Правете ги фасадите оти државата ќе ве казнува од 100 до 500 евра.

Член од
27 јуни 2008
Мислења
401
Поени од реакции
5
Зашто воопшто делат од лебот за да прават куќа? Мора ли да направат куќа ако стварно немаат за ебана фасада да прават??

Преку таквото бе веќе. Продаваат луѓе нивите и ајдеееееее, сите во Скопје, куќи ќе сме граделе. Станови ќе купуваме.

Епа, ако сакаш да живееш во метропола, ќе се однесуваш и ќе платиш како во метропола. Ако немаш, ондак назад во село со кравите и овците. Проста математика е. Ете ти го Идризово, на 15км од градот е, село, суперишка место. Гради си таму. Не на Партизански Одреди.

Фала пријатно.
Zakonot ne e za Skopje i vo najzabieno selo isto ke te kaznat.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ете, озбилни држави...во Бризбен (Австралија) на пример, иако е населба спрема Сиднеј, Мелбурн... сепак има ред. Улиците се коска, тревниците пред куќа се косат постојано пошто нема однапред ограда, а одзади пример ако имаш базен, мора да имаш и ограда висока толку и толку...ради безбедност од комшиски деца и слично.

Е тоа се оние држави на кои има завидуваме на чистота, среденост, дисциплина...а кога треба ние да си го средиме дворот, искорнеме плевелот...тогаш казните не се во ред. Треба сепак да се определиме. Дали сакаме средено и чисто (а тоа се постига со закони и казни) или сакаме бесплатно но целосно несредено-како во фавелите. Во некои теми се придржуваме кон едната опција, во други кон другата...
Според мене секогаш е подобро средено па макар и да ме казнат ако не средам двор и куќа.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
A ako e na eden kat kucata.
Живеј си во подрум!!!

Абе не бидете со сила улави! Кога идете да купувате кола, плаќате и за бојата така? Епа, соберете прво парите! па после градете куќа!
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
соберете прво парите! па после градете куќа!
Добро бе оток добив више, сааамо ова го повторуваш.


он. Што точно ќе се рачуна за фасада, мене ме интересира. Како ќе ја дефинираат? Дали на пример фасадна цигла би се рачунало за фасада? Дали ако земе некој и си ја обои куќата во што ќе му дојде, ќе се рачуна за фасада? Што ако некој земе катран и си ја обои куќата, и рече еве, ова е мојата фасада. Таков е мојот вкус.
Јас стварно нз како ќе го изведат овој закон :toe:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Кај нас има една друга вистина: цел век се буниме дека ништо не функционира, дека нема ред, дека ништо не е средено и дефинирано... Но! Кога ќе дојде ред некој да проба да воведе ред, истиот момент не фаќаат сипаници и моментално ни проработува посебно развиениот систем за „логичко објаснување зошто идејата не е издржлива во најмалќу 10 позиции“.
Вистината е следна: ние сме прилично клети на овие простори, па на секоја можна постава (административна, политичка или не знам каква) наоѓаме задни намери, несистематичност и неиздржливост.

За во било што да се воведе ред, мора да се почне од нешто! Сите ја знаеме вистината: хаос е секаде, дури и законите се контрадикторни и конфузни, ама да пробавме нешто да испочитуваме не ќе е лошо.

Не знам дали сте приметиле дека со секое носење на нов закон, со брзина на светлината се концентрираат најмалку 3-5 експерти кои наоѓаат сериозни замерки на истиот... Па кај бевте пред да се донесе? Никој не ве консултирал? Сигурна сум во тоа... Секако во Македонија има илјадници експерти па не се знаеме...

Ние хронично се „вадиме од памет“ од ред! Тоа ни е вродена особина (по грешка, наместо патриотизам). Кај нас е полн со доблест и итрина тој што успеал да најде дупка во законот: итрец, мајку му...
Арни се законите, ние сме чурук...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Не знам за кое време се работело во тој пример, но спомна претходно сериозни држави. Таму ако оградата ти е сантим понапред, поназад одма се јавува проблем. Тие дефинитивно плаќаат даноци, па и казни.

А што спомна некој, нема потреба од куќа на 3 спрата и поткровје, може и 1 спрат помалку но со завршени фасади. Доколку се нема средства. Точно еве мојот сосед има таква куќа, отиде до небо, внатре ко во Династија, а однадвор со цигли и истечен малтер околу циглите. Исто уште 1-2 куќи понатаму. Ги направија огромни, внатрешниот дел совршено направен, а однадвор тапа. Кој е виновен? Немале средства? Не е мое да судам за туѓи пари, но со ковано железо, со најскапи внатрешни изработки на купатила и соби, со врати и прозори од кои боли глава...не би рекол дека мањка средства, можеби не им смета, не знам. Не можам да им ја сфатам логиката.

И точно е, секој сака убава куќа, но секој сака и убава околина, без немалтерисани ѕидови од соседите :toe:
А работа на секоја држава е да собере данок и казни од вакви градби (и казни од дивоградби, но тоа е друга тема):smir:
Јас знам,во 1927 година познатиот Француски архитект од Швајцарско потекло Le Corbiusier,ја посетил и разгледал цела Македонија и ја простудирал Македонската архитектура во многу сегменти од нејзиниот развој особено одредени иновации.Посебно му се допаднале еркерните испусти со балконите и чардаците,какви што не сретнал на фасадите скоро никаде во светот,особено не,во толку голема застапеност како во Македонија,во Охрид,Крушево,Кратово....иако многу патувал и сам се едуцирал низ целиот свет.Le Corbusier се смета за татко на модерната архитектура,а воопшто не му смета што е само еден обичен мајстор без завршени факултети и високи школи од областа на архитектурата.
Во своите забелешки многупати ќе рече:
-Ако сакате да видите навистина урбана и прекрасна архитектура вклопена во просторот,појдете во Охрид или во Крушево,појдете во Македонија,ќе најдете повеќе инспирација за изгледот и функционалноста на вашите проекти и градби за стамбени објекти одколку било каде на друго место.
Меѓудругото идејата за проектот на неговата славна софа,која се смета за ремек дело на дизајнираниот мебел,Le Corbusier ја пронашол токму овде,во класичната гостинска соба на Македонската куќа од тоа време.
Се оптеретувал ли народот во тоа време со давачки за фасади,ако не ги изработел?Сигурне не,ама секој се трудел куќата да му изгледа убаво барем однадвор.Тоа што денес многумина не ги прават фасадите иако внатрешноста на објектот им е како во соништата,е само показател колку од нашите сограѓани стекнаа богатство преку ноќ,па се плашат да не бидат откриени од народот и казнети,по изгледот на фасадите од замоците кој ги создадоа со криминално спечалените пари.:toe:
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
абре остајте ги лугево.... зарем не гледате колку се потрошиле околу градбата, па се фативте за фасадата, ке ја средат што сте запнале толку, толкава кука напраиле па за една фасада проблем, голема работа чекајте нека се испечат малку цигливе ...........:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Што пишуваш бре ти :lud:? Мислиш така едноставно е да се работи земјоделие и сточарство цела наука е тоа. Ајде прати некој човек кој што поим нема што е тоа сточарство да биде говедар во некое село, ќе го избркаат уште првата ден. Така е ова сади компири, домати си садел некогаш да знаеш какви се не проблеми има? Временски неприлики ненавремено садење или техничка обработка итн.
абе се' е наука и ако сакаш да се занимаваш треба сериозно да му пристапиш.

туку поентата ми е дека ако сакаш да живееш во град - мора да направиш фасада, не бива главен град, а куќите со цигли црвени... не изгледа убаво. ако не сакаш да си примерен со изгледот на куќата, може да одиш во село - таму никој не ти бара фасада. а има и куќи кои може да ги купиш за 10.000 евра, сосе нива. па да почнеш да си живееш - ем како што сакаш (без фасада и сл.) ем без казни.

Ајде друже се надевам дека си ги чуваш опинците позади врата и трк у село,назад у завичај јебига откако такви како тебе ниго разубавеа градот,сега редное да го развиете и сточарството и полљоделството,така да ти како експерт те замолувам вратисисе назад,значи опинците од позади врата и правец село,па можеби и таму ке ги опраиш да имаат фасади


бла бла бла...

тотално опф топик навредување...
која претпоставка „сум имал опинци“ (само да знаеш дека одмна луѓето во село немаат опинци)...
и што ако имам и што ако немам - како допринесе на темата со твојот навредлив пост?


а и јас немам таков проблем - сакам да живеам во убаво среден двор во куќа СО ФАСАДА, така да не очекувам мене да ме казнат. и затоа ги поздравувам и БАРАМ да се прошири тоа на несредени дворови - ете на пример, во центарот на градот (кај што ќе градеше премиерот стокатница :) ) има куќи кои се распаѓаат. ДАЛИ ТОА УБАВО ИЗГЛЕДА??? Кога ќе ми дојдат партнери или пријатели од странство, морам да мислам каде да ги носам, за да не го видат вакво неубаво (на некои места) скопје.....Тоа добро е?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Префрлено во Архитектура.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.938
Поени од реакции
900
Па за мене законов е многу лигочен и добро е шо го донесоа тие куќи шо немаат фасади стварно не личат на ништо и полоши се за живеење...а такви куќи како шо сум приметил најмногу имаат албанците...без навреди ама така е поминете покарј оние албански села и глеајте колку куќи се недовршни и се без фасади...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Па за мене законов е многу лигочен и добро е шо го донесоа тие куќи шо немаат фасади стварно не личат на ништо и полоши се за живеење...а такви куќи како шо сум приметил најмногу имаат албанците...без навреди ама така е поминете покарј оние албански села и глеајте колку куќи се недовршни и се без фасади...
Не би ги врзувал фасадите со ...одредени групи население. Дали имаш видено какви од дрга страна имаат куќи и фасади...комплет...направено истите тие?

И што правиме со веќе фасадираните објекти (куќи, згради, без разлика) на кои фасадите им се потемнети, испукани, прокапани, како плуќа на пушач. Дали за нив ќе важи некој закон? Оти има фасада и фасада.

Хм, само да не ги читаат форумиве, да не им текне и за веќе готовите, а обезличени фасади...шта ми је то требало :tapp: :wink:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Живеј си во подрум!!!

Абе не бидете со сила улави! Кога идете да купувате кола, плаќате и за бојата така? Епа, соберете прво парите! па после градете куќа!
Знаеш ти колку чини фасада? Ова ти е исто кога идеш у продавница да купиш телевизор на рати, и ти викаат не може на рати, собери првин пари па за 2 години дојди и купи го. Кај го има тоа? Исто и за фасадата.
Човек штом се одлучи да даде пари за плац, за работници, за карајапија, за варосување, за мебел......, се до законов никој не го брзаше да мисли на фасадата. Сега ќе треба прво фасадата да си ја направи па потоа да купува мебел, ама битно законот задоволен е.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Знаеш ти колку чини фасада? Ова ти е исто кога идеш у продавница да купиш телевизор на рати, и ти викаат не може на рати, собери првин пари па за 2 години дојди и купи го. Кај го има тоа? Исто и за фасадата.
Човек штом се одлучи да даде пари за плац, за работници, за карајапија, за варосување, за мебел......, се до законов никој не го брзаше да мисли на фасадата. Сега ќе треба прво фасадата да си ја направи па потоа да купува мебел, ама битно законот задоволен е.
Не знам бе Срце, ај ти научи ме.

Дигаш куќа на 3 спрата, од 300 метри квадрадни, и ми сереш тука дека немаш пари за фасада?
Хах!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom