Почина актерот Васил Шишков

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Жалосно, криво ми е за човеков. Освен ко Бумбар, на македонски народни приказни и светот на бајките во моментов не можам да се сетам на некои негови улоги. Имал навистина суров живот уште од мал, нека почива во мир.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Последната улога во театар во Вечна куќа беше стравотно кога излезе тој и го глумеше сопствениот татко, мислиш оживеал Ристо Шишков.... толку прекрасно ја долови улогата.

Нека почива во мир.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Колку тежок живот имал во детството и жално што згасна живот на 44 годишна возраст и нека почива во мир,барем смртта не го боли туку животот го боли .
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Idiotizmi na sekoj chekor a toa ste vie povekjeto koj shto kenjate deka bil vakov ili onakov, nebitno voopshto, no gnidizmot vo vas e pojak od vashiot primaren razum.
Neka si pochiva vo Mir chovekot, lesna neka mu e zemjata... Nivnoto delo po loza nema da bide zaboraveno i nashite deca kje uchat za niv. R.I.P!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прееска налетав на статусот на Тони Михајловски на ФБ, ептен ме потресе некако, преубаво кажано:

“Вашиљ, велат дека си заминал од овој свет. Без поздрав бе цимер. Без шанса да ти вратам за добрината што ми ја направи. И знам зошто ми навираат солзите на очи додека го пишувам ова. Како што знаев, кога те гледав како го играш стариот твој во последната претстава, зошто тебе ти навираа и течеа солзите. Ти го земаа на сила, прерано и кукавички, а тебе те гледаа како споменик на нивното предавство. Сега си со него. Со оној кого најмногу го сакаше и кој најмногу те сакал. Со стариот. Поздрави го. Поздрави ги сите наши Вашиљ и почивај во мир бидејќи овде, на овој свет го немаше. Твојот сон да снимиш филм за стариот се надевам дека ќе го одсонува некој што ќе остане. Не знам само зошто додека плачам низ главава ми ечи "Налеј налеј"... Ќе те спомнуваме и паметиме брату.“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom