Не е процедура за утврдување на долг, туку тужба за утврдување на застареност на долг.
Долгот постои, не е тоа спорно, но истиот долг е застарен бидејќи застарува во рок од една година од денот на доспевањето.
Они не го бришат од книговодствена евиденција, бидејќи со отписот на долг, книговодствено ќе мора да го прикажат како добивка и да платат данок.
Ни по приговор нема да го избришат, но добро е да поднесете, за да дојде како доказ пред судот.
После тој приговор, следува тужба. Како доказ исто може да ги приложите и платените сметки за последната година.
Сепак, најпаметно ќе биде да ангажирате адвокат. Тој ќе поднесе тужба до надлежниот суд и ќе бара од судот да утврди застареност на долгот, но и да му наложи на комуналното претпријатие да го избрише истиот.