Правење на Curriculum vitae (CV)

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Гоце имаш тепмлејти во ворд што доста помагаат.
Јас баш пред некој ден нapавив CV затоа што конкурирав за практикант. Во секој случај пиши си за образованието, ниво на познавање на аглиски, компјутери офис и такви работи.
Не пишувај дали имаш возачка или не освен ако тоа не се бара во огласот.

Не измислувај работни места од етички причини, затоа што идиотски е и преминува во глупа навика. Најважно во никој случај под јазици не пишувај: спрски, хрватски бугарски словенски босански итн зашо веруј ми тоа е сељачки. Иста група на јазици се и се подразбира дека во воие простори сите се разбираме горе доле.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.302
Поени од реакции
45.926
море да не измислуваме многу више оти у последно време ако пишеш дека си работел некаде тражат препораки од фирмата. Ако си тазе дипломиран може да си побараш препорака од некој професор од факултет и тоа знае да заврши работа.
јасно јасно тоа ти кажувам за мене дека имам другар има инетернет кафе му кажувам ке те пишам ако се деси да те контактраат кажи дека сум работел овде одличен работник напушти ради многу амбиција итн.итн
сеа ка ќоро нормално нема да пишам дека сум работел у НАСА
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Гоце имаш тепмлејти во ворд што доста помагаат.
Јас баш пред некој ден нapавив CV затоа што конкурирав за практикант. Во секој случај пиши си за образованието, ниво на познавање на аглиски, компјутери офис и такви работи.
Не пишувај дали имаш возачка или не освен ако тоа не се бара во огласот.

Не измислувај работни места од етички причини, затоа што идиотски е и преминува во глупа навика. Најважно во никој случај под јазици не пишувај: спрски, хрватски бугарски словенски босански итн зашо веруј ми тоа е сељачки. Иста група на јазици се и се подразбира дека во воие простори сите се разбираме горе доле.
Дефинитивно без измислување ќе биде, барем мене ми е глупаво. А иначе интересен е предлогот за препораки мислам дека има неколку луѓе кои што ќе пуштат добар збор за мене:)

Иначе работава е за графички дизајнер и фала многу што ми помогнавте....па здравје на прва плата пиво да пиеме
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.390
Еве еден куп прекрасни темплејти за CV.
Точкест мислам дека веќе го избра овој... Нај дизајнерски му изгледа :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Го одбрав тој темплејт али го пре пре пре работив малце:)
еве како изгледа па ако на некој му падне добар може да го искористи или да ми го побара .psd фајлот со сите променливи леери.
Користени фонтови
Heineken font
Helvetica

