Починат родител, враќање кредит

Член од
2 август 2012
Мислења
79
Поени од реакции
12
Си ги запишуваат средствата во загуби и си продолжуваат со животот :)
а може ли на пример родителот да има наследници (родени, свои деца) но нема што да остава у наследство, никаков имот, недвижнина, автомобил, нема сигурно телевизор и перална за садови да се смета за наследство?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
а може ли на пример родителот да има наследници (родени, свои деца) но нема што да остава у наследство, никаков имот, недвижнина, автомобил, нема сигурно телевизор и перална за садови да се смета за наследство?
Ако нема што да остави во наследство, нема од што да наплатат. Има некои правни дејствиа, ако се сеуште во брачен однос со другиот партнер без потпишан развод, во брачна заедница се засметуваат стварите кои ги стекнале во заедничкото живеење. Правото подразбира само документ али ова се веќе правни работи и може само правник да ти ги објасни. Princess Of Evil; и Струмикс; ти се правници со искуство обрати им се по приватна порака да не биде јавно разглабање на интимни ствари, со сигурност ќе ти помгнат во имотно-правни односи.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Многу работи на темата, гледам, се објаснети, полуобјаснети, начнати...
Благодарам Леандра што ме „прозва“ (незнам со тоа мајмунот да тагирам членството :)), па ќе се обидам вака да појаснам некои работи:
Најважно е позитивна наследничка изјава. Значи, по законот си наследник, но со изјава треба да го прифатиш наследството.
Во спротивно, нема да бидеш прогласен за наследник. Во тој случај никому ништо. Ни земаш, ни даваш, ниту на кој и да било начин те гонат за што и да било а има врска со оставителот (починатиот).
Ако веќе си го прифатил наследството, одговараш за правата, но и обврските на оставителот во степен во кој си се стекнал со наследство.
Напросто: Си наследил 1/2 од оставината, должен си со 1/2 од долгот на оставителот.
Е сега... оставинска постапка се поведува за ствари кои фигурираат во некој државен регистар и се сопственост на починатиот (оставителот). Тоа се недвижности, возила, акции, удели... се она кое се води во некаков регистар.
За телевизори, перални, троседи, двоседи, фотељи, спални и сл. не се води постапка.
Некој спомнуваше банката ќе водела постапки за утврдување нужни наследници и што ли уште не... такво нешто...тешка работа.
Од прилика... толку.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Одговорен си за обврските во оној обем во кој што си се стекнал со права или имот. Доколку си наследил кола, одговараш за долгот во висина на вредноста на колата. Значи сразмерно на правата.

Инаку, иако сите сте му срипале на добропознат, човекот сакал да нагласи дека во нашава реалност од банка тешко се бега. На пример починува должник додека уште не го исплатил кредитот, и наводно нема наследство, ама банка не се откажува така лесно, па сама може да поведе оставинска постапка, за да се утврди вредноста на оставината, па обично во такви случаи, членови од семејството сами се договараат со банката за исплата на рати, за да не одат низ правни процедури. Значи збориме за суптилен начин на присила да си прифатиш обврска.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322

Банката може сама да започне оставинска постапка :eek: како бе така?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Банката може сама да започне оставинска постапка :eek: како бе така?
Како заинтересирана страна, може да побара отпочнување, нема она да ја води постапката. Значи поднесува барање до суд, односно до нотар по најново.
Е сеа, воглавно тоа се однесува на поголеми долгови, не ми се верува за 2-3000 евра тоа да го прават.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Како заинтересирана страна, може да побара отпочнување, нема она да ја води постапката. Значи поднесува барање до суд, односно до нотар по најново.
Е сеа, воглавно тоа се однесува на поголеми долгови, не ми се верува за 2-3000 евра тоа да го прават.
Барањето е до суд па оттаму одредуваат нотар кој ќе ја води постапката. Мислев дека можат само наследниците или тестамонијалниот наследник да започнат постапка затоа ми е чудно малку што и банката би можела. Нели се оди со извод од матична книга на родени за да докажеш сродство или пак со тестамент и се пополнува барање кое чини негде околу 20 евра.
Не разбирам зошто мора долгот да биде толку над 2-3000 евра за да ја започнат постапката кога започнувањето на оставинската постапка не е скапо?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Барањето е до суд па оттаму одредуваат нотар кој ќе ја води постапката. Мислев дека можат само наследниците или тестамонијалниот наследник да започнат постапка затоа ми е чудно малку што и банката би можела. Нели се оди со извод од матична книга на родени за да докажеш сродство или пак со тестамент и се пополнува барање кое чини негде околу 20 евра.
Не разбирам зошто мора долгот да биде толку над 2-3000 евра за да ја започнат постапката кога започнувањето на оставинската постапка не е скапо?
Не мора да биде де, ти кажувам од пракса дека за помал долг од тоа не се замара банката.
 
Член од
2 август 2012
Мислења
79
Поени од реакции
12
Многу работи на темата, гледам, се објаснети, полуобјаснети, начнати...
Благодарам Леандра што ме „прозва“ (незнам со тоа мајмунот да тагирам членството :)), па ќе се обидам вака да појаснам некои работи:
Најважно е позитивна наследничка изјава. Значи, по законот си наследник, но со изјава треба да го прифатиш наследството.
Во спротивно, нема да бидеш прогласен за наследник. Во тој случај никому ништо. Ни земаш, ни даваш, ниту на кој и да било начин те гонат за што и да било а има врска со оставителот (починатиот).
Ако веќе си го прифатил наследството, одговараш за правата, но и обврските на оставителот во степен во кој си се стекнал со наследство.
Напросто: Си наследил 1/2 од оставината, должен си со 1/2 од долгот на оставителот.
Е сега... оставинска постапка се поведува за ствари кои фигурираат во некој државен регистар и се сопственост на починатиот (оставителот). Тоа се недвижности, возила, акции, удели... се она кое се води во некаков регистар.
За телевизори, перални, троседи, двоседи, фотељи, спални и сл. не се води постапка.
Некој спомнуваше банката ќе водела постапки за утврдување нужни наследници и што ли уште не... такво нешто...тешка работа.
Од прилика... толку.
Доколку се откажат од наследство децата значи сопругата сепак останува “наследник„ и таа е должна да го врати долгот? А ако и она се откаже значи дека никој нема да враќа долг? Се додека не се однесе доказ дека корисникот на кредитот е починат, банката ќе продолжи да испраќа рати и секој може за тоа време да го користи кредитот и да влече средства?
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.572
Интересно...во овој случај банката починала но по 5 години си ги бара парите дури и со камата...

Македонска банка во ликвидација воскресна и ги бара долговите од граѓаните и од компаниите, но со камата за 5 години наназад, односно од моментот на згаснување. Без какво било известувања или опомена во изминативе години, банката ликвидирана во 2007 година ги вџаши граѓаните со судски извршни решенија во кои се наложува плаќање камати повисоки од долгот.

http://www.ohridon.com/m-vesti/9274-2012-10-05-05-56-22.html
 
Член од
11 октомври 2007
Мислења
49
Поени од реакции
7
да ја освежам темата малку,на другар татко му почина и има долг од ОК кредит од стопанска банка од 5000 евра 300 000 денари.Другарот и мајка му ги викнаа на нотар за да се отвори маса за имотот и тие изјавија дека починатиот немал на негово име никаков имот и нотарот му даде нешто како документ дека немаат наследено никаков имот.Сега треба да го враќаат кредитот или не?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872

Ima li ziranti? Ako ne togas kako moze bankata da dava tolku golema suma na kredit ako kreditobaratelot nema nisto na negovo ime?

Sent from my Samsung Galaxy S3 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2007
Мислења
49
Поени од реакции
7
Ima li ziranti? Ako ne togas kako moze bankata da dava tolku golema suma na kredit ako kreditobaratelot nema nisto na negovo ime?

Sent from my Samsung Galaxy S3 using Tapatalk
Нема жиранти,кредитот беше даден дека земаше плата од таму и имаше висока плата
 
Kajgana Shop

На врв Bottom