Правете ги фасадите оти државата ќе ве казнува од 100 до 500 евра.

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Прашувам АБЦ оти вакви законски одредби за казни за фасади (и јас сум присталица на одредени санкции и за фасади и за се друго што придонесува за подобар изглед на населените места) имаше многу донесено во поблиското минато, но од сето тоа само казните кон граѓаните се почитуваат-и тоа не сите. Закон за чистота (така некако) каде вели дека за опушок и плукање ќе казнуваат, каде вели дека не смеам да не си го чистам предворјето, каде вели дека треба да се пријави службата која не си ја врши работата во соодветниот реон...ниеден од тие членови не заживеа. Месец дена, ни толку...повеќе дискутиравме овде на форумот за тие одредби отколку што функционираа. Нефер однос на институциите кој резултира со нефер однос на граѓаните кон институциите. Од сите овие казни, членови...функционираат едино оние за сообраќајот, кои пак се премногу ригорозни и дури нестварни и можам да кажам налудничави во одредени случаи.

Не сакам да го однесам муабетот во други теми и ради почит кон темата и нејзиниот автор пошто сепак се работи за фасадите, но мислам дека не е продуктивно да се казнува за фасади, а околината да е .... каква што е во Македонија.
Види,законот за фасади,ваков како што го замислиле,се коси директно со основните принципи на човековите права,ќе падне на секој нормален суд,не мора ни на врховен да оди.Токму различноста на фасади,разиграноста на просторот,го прават привлечно ова поднебје,па секој нормален човек сака да има убава и фасадирана куќа,но државата не е таа која треба да ги стави желбите и потребите на секој граѓанин во една законска рамка.Мене на пример повеќе ми се допаѓаат огромните предградија на Лондон,каде 100 годишните згради се без фасади,дури е забрането и да се интервенира со било каква интервенција која ќе ја наруши таквата “идила“ за некого,отколку модерните облакодери со аломиниумски фасади како да сме на друга планета.Вкусот на секој човек за екстериер не може да го определи државата,без разлика дали е диктаторски или демократски режимот во неа.
Значи ваквите закони,за да бидат во функција и корисни за граѓаните треба да се пренасочат во друг правец,да се оди повеќе во доследна примена на урбанистичките решенија,нивна надоградба и осовременување,кон нивна естетика и стриктна оформеност.
Би можело на пример да се урнат бескомпромисно сите нужници,мудбаци,гаражи или шупи,скелиња на тротоарите,секој објект кој отстапува премногу од градежната линија би можело исто така да се поработи на целосно урбанистичко разубавување,а не само на фасадите кој и со самото свое име асоцираат само на “покриен срам“.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Казни за градбите без фасади

„Знам дека можеби некаде ќе биде оптоварување, но добро е во наредниов период од две години да се направат фасади во Република Македонија, бидејќи тоа на некој начин зборува за имиџот на самата земја“, вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Со новиот закон, се предвидува и конфискување на имот, доколку се утврди дека е дивоградба. Експертската јавност смета дека законските измени треба сериозно да се преиспитаат, бидејќи постоеле делови кои се во спротивност со Уставот...

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114232
Јас вака велам: Можеби ќе му биде оптоварување, но бидејќи тоа на некој начин зборува за имиџот на земјата, затоа добро е министерот М.Ј. во наредните 2 години да ја обнови, прошири и доизгради цела патна инфраструктура во Република Македонија. Ако тоа не го стори во пропишаниот рок, тогаш МОШНЕ е добро истиот да биде фатен и предаден на каменување до СМРТ, за забава и за поука, бидејќи паричната казна за ваков севкупен злостор ќе мора илјадапати да ги надмине казните за сите нефасадирани градби, а тоа е огромна пара која ни он, и покрај сите негови арамиски подвизи - нема да може да ја замисли. Значи овој човек убедливо води на топ листа најодвратни министри на сите времиња. Немаше олкави глупаци порано, шо е работава сега не ми е јасно.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Јас вака велам: Можеби ќе му биде оптоварување, но бидејќи тоа на некој начин зборува за имиџот на земјата, затоа добро е министерот М.Ј. во наредните 2 години да ја обнови, прошири и доизгради цела патна инфраструктура во Република Македонија. Ако тоа не го стори во пропишаниот рок, тогаш МОШНЕ е добро истиот да биде фатен и предаден на каменување до СМРТ, за забава и за поука, бидејќи паричната казна за ваков севкупен злостор ќе мора илјадапати да ги надмине казните за сите нефасадирани градби, а тоа е огромна пара која ни он, и покрај сите негови арамиски подвизи - нема да може да ја замисли. Значи овој човек убедливо води на топ листа најодвратни министри на сите времиња. Немаше олкави глупаци порано, шо е работава сега не ми е јасно.
Со изработка на било какви фасади не се создава позитивен “имиџ“ на државава,напротив,тоа може да доведе и до создавање на негативен имиџ.Ме чуди само зошто кон одредбата не се додадоа и амандмани сите фасади да имаат портокалова боја,во барем 70% од површината на фасадата,со што “имиџот“ би бил комплетен.:tapp:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Тоа, тоа! :) Добар бизнис лежи во ставање такви украси, си за соработка? :) Башка, на 4 години ќе треба да се мења, константен прилив, мераци :)
Ќе треба пак да ја отворам фирмава,или ќе работиме на “црно“?
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
у план сум да ставам фасада ај дајте некој предлог каква боја ама да не е бела
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Земи изгради куќа у населба со Албанци и никој нема никад да ти рече нешто ни за дивоградба ни за фасада. Е сега,
ќе мора да смениш вера, али ако си атеист и онака не ти е битно.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОРААТ ЗА ТРИ ДЕНА ДА ГИ ДОТЕРААТ СВОИТЕ ДОМОВИ(y)

500 евра казна за куќа без фасада
Во Законот за градење е предвидена глоба сопствениците на објекти кои во изминативе две години не поставиле фасада. Исто така, според членот 171 од истиот закон сопствениците на изградени објекти без фасада се должни во рок од две години од денот стапувањето на сила на овој закон да изградат фасада, велат од Министерство за транспорт и врски

Останаа уште три дена од истекот од новиот Закон за градење, кој е поврзан со фасадите на објектите, информираат од Министерството за транспорт и врски. Од таму додаваат дека и по две години рок за изградба на фасади на индивидуални и колективни објекти, голем дел од граѓаните се уште не започнале со поставување на фасади. Објекти без фасада има во голем број, но не само во населените места, туку и во самиот центар на Скопје. И покрај тоа што пред две години Министерството за транспорт и врски го донесе новиот Закон за градење, во којшто за прв пат беа споменати објектите кои немаат фасада, а сопствениците требаше да ја изградат во рок од две години, состојбата на терен и по истекот на овој рок си останува иста без никаква промена.
Надлежните од Министерството за транспорт и врски уште еднаш ги потсетуваат граѓаните дека за осум дена истекува рокот за сите оние кои немаат поставено фасада на својот објект.
- Во Законот за градење е предвидена глоба сопствениците на објекти кои во изминативе две години не поставиле фасада. Исто така, според членот 171 од истиот закон сопствениците на изградени објекти без фасада се должни во рок од две години од денот стапувањето на сила на овој закон да изградат фасада, велат од Министерство за транспорт и врски.
Оттаму додаваат дека рокот за поставување на фасада набрзо истекува, затоа што Законот, со важност од две години, стапил на сила на 28 октомври 2009 година. Во него е предвидена глоба од 100 до 500 евра за оние кои до 28. овој месец не ги исполниле своите обврски. Исто така, надлежните од Министерството за транспорт и врски напоменаа дека овој закон ќе го спроведуваат градежните инспектори на Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво и на општините.
(А.И.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=33CE261396C0C3498E9FC47B20875C07

ПС.
Цела западна Македонија е со новоизградени дво/тро катни куќи - без фасади-
ќе важи ли законов И ТАМУ?????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom