Многу работи на темата, гледам, се објаснети, полуобјаснети, начнати...
Благодарам Леандра што ме „прозва“ (незнам со тоа мајмунот да тагирам членството
), па ќе се обидам вака да појаснам некои работи:
Најважно е
позитивна наследничка изјава. Значи, по законот си наследник, но со изјава треба да го прифатиш наследството.
Во спротивно, нема да бидеш прогласен за наследник. Во тој случај никому ништо. Ни земаш, ни даваш, ниту на кој и да било начин те гонат за што и да било а има врска со оставителот (починатиот).
Ако веќе си го прифатил наследството, одговараш за правата, но и обврските на оставителот во
степен во кој си се стекнал со наследство.
Напросто: Си наследил 1/2 од оставината, должен си со 1/2 од долгот на оставителот.
Е сега... оставинска постапка се поведува за ствари кои фигурираат во некој државен регистар и се сопственост на починатиот (оставителот). Тоа се недвижности, возила, акции, удели... се она кое се води во некаков регистар.
За телевизори, перални, троседи, двоседи, фотељи, спални и сл. не се води постапка.
Некој спомнуваше банката ќе водела постапки за утврдување нужни наследници и што ли уште не... такво нешто...тешка работа.
Од прилика... толку.