 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Како да напишете добра професионална биографија
Во вашата професионална биографија не користете невистини
Не постои само еден универзален начин на кој ќе ја обликувате содржината на професионалната биографија (CV). Постојат неколку правила кои треба да ги почитувате доколку сакате вашата биографија да изгледа професионално, односно да го привлечете вниманието на работодавецот и да му дадете јасни информации поради кои ќе ве вметне во потесниот круг и ќе ве повика на интервју за работа
1.Уредност и прегледност
Биографијата пишувајте ја на компјутер, пожелно е во табелен приказ. Препорачливо е да не користите премногу ефекти, повеќе видови фонтови и сл.
2.Кратко и јасно
Во зависност од вашето искуство, биографијата може да биде долга една, две или повеќе страни. Доколку немате некое поголемо работно искуство и поради тоа вашата биографија е кратка, немојте да претерувате со опширно излагање на останатите информации.
3.Стил
Информациите за образование и работно искуство се наоѓаат во обратен хронолошки ред. Користете стручни термини, но избегнувајте претерана употреба на кратеници (наведува на несериозност) и водете грижа за граматичката правилност на напишаниот текст.
4. Вистинитист
Никогаш во биографијата не изнесувајте невистинити информации или некои работи за кои ви е незгодно да зборувате за време на интервјуто.
5. Испраќање преку е-маил
Ако ја пишувате вашата биографија во Word editor, подгответе го со екстензија .rtf (наместо зададениот doc.) како би ја одбегнале можноста за испраќање вирус со кој може да се избрише вашата биографија пред некој да ја прочита. Воедно со тоа на работодавецот му давате до знаење дека сте искусен Интернет познавач.
6. Слика
За разлика од САД на пр., во Македонија не е обичај да испраќа биографија со слика, доколку тоа не се бара во огласот за работа. Ако сепак се одлучите за испраќање слика, не ја приложувајте како посебен е-маил фајл, туку вметнете ја во биографијата покрај останатите податоци.
Се што споменавме нека ви послужи како ориентација, а на вас останува во вашата биографија да вметнете индивидуалност. Кога ќе ја осмислите и напишете вашата биографија, прочитајте ја уште еднаш и поставете си ги следниве прашања:
  • Дали сум јас тоа?
  • Дали сум горд/а на тоа што го изнесов?
  • Дали ги избегнав непотребните информации?
  • Дали напишав се што е потребно, а ќе ми помогне да ја добијам информацијата?
  • Дали мојата биографија е лесно читлива?
Потрудете се сите ваши одговори на поставените прашања да бидат потврдни и не заборавајте биографијата никогаш не е готова.
Водете сметка дека секогаш треба да ја прилагодите на компанијата и позицијата за која аплицирате и дополнете ја со најнови податоци.
Содржина на добра биографија
Главната задача на биографијата е да го убедите работодавецот да ве повика на интервју. За да ја постигнете таа цел вашата биографија мора да биде професионална, прегледна и јасна и да ги содржи следните информации:
Лични податоци:
Име, презиме, дата и место на раѓање, адреса, телефонски број и е-маил адреса се задолжителни. Изоставување на некој од овие податоци може да побуди сомнеж за неискреноста и површноста на кандидатот. Брачниот статус, возачката дозвола и регулираната воена обврска се опции, доколку се бараат во огласот.
Податоци за формалната едукација:
Средно образование, факултет, постдипломски студии. Информациите наведете ги во обратен хронолошки редослед, секогаш наведувајќи ги точните периоди, вистинскиот назив на институциите, насоките. Доколку не го наведете периодот ќе нема да може да се заклучи временскиот тек од завршувањето на средно образование, упис на факултет, диплома до првото вработување.
Доколку барате прво вработување и сметате дека вашето знаење и способност произлегува од слушаните предавања, немојте непотребно да ја оптоварувате биографијата со овие информации туку во молбата кратко опишете ги стекнатите знаења во текот на образованието кои се однесуваат на работното место за кое аплицирате. Ако имате успешен висок просек наведете го.
Дополнителна едукација:
Натпревари, семинари, проекти. Наведете го точното име, кратка содржина доколку е непрепознатливо од името, периодот во кој се одржувал и името на институцијата. Дури и натпреварите и семинарите кои немаат директна врска со позицијата за која аплицирате се важен податок за вас бидејќи сведочат за вашите ангажман и широки интереси.
Работно искуство:
Компанија, одговорност, позиција, период на вработување. Работното искуство наведете го во обратен хронолошки распоред (од сегашното работно место па до првото вработување) Наведете го точното име на компанијата, позицијата на која сте работеле и краток опис на обврските.
Описот на работата мора да биде прилагоден на позицијата за која аплицирате: нагласете го релевантното искуство. Во работното искуство наведете ги и вашите хонорарни работи: доколку се релевантни за позицијата, а доколку не се барем како доказ за вашиот дополнителен ангажман.
Познавање јазици и компјутерски апликации:
Овие информации може да бидат дел од дополнителната едукација и ако се, тогаш наведете ги како такви. Наведете ги јазиците кои ги познавате, во кој степен (активно, пасивно, квалитетот на говорот и пишувањето, евентуалните преводи кои сте ги работеле) кои компјутерски апликации ги познавате и во кој степен.
Бидете искрени, бидејќи вашето знаење лесно може да се провери.
Спремете биографија и на јазикот кој добро го познавате, но нека ви го лекторира личност која добро го познава јазикот за да немате грешки. Биографијата на странски јазик е додаток, па затоа доставете и биографија напишана на македонски јазик.
Активности:
Членување во некое друштво, начинот на кој го поминувате слободното време и хоби. Доколку го напишете ова за вас ќе се добие впечаток дека сте сестрана личност. Вашето хоби може да претставува предност во работата, поради содржината на работата или склоноста на клиентите со кои ќе треба да комуницирате. Спортувањето говори за вас како активна личност, тимски играч и за дисциплинираноста.
Награди и признанија:
Добро е да наведете дури и кога не се директно поврзани со работата за која се натпреварувате затоа што тие секогаш ве претставуваат во убаво светло.
Мотивација за позицијата за која аплицирате:
Кратко опишете ја целта во кариерата која се однесува на позицијата за која аплицирате.
Препораки:
Наведете имиња на неколку свои екс професори или работодавци кои се спремни да ви дадат препораки (име, позиција, компанија, телефонски број, е-маил). Но пред се проверете дали тие личности се спремни да ви дадат препорака, како би ја избегнале евентуалната непријатност.
Откако го составивте првиот драфт, текстот повторно проучете го и проверете дали сте испуштиле информации за нешто што е наведено (се бара) во огласот. Ако сте испуштиле, тогаш бидете подготвени да објасните за време на вашето излагање дека тој дел не влијае на квалитетно претставување на кандидатот.



ИЗВОР
 
Член од
14 јануари 2010
Мислења
10
Поени од реакции
0
koj znae sto e toa cv ako moze da mi kaze nekoja definicija i sto treba da sodrzi... :raz:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
има ваква тема ..
патем гледам нов корисник си ...
има теми скоро за се шо ќе ти текне ...
разгледај прво :smir:
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
и онака само малце ме интересира,колку години имаш?
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Aбе не му давајте на девојчето премногу информации, плус на англиски, има 15 години не треба CV да прави него да знае основни информации.

Еве ти нешто на македонски и општо објаснето. КЛИК
 

Kajgana Shop

На врв Bottom