арматура, па резонира, не знам. Во разговор на разминување по скали им спомнав за тоа, признаа дека и нив нешто не им звучи добро, но не презедоа ништо.

Втор проблем: Од пред две недели зедоа куче што трча низ цел стан цела вечер до 2:00am. Претпоставувам дека немаат тепих и затоа се слуша толку многу, но е многу иритантно. Не сум против миленици, и јас чувам мачка во станов, но да ти трча некој над глава цела вечер е неподносливо.

Во 16 години колку што живеам во станов, над мене живееле многу различни станари (најчесто студенти, но и семејства) бидејќи станот се издаваше долго време. Ова е прв пат да реагирам кај некој сосед заради бучава.

Прочитав неколку закони, единствено во "Закон за заштита од бучава во животната средина" има за вакви проблеми, но тоа претежно е доколку надминуваат одреден праг на гласност (dB).
Кога го забележав проблемот со клима уредите исто така читав закони, и се сеќавам дека во некој прочитав дека бучава може да се смета за штетна и доколку е долготрајна и константна, иако не надминува праг на гласност (dB), но не знам во кој закон беше.

Некој да сподели мислење или во кој закон го пишуваше тоа?
За бучавата можете да пријавите и во полиција, зошто тоа е регулирано и во Законот за јавен ред и мир, односно забранета е бучава во периодите од 15:00-18:00 и од 23:00 до 06:00
 
G

Gjoksi

Гостин
02.06.2020

Еве на што мислев, имало ограничување донесено на 02.06.2020 за меѓуградски превоз.
Мислев дека истото се однесува и на приватни автомобили, ама мене ме интересира за такси превозот конкретно, дали важи оваа уредба?

Нејасно ми е напишано, освен ако се мисли на фирмите што си возат сами за себе.
Значи, прашањето ти се однесува за такси превозот.
Малку ги помешале работите кога ги носеле уредбата и одлуките.
Во „Сл. весник на РСМ“ бр. 175/2020 од 1 јули 2020 год. е објавен Протокол за вршење на меѓуградски превоз.
Истиот е изменет на 12.08.2020 год., и наместо 50% патници од вкупниот капацитет, дозволено е да се превезуваат 75% патници од вкупниот капацитет.
Кога убаво ја прочитав содржината излева дека тој Протокол се однесува единствено на автобускиот превоз, иако е нелогично, бидејќи такси превозниците не вршат само градски превоз, туку тие вршат и меѓуградски превоз.
Понатаму, во чл. 3-а од Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба е наведено: „При вршење јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50% патници од вкупниот број на седишта, несметајќи го седиштето на возачот.“. Истата е објавена во „Сл. весник на РСМ“ бр. 103/2020 од 16.04.2020 год.
Уредбата од 02.06.2020 год. е дополнение на Уредбата од 16.04.2020 год.
Малку има контракдикторности и нејаснотии меѓу Протоколот и Уредбата, ама тоа е кога сме неподготвени и набрзина се носат Уредби, Протоколи и сл.
Конечно, ако претпоставиме дека Уредбата се однесува за такси превозниците, тогаш веќе нема никакви ограничувања за бројот на патници, бидејќи од самиот нејзин текст произлегува дека истата има важност единствено додека трае вонредната состојба, а таа заврши на 22.06.2020 год.
За разлика од Уредбата, Протоколот од 12.08.2020 год. сеуште е во сила, ама самите гледаме колку се почитува во реалноста, посебно во градскот превоз во метрополата, каде сите патници се наредени како сардини еден до друг.
Да заклучиме: Ограничувањата на бројот на патници во такси превозот, согласно Уредбата од 16.04.2020 год., завршиле на ден 22.06.2020 год.,
Поздрав.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.465
Поени од реакции
68.777
Ми треба еден совет, дали е возможно да добијам ваков случај.
Во 1986та, фамилијава на мајка ми била преселена од Нерези, затоа што според тогашниот ДУП, била предвидена зграда на местото. Како оштета добиле два стана за куќата, но за дворното земјиште и некоја нива не добиле ништо. Кога се појави законот за денационализација, бркаме работа за да си го земеме земјиштето (во моментов на мал дел од него има дел од зграда), ама работите се чинат невозможни за реализација. Ние имаме потврда од тогашната општина дека паецелата била на име на дедо ми, дека сме добиле оштета за дел од земјиштето итн. Не враќаат од првостепена комисија дека немаме потврда од катастар. Од катастар ни викаат ова не е вашата парцела, туку името на дедо ми се среќава во спседната парцела, односно броевите од официјалниот документ од општината, не се совпаѓаат со тој од катастар. Уште поинтересно од катастар ни викаат дека во 70тите дедо ми се губи како сопственик на имотот (има диказ дека го купил, но никаква потврда дека некогаш го продал) и како газда стои некој албанец. Сме го продале имотот во 70тите, а државата не обештетила во 80тите, фак лоџик. Човекот се води како газда на сите земјишта во околината, што е апсолутна превара. Се жалевме а второстепена и случајот се врати на првостепена, каде што е заглавен додека не донесеме потврда од катастар. Бркавме луѓе да ни дадат информација за тоа како дедо ми се губи како газда на имотот, но никој не сакаше да се нафати. Фативме некои луѓе од дуи и одговорот беше дека вмро и дуи си ги поделиле сите имоти за кои никој не побарал легализација во тој реон. Нашиот им паднал на дуи и нема шанси да го земеме. Постои ли некакво решение, каде би се жалеле? Значи имаме потврда од тогашната опција, истата е официјално заверена, ама во катастар стојат други податоци.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.074
Поени од реакции
11.059
Neznam kade da prasam, pa zatoa ovde.
Ja skrsiv licnata karta. Koja e procedurata za vadenje nova? Na websitot vidov deka ima informacii za: istecena, zaginata i sto li uste ne, pa vo koja kategorija spaga mojata? Treba da ja objavam vo sluzben vesnik kako zaginata ili da pojdam so skrsenata i ke ja ponistat kako da e istecena pa ke se slikam za nova?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Татко ми имаше ваков проблем. Отиде и се сликаше за нова, без никаков проблем. Не треба да пријавуваш во службен весник.

Види го Законот за лична карта (чл. 10). :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.668
Поени од реакции
34.981
Neznam kade da prasam, pa zatoa ovde.
Ja skrsiv licnata karta. Koja e procedurata za vadenje nova? Na websitot vidov deka ima informacii za: istecena, zaginata i sto li uste ne, pa vo koja kategorija spaga mojata? Treba da ja objavam vo sluzben vesnik kako zaginata ili da pojdam so skrsenata i ke ja ponistat kako da e istecena pa ke se slikam za nova?
Мислам дека не е добро да ја пријавиш дека е скршена оти може да те гонат за оштетување на предмети во сопственост на РСМ.

Подобро да ја пријавиш дека ти е загината, па да си извадиш нова.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.179
Поени од реакции
16.027
Мислам дека не е добро да ја пријавиш дека е скршена оти може да те гонат за оштетување на предмети во сопственост на РСМ.

Подобро да ја пријавиш дека ти е загината, па да си извадиш нова.
Ле, па Бог да чува на секого може да му се случи да скрши ЛК. Стварно некој бил гонет за такво нешто?
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.074
Поени од реакции
11.059
Ле, па Бог да чува на секого може да му се случи да скрши ЛК. Стварно некој бил гонет за такво нешто?
Нема шанси да се гони. Тогаш нема потреба од член 10, кој е токму ради вакви работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom