Похрабар начин на живеење

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Што е похрабро според вас... соочување со сите наметнати одговорности во животот или да се живее истиот така како што ние сакаме?
Зошто првото или зошто второто?
Според вашиот одговор, спаѓате во храбрите или слабичите?
Мислам дека нема потреба од дополнителни потпрашања, но ако има, ќе ве потпрашам накнадно. :)
Јас би рекла што е попаметно.
Секој од нас може да ги отфрли наметнати одговорности во животот (како што велиш ти) и да си живее како што сака, исто како што и секој може да ги прифати тие одговорности и да живее според нив и аналогно на првиот дел од реченицата- да не живее како што сака.

Но, што е попаметно?

Можеби ќе биде похрабро од нас да избереме (било кој) еден од двата начини на живот но, повторно ќе прашам, што би било попаметно?
Кој начин на живот е тоа?
Зашто се "наметнати" поголемиот дел од одговорностите? За наше добро или не? Ако не е за наше добро тогаш зашто ги прифаќаме тие одговорности? Можеби и самохраната мајка би сакала да замине некаде во Африка, да дигне раце од се и едноставно да си проживее онака како што сака, но на кого ќе ги остави дома децата? Кој ќе и ги храни? Кој ќе се грижи за нив? И на крај се поставува прашањето според темава, што е похрабро во овој случај? Да се остават децата и да се замине или да не се остават децата?

Така што, јас би рекла дека не станува збор за храброст во овој случај. Едно е да си паметен и да го избереш она што е најпогодно за тебе и оние кои што зависат од тебе, а нешто сосема друго е да си храбар.

И уште едно нешто со коешто јас исто така не би се сложила, велиш "наметнати одговорности во животот".
Зошто наметнати?
А што беше со правото на избор?
Можеби одговорностите се наметнати, но наше е правото дали ќе ги прифатиме истите или пак не. Значи повторно правиме избор, го избираме најдоброто за нас што значи дека пак живееме како што сакаме ние. Како што рече и некој погоре: да се иде кај вујкото на гости или не, ако се иде како да се однесува...? И на крај пак самите ќе избереме дали да идеме или не или дали да му кажам дека многу му е грозна тортата што ми ја послужил или да го премолчам тоа? Секако ќе го премолчам, но не затоа што тоа се очекