Починат родител, враќање кредит

П

Пепси_

Гостин
Се плаќа цел кредит до крај но без камати и такви работи плус не си временски ограничен. Кој не сака да верува негова работа не ме цитирајте со закони и такви срања пошто ова е веќе видено. Дали банките не ебат или не никој не може да писне на глас.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Епа како,некој мора да го врати кредитот..банките немаат емоции па ај починал човекот бог да го прости,немора парите нека му идат на душа.. Прво врача жирантот,ако има..еден или двајца, ако нема најверојатно најблиското семејство,т.е. наследниците..Наследник не е само да наследи имот и пари,туку ќе наследи и долгови ако ги има. Двојно значење има терминот :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Тресење зелени без врска.
На лица постари од 60-65 години НЕ ИМ ДАВААТ КРЕДИТ.
Истото важи и ако последните рати ја поминуваат границата од 60-65 години
Пр лицето има 45 години и бара кредит на 30 години за стан,нема теоретски шанси да го добие кредитот
Можат и заклучно со 65 да добијат кредит, под услов тој да е до 2 години враќање со жирант кој не е пензионер и е примач на плата преку таа банка (зборувам за конкретна банка, ама би требало да се слични условите).
Дури и за вториов случај со 45 годишно лице и 30 год. кредит, ако одлучат така повисоките органи.Во зависност од големината на кредитот, одат на различни нивоа на одобрување (прво ниво Директор на филијала, второ раководител на мрежа на филијали, итн.).Додуша е вистина неверојатно за ваков случај да одобрат (за првиот до кај 2 -3.000 евра многу полесно), освен ако не е позната фаца или во познанство со фаците во банката :)


Означениов дел ми е интересен, квалитетно ме збуни...
Naslednici.png

Како би било ако побарувањата не се исчистат целосно со делбата поради немање средства, а пристигнат останатите недоисплатени обврски до три години после пристигнувањето делбата?Значи побарувања во случајов од банката да стигнат после делба (недоволно средства за враќање на кредитот)?
Правници ?
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Го поставувам прашањево овде затоа што е поврзано со банки, економија но ако не е на соодветното место молам нека се премести. Имал ли некој слично искуство? Дали децата или други законски наследници се должни да го враќаат кредитот откако родителот на кој гласел ќе почине? Или сопругата ако е жива треба да го враќа?
Наследниците на оставителот ги преземаат сите долгови на оставителот. Ако сакаш можеш и да не се прифатиш за наследник и со тоа нема да бидеш обврзан да враќаш кредит. Може на пример, ти да се откажеш за наследник, а мајка ти да се прифати и со тоа само таа ќе биде должна.
Тоа е накратко.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Не даваат банките кредити туку така... цела процедура има за одобрување на кредит, се чешла кредитобарателот... башка, треба да нагласиш каков кредит бараш, ако сакаш кредит за автомобил или куќа/стан, те обврзуваат со договори да не можеш да продаваш, така да што и да се случи, едноставно ќе ти го земат станот/автомобилот и решена работа, нема загуба за нив. Ако сакаш некакви си потрошувачки кредити или не знам што, нема шанса да ти дадат повеќе од 2500 евра (како што кажа леандра) без жиранти или хипотеки. Не работат банкарите на среќа, се е прерачунато и осигурано.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Само во Македонија која ќе ги фискализира и оданочи адвокатите што друго можеш да очекуваш од оваа дупка во која луѓето/обичните смртници пропаѓаат се подлабоко.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Дечки дај не давајте идиотски совети коа ништо не знаете,ќе го испаничите човекот.Ја читав темата и јесда и ја не се разбирам окулу ова али мислам дека е тресење глупости.
Што ако живеам одвоено со татко ми и направи долг од 1 милион?Или некој далечен роднина од 4то колено ми го префрли долгот..Ни крив ни дужен.Логички е дека враќаш онолку колку што си наследил,Princ имаше објаснето најубаво.
 
S

Sagan

Гостин
Член 137 е јасен и ги решава сите дилеми. Со самото тоа што некој се јавува како наследник на имот (кој нели, до тој момент не бил негова сопственост), истиот ги сноси и обврските кои оставителот на наследство ги имал спрема трети. Членот јасно кажува дека големината на наследениот долг НЕ МОЖЕ да биде поголем од големината на наследениот имот. Т.е. не може да се наследи САМО долг.

Секој кој има законско право и САКА да се јави како наследник на починатото лице, ќе треба да врати пропорционален дел од долгот на оставителот.

Гадна ситуација е и знам дека сите кои се нашле во вакво нешто, се осеќаат на некој начин изиграни од оставителите, но сепак треба да сме свесни дека и оставинскиот имот и долгот се / биле на некој друг. СЕКОЈ подвижен предмет купен со пари на некој од наследниците, секако дека не влегува во имотот на оставителот (кола, мебел...).
Untitled.jpg
 
Член од
2 август 2012
Мислења
79
Поени од реакции
12
Член 137 е јасен и ги решава сите дилеми. Со самото тоа што некој се јавува како наследник на имот (кој нели, до тој момент не бил негова сопственост), истиот ги сноси и обврските кои оставителот на наследство ги имал спрема трети. Членот јасно кажува дека големината на наследениот долг НЕ МОЖЕ да биде поголем од големината на наследениот имот. Т.е. не може да се наследи САМО долг.

Секој кој има законско право и САКА да се јави како наследник на починатото лице, ќе треба да врати пропорционален дел од долгот на оставителот.

Гадна ситуација е и знам дека сите кои се нашле во вакво нешто, се осеќаат на некој начин изиграни од оставителите, но сепак треба да сме свесни дека и оставинскиот имот и долгот се / биле на некој друг. СЕКОЈ подвижен предмет купен со пари на некој од наследниците, секако дека не влегува во имотот на оставителот (кола, мебел...).
Прегледај го приврзокот 49578
Кој е законов од кој што вадите цитати? Ако може линк или upload овде. Благодарам.
 
F

FARANG

Гостин
Ова го има само во Македонија. Секаде у свет ако почине човек и нема жиранти банката го отпишува долгот ова е лудо бре
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
Ова го има само во Македонија. Секаде у свет ако почине човек и нема жиранти банката го отпишува долгот ова е лудо бре
Не бе, ја надувавме малце ситуацијата. Нема ни тука таква работа како генерациско наследување на обврска(освен ако изречито не биде договорена истата. Дури и во тој случај легалноста е дискутабилна)
Ако нема жиранти и не е обезбедена обврската(колатерал) едино може да проба да тужи. Умрен човек.
Ретко кога им се исплаќа целата постапка, бидејќи ваквите заеми се на релативно мали суми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom