Член 137 е јасен и ги решава сите дилеми. Со самото тоа што некој се јавува како наследник на имот (кој нели, до тој момент не бил негова сопственост), истиот ги сноси и обврските кои оставителот на наследство ги имал спрема трети. Членот јасно кажува дека големината на наследениот долг НЕ МОЖЕ да биде поголем од големината на наследениот имот. Т.е. не може да се наследи САМО долг.
Секој кој има законско право и САКА да се јави како наследник на починатото лице, ќе треба да врати пропорционален дел од долгот на оставителот.
Гадна ситуација е и знам дека сите кои се нашле во вакво нешто, се осеќаат на некој начин изиграни од оставителите, но сепак треба да сме свесни дека и оставинскиот имот и долгот се / биле на некој друг. СЕКОЈ подвижен предмет купен со пари на некој од наследниците, секако дека не влегува во имотот на оставителот (кола, мебел...).
Прегледај го приврзокот 49578