Ај некој да ми каже дали убаво сум разбрал или не. Имено ме осудија кривично и ми дадоа 1 година условно. Пред 2-3 месеца таа 1 година помина. Колку што се секавам судијата ми рече дека после таа една година од кога ке ми помине условната казна можам да вадам потврда дека сум неосудуван т.е. дека казната автоматски се брише од системот, или пак ми рече дека од кога ке помине таа 1 година треба да чекам уште една година за казната да се избрише од системот и да можам да извадам потрда дена не сум осудуван. Е сеа ич не се секавам како точно ми кажа, така да ако има некој правник да ми каже ова по закон како е?
Иначе ме осудија за сообракајка каде што не бев крив воопшто мегутоа според нашиов прекрасен систем морало да ме осудат, така да не е воопшто некое тешко дело дека сум крадел или некој сум убил, претепал или повредил итн итн итн....