Долгот не се наследува, ама имотот што го има тој што должи некој може да го наследи,
не е лош законот, не може некој ако имал земено кредит и должи на банката кога ќе умре долгот да се брише, а имотот да го земат наследниците, наследниците не можат да плаќаат повеќе од вредноста на имотот што го наследуваат, пример иако имал кредит од 10к евра, имотот му вреди 5к евра и наследниците со прифаќање на наследството ќе вратат само 5к евра, со овој закон банката (или на кој и да должи) ќе си наплати некој дел .
Ако се разведуваат, тогаш долговите што ги имал пред склучувањето на бракот не се делат, ама вака при смрт на едниот и ако тој има имот стекнат пред брак и во брак има имот од каде може да се наплати долгот,
Нормално дека имотот пред брак не може да го наследи брачниот другар, ама можат децата, а имотот стекнат во брак ќе го делат сопружниците + децата, на пример ако не сакаат да го прифатат наследството банката ќе земе 50% од имотот стекнат во бракот, никој со сила не може да ги натера они да го плаќаат тој долг, ама кога знаеш дека пола од куќата ќе се продаде на некој друг и те како ќе го плаќаш.
Значи тоа ми е, ако не сака мажот/жената може да не го наследи долгот, а не дека МОРА да го наследи.