Ова чудо го купив од зегин
http://www.alfalab.mk/auron-aparat-za-merenje-pritisok-za-nadlaktica-hl-888ua
auron-aparat-za-merenje-pritisok-za-nadlaktica-hl-888ua
за моја пријателка, жената отиде во брза помош мислејки дека има притисок 180. Кога и мерија испадна 120. Разбирам грешка од +- 10 ама грешка од 60 е чиста глупост. Мене ми измери пулс од 128, а реалено ми беше околу 80.
Многу е фуш и во самата изработка, моја грешка е што не го видов подобро.
Чисто како инфо за некој, да не се зезне и тој....
Е ова е сега тренд, ќе увезат некој тежок фуш. Не вреди и да ти врати друго, и тоа е фуш. Мене ми се случија две карактеристични случки. Прва е со лед сијалици. Купив доста ЛЕД сијалици, уште од јануари од неколку места. Немав проблем, барем досега, со тие купени од лед маркет, од дуќанот карши Буњаковец а и од Бриколаж. Но некаде во март, април, купи кабел за пегла од Коки компани. Пријател ми кажа дека кабелот е тенок за новите пегли и веднаш отидов , го заменив за лед сијалици, доплатив и земав 3 лед сијалици Луминекс. Увозник е некоја мала фирма од Куманово. Монтирав 2 , и тоа не места каде многу малку се користи сијалица, немаат ни по 200 работни сата. По некое време ги фрлив фискалните, а сега пред 2 недели и двете лед сијалици изгореа ( со силен звук, те вади од памет). Продавницата кажува ако имаш фискална ќе ти ги смениме, а и увозникот, кого го пронајдов (на кутијата од амбалажата е испечатена негова адреса и телефон ) ми понуди да ми ги смени ако дојдам во Куманово. А што и да ми сменат кога ќе ми дадат од истите. А ми тврди дека увезол 10,000 сијалици и имал само 10 рекламации ??? Ама сега веќе РАСКИНАЛ со таа фирма, носи од некоја друга, сега на кутијата пишува 1 година гаранција, ама пишува 30,000часа. ( а една година фул работа е 8500 часа.) Јас дури најдов и напис
http://lider.mk/2014/01/28/stedlivite-led-sijalici-se-ogromna-izmama/ .
Значи зборот ми е за шкартни производители, но има и шкартни серии кој кај нас се утрапуваат. Работата во случајот е дека поради увозник на фуш производи ќе имаат штета и тие што увезуваат квалитетно, бидејќи кој се изгорил дува и на ладно.
Друг случај е купување на акомулатор. Ме фати бељата летоска во Охрид да ми се испразни 8г стар акомулатор Рокит, а итно ми беше, немав полњач нити од кого да позајмам. Ај си викам ќе купам нов, сепак години се. Го однесов во најблиската продавница со детска количка. Му барав иста таква јачина (43-45Ач) ама да биде Варта или Ексајд. Запна да ме убедува дека не постојат толку мали акомулатори од тие марки !!. Ме најде во густо и ми утрапи Весна стартер, евтини ама со лоша репутација. Ми утрапи поголем, од 50Ач, демек подобро било. Сега акомулаторот работи, ама 2 дена ако не возиш не пали чакмак туку продолжено вергла, околу пола секунда. Јасно е дека тие акомулатори се само за старите типови возила, стојадини и слични. Гарантен рок е 2 години, но и по 2 месеца да цркне пак ќе ти даде таков, нема опција да доплатиш и да земеш поквалитетен.
Затоа имам предлог , самите потрошувачи да се организираат и да имаат на социјалните мрежи и форуми
ТЕМИ -
Црна листа на брендови, каде ќе бидат прикажани негативни и позитивни искуства на потрошувачите. Нема друго, само да осетат увозниците и трговците што значи лош и добар глас.
Нешто такво има во форумот за автомобили и сега гледам дека брендот акомулатори Весна е многу ниско котиран, но мене ме фати бељата итно да морам да купувам...