Познатиот архитект Корбизје во една прилика рекол:
Ако сакате да видите навистина непофторлива и магична архитектура во реално време,прекрасно вклопена во просторот,тогаш појдете во Македонија,ни тогаш не се плаќало ако некој немал фасада на сопствената куќа.Мислиш ли дека во владава има подобри архитекти или стилисти од Корбизје?Нема,ама има прекубројни дилетанти кој немаат три чисти од организирање на просторот во кој живееме.Мислиш ли дека некој од бес или од мода не сака да си направи фасада на сопствената куќа,си се заебал пријателе,сите сакаат убаво да им изгледа нивниот дом.Најубаво што може.
Не знам за кое време се работело во тој пример, но спомна претходно сериозни држави. Таму ако оградата ти е сантим понапред, поназад одма се јавува проблем. Тие дефинитивно плаќаат даноци, па и казни.
А што спомна некој, нема потреба од куќа на 3 спрата и поткровје, може и 1 спрат помалку но со завршени фасади. Доколку се нема средства. Точно еве мојот сосед има таква куќа, отиде до небо, внатре ко во Династија, а однадвор со цигли и истечен малтер околу циглите. Исто уште 1-2 куќи понатаму. Ги направија огромни, внатрешниот дел совршено направен, а однадвор тапа. Кој е виновен? Немале средства? Не е мое да судам за туѓи пари, но со ковано железо, со најскапи внатрешни изработки на купатила и соби, со врати и прозори од кои боли глава...не би рекол дека мањка средства, можеби не им смета, не знам. Не можам да им ја сфатам логиката.
И точно е, секој сака убава куќа, но секој сака и убава околина, без немалтерисани ѕидови од соседите

А работа на секоја држава е да собере данок и казни од вакви градби (и казни од дивоградби, но тоа е друга тема):smir: