Правна помош и совети

Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Можеби на страната на Катастар ќе го најдеш тоа што го бараш, ама поарно во општина
Неможе на таа страна. Ќе треба да појдам во општина. Фала за советот
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
167
Како да проверам ДУП- детален урбанистички план за одредено земјиште а да не одам до Општина. Дали има преку интернет ?
Провери на страната на самата општина, некои општини ги имаат објавено ДУП-овите на нивниот сајт.
 
Член од
21 јуни 2017
Мислења
3
Поени од реакции
0
Zdravo.me interesira kolku od prilika cini procesot za podelba na imot.svekrvami se spremaat da delat so sestrite nekoi placevi ...koriii.e kolku od prilika bi cinelo toa
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.741
Поени од реакции
7.253
Ne zavisi od vrednosta na imotot ili kvadraturata?
Znaci stanuva zbor za imot ostaven od pocinati roditeli...sekoj si znae sto ke zeme.samo da se sprovede procesot na ostavina
Едно е оставина, друго е делба. Оставината секако морате да ја решите, за после ќе се договорите
 
Член од
21 јуни 2017
Мислења
3
Поени од реакции
0
Znaci vaka e situacijava... starive se pocinati.dve sestri se otkazale.tri ke si zemaat del.seto toa e zavrseno znaci.sprovedeno na imoten list.
E sea treba sekoja da si go zeme delot sto e dogovoren . Epa toa me interesira kolku kosta.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134

Зависи дали секоја зема дел од одредена парцела или сте договорени да ги делите по цели парцели. Ако од секоја треба да делите одреден дел, треба геодетски елаборат за физичка делба. Доколку размените цели парцели, тогаш само на нотар....... значи трошокот зависи од повеќе работи.
 
Член од
26 февруари 2008
Мислења
305
Поени од реакции
61
Здраво,

пред да потпишам преддоговор за купување на стан ме интересира следниот пасус некој да ми го протолкува.

Договарачите се договорија доколку се создадат законски услови за тоа, данокот на промет на недвижности да падне на товар на купувачот и истиот не е пресметан во цената.
Е сега го купувам станот од инвеститор кој не бил продаден на физичко лице предходно. Значи уште се гради зградата и станот е на име на фирмата. Од инвеститорот добив одговор дека они го плаќаат данокот на промет ама ова пак ми боде очи.

Фала на одговор
 
Член од
19 јули 2017
Мислења
1

Во моментов даночен обврзник согласно Законот за даноците е физичко или правно лице кое ја продава недвижноста (продавач).
Е сеа одредбава во твојот договор (бидејќи зградата сеуште се гради) значи дека ако во тој период од потпишување на договорот се додека не ти биде предаден станот и додека не ја исплатиш цената , Законот за даноци се измени и според законот обврзник стане купувачот (односно ти), товарот за промет на недвижности да падне на купувачот (на тебе).
Ова не е ништо друго него осигурување на продавачот ако во периодот што следи се измени Законот за даноците да може да го применат со оние кои веќе потпишале договори бидејќи самите закони не дејствуваат ретроактивно.
 
Член од
21 јуни 2017
Мислења
14
Поени од реакции
6
Zdravo.me interesira kolku od prilika cini procesot za podelba na imot.svekrvami se spremaat da delat so sestrite nekoi placevi ...koriii.e kolku od prilika bi cinelo toa
Geodetskiot elaborat bi cinelo okolu 200 evra ako se deli na dve stranki, odnosno dve parceli. Vsusnost bi se naplakjalo vo odnos na toa kolku katastarski parceli bi proizlegle od edna parcela. 1 kat. parcela=100 evra
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.881
Поени од реакции
36.968
Не знаев каде точно да го поставам прашањево, па веројатно тука е најсоодветно: каде се поднесува пријава за продолжено работно време во определени денови за угостителски објект? Во општината, градот, во некоја од канцелариите на инспекторатите (ДПИ, ДИТ...), или можеби исто како пријавувањето работно време и промена во работно време - во Централен регистар? И дали некој може да ми го даде образецот за пријавата/барањето?
 
Член од
18 април 2017
Мислења
39

Vo centralen registar se sproveduva promena na rabotno vreme. Potrebno e da ti go sprovede toa advokat samo tie se ovlasteni za toa.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.881
Поени од реакции
36.968
Vo centralen registar se sproveduva promena na rabotno vreme. Potrebno e da ti go sprovede toa advokat samo tie se ovlasteni za toa.
Не се работи за промена на работно време, туку за известување за продолжување на работното време за неколку денови само.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom