Според одговорите на другите мислам дека е јасно за што се работи, ама ајде...
Наметнати одговорности како училиште, работа, брак, грижа за домот или па општо однесување дома и надвор. Само секојдневни примери, кои од прва изгледаат дека се нормални, бидејќи сите ги применуваме. Но, дали навистина сакаме да учиме? Ако да, дали тоа што го учиме е тоа што е поисплатливо и покорисно или тоа што без оглед на се` па и туѓото мислење ние сме го избрале?
Работата... дали работиме затоа што така мора или затоа што сакаме? Дали прифаќаме секаква работа само затоа што ни е потребна или наметната (најчесто од семејството нали) или па одбираме да работиме тоа што сакаме?
Бракот... дали стапуваме во него затоа што е некоја задолжителна традиција или затоа што сме го нашле тој со кого сакаме да го поминеме целиот живот и баш сакаме тоа да е запишано на парче хартија? И друго оди тука... дали имаме деца само во брак затоа што така сакаме или затоа што по некое непишано правило така мора да биде?
Околу грижата за домот... дали постапуваме одговорно кон сите работи кои следат тука, само затоа што така мора или затоа што така сакаме? Тука што знам... стави чистење, уредување, редовно плаќање сметки, како и грижа за стара свекрва, 35 годишен син итн.
За нашето однесување... дали се однесуваме кон се` и секого како што сакаме или како што тоа на некој начин се бара од нас и како што други не учеле? Кога влегуваме во продавница, банка, училиште... нели најчесто не се однесуваме како што можеме по дома, па дали тоа е по наша желба или затоа што така мора, за да го завршиме тоа што сакаме?
А да живееме како што сакаме... прашањата погоре може и тука да се сместат. Ете одговарајќи ги нив, ќе видиш ваљда дали живееш како што "треба" или како што сакаш и ти доаѓа само по себе, како и дали тие две работи можеби ти се поклопуваат.
Е сега, да кажам нешто повеќе и за прашањето што го насмеа Разиел. Ако мислите дека е храбро да се поднесе секое наметнато правило за живеење, дали вие живеете така и дали сте и вие храбри? Ако мислите па дека е похрабро да се живее наспроти сите дадени норми, а вие тоа едноставно не го можете, дали се сметате за некои "слабичи", кои иако знаат дека не живеат како што сакаат, сепак поинаку не можат?
Разјаснив малку?
Уште од мометот кога се раѓаме, носиме во себе "принуда" на инстинктот/мотивот. Тоа се мотивите за прежувување, размножување/сексуално исполнување, сигурност, родителски инстинкт, себе докажување и себереализација.
-Поконретно, инстинктот за преживување не принудува да бараме, по секоја цена, начини да ги задоволиме основните физички потреби за опстанок, како што се вода, храна, одржување на оптимална телесна температура и сл. Тоа е воедно и базичниот, најсилен инстинкт. Практично, тој може да се преведе како потреба за барање на дом, работно место и др. кои ќе ни овозможат да ги задоволиме овие потреби.
-Инстинктот за сигурност има и физичка и психолошка димензија. Имено, под сигурност подразбираме и телесна сигурност, односно околина во која нашето физичко битисување нема да биде изложено на опасност, било од околината, било од некоја личност. На психолошко ниво се однесува на нашите емоции и индивидуалност и чувството дека може да се искажуваат слободно, без притоа да се чувствуваме и реално да бидеме загрозени.
-Инстинктот за размножување не тера да бараме партнер со кој би ги пренеле најдобрите можни гени на нашето идно дете и истовремено би го задоволиле мотивот за сексуално исполнување кое подразбира и физичко, но уште повоќе емотивно задоволство, преку фактот дека сме посакувани, прифатени целосно и сл.
-Родителскиот инстинкт пак, ни наложува да правиме се (понекогаш да вложуваме и надчовечки напори) за да го заштитиме и да му ги задоволеми потребите на нашето потомство и по цене на себе жртвување.
-Мотивот за себе-докажување се однесува на тоа да ги изложиме своите ставови/идеи, својата индивидуалност/карактер и темперамент на околината и истита да бидат прифатени и поздравени. Поинаку, она што сметаме дека претставуваме како личности да може слободно да се изразува и притоа да биде одобрено од останатите.
-И како највисок мотив, мотивот за себе-реализација, кој претставува пронаоѓање и работење на се она што го посакуваме и што знаеме дека не развива и прави подобри личности. И баш овој мотив луѓето најретко го постигнуваат.
Значи, сите овие мотиви/инстинкти се меѓусебно поврзани и зависат еден од друг. Односно, поставени се во пирамидална хиерархија и секој еден го ствара другиот и произлегува од другиот.
Или, поинаку прикажано, без задоволен инстинкт за преживување, не може да има задоволен мотив на сигурност, а останатите мотиви воопшто и не се земаат во предвид.
И сево ова го изнапишував за да илустирам дека огромен број од живтоните постапки, можеби и 98% проценти ги правиме за да ги задоволиме набројаните инстинкти/мотиви. Работиме на лоши работни места, остануваме во деструктивни бракови и врски, стануваме одметници на општеството и сл. водени од силата на инстинктите. И тука нема храброст/кукавичлук. Има само избори кои ги правиме кога решаваме кои мотиви/инстинкти се приоритетни за реализација.
Така, кога нашето дете е во опасност, не размислуваме за себе-реализација. Тогаш родителскиот инстинкт е примарен. И истово важи за се во живтото и скоро за секој.
И да дадам конкретен одговор на темава...Храброст е кога ќе умееме да го правиме она што го сакаме и што сметаме дека не унапредува, без притоа да повредуваме/нанесуваме штета на било кој.
Кукавичлук е кога се себе-докажуваме и себе-реализираме, на преќутен начин и попатно штетјќи на други.
Но, се останува на личниот избор, воден од приоритетот на мотиви. И не би ги карактеризирала како погрешни/правилни. Едноставно, во дадениот момент толку сме умееле и знаеле.