Вработен во приватна фирма со договор на 6 месеци. Пред истекот на договорот му понудуваат нов договор во траење од 1 година каде стои дека доколку ја напушти работата пред 1 година, ќе му задржат 3 плати(во првиот договор тој услов го немаше). Дали е правно издржано во договорот да биди вметнат таков услов? Дали доколку се потпише таков договор, автоматски значи дека тој услов се прифаќа и е целосно законски да се повикаат на него и да задржат 3 плати доколку порано се напушти работното место? Дали воопшто работодавците имаат право да вметнуваат вакви исти/слични услови во договорите на определено време? Каква заштита имаат работниците теоретски?
малку е касно или си прифатил или може не работиш веќе но еве што најдов во законот за работни односи :
Дозволеност на отказ Член 71
(1) Работникот може да го откаже договорот за вработување ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот за вработување.
(2) Работодавачот може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот (лична причина на страна на работникот), поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина на вина) или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот (деловна причина).
(3) Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во случаи, односно од причини определени со закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување.
(4)
Отказот на договорот за вработување, кој работникот директно или индиректно го ставаат во понеповолна положба по кој било од основите на членот 6 од овој закон, е ништовен од моментот на врачувањето на отказот.
Забрана на дискриминацијата Член 6
(1) Работодавачот не смее барателот на вработување (во натамошниот текст: кандидат за вработување) или работникот, да го става во нееднаква положба заради расно или етничко потекло, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидност, религиозното, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности.
(2) На жените и мажите мораат да им бидат обезбедени еднакви можности и еднаков третман во врска со:
1) пристап до вработување, вклучувајќи унапредување и стручна и професионална обука во работата;
2) условите за работа;
3) еднаква исплата за еднаква работа;
4) професионални шеми за социјалното осигурување;
5) отсуство од работа;
6) работно време и
7) откажување на договорот за вработување.
(3) Принципот на еднаков третман подразбира забрана за директна и/или индиректна дискриминација, во смисла на ставовите (1) и (2) од овој член.
п.с земи го ова со резерва не сум правник