Може да извадиш без проблем, со барање, документ за промените на сопственоста на некој имот (движење), во барањето наведуваш твој ембг... во документот се наведени правните основи, а добро е да се извади овој документ ако купуваш од некого недвижен имот каде продавачот не е прв сопственик...
Може и со барање од твој адвокат, да добиеш од катастар и копија од правниот основ, н.пр. солемнизиран нотарски договор, а кој нотарите обично не го даваат, т.е. го даваар само ако суд го побара, т.е. ако веќе е утужен...(овие работи мислам се прават во катастар во карпош..)
ова е потребно ако се тужи тој договор, н.пр. случајот од Охрид каде сопругата го тужела и прогласила за ништавен купопродажниот договор со кој супругот го продал станот на кој таа имала прво на 1/2... имаше на ТВ, тој успеал на некој начин да ја тргне времената забрана... купувачите се жалеа по телевизии, но совесен купувач ќе ги преиспита сите работи, не само хипотеки туку и правниот основ....мислам дека и совесен нотар пред склопување на купопродажен договор ќе побара оид продавачот венчаница и согласност од брачниот другар, без обзир дали недвижнината гласи само на негово име..