...Аха, значи исто е и кај нас како во Хрватска, ако не се фати тужениот тогаш тужителот ги сноси трошоците... ова што јас го начув дека на адвокатот му ги ставиле судските трошоци, можно било тужителот да станал недостапен а го загубил спорот, тогаш или судските трошоци одат ад акта или на адвокатот на тужителот паѓаат ??
.. а имав таков случај, ме тужеше фирма и изгубија ..е сметката им е блокирана, а работат преку трети фирми, неможам да ги наплатам трошоци ( судски такси и за адвокатот, за среќа мали се, )... е сега фирмата најверојатно била блокирана уште за време на предметот, а по првостепената одлука дадоа жалба а сигурен сум дека не ја платија жалбата, може и тужбата... а имаше судски известија дека нема да се постапува по предмети ако не се платат однапред таксите, ама изгледа никој тоа не го поштуваше, посебно вон Скопје
.. всушност правниот застапник на фирмата што ме тужеше беше парничен рекетар, тој поднесуваше тужби на вересија, имаше врски во судот да оди тоа така.. е такви судот треба да ги Одрапа кога ќе изгубат спор, барем во делот за судските такси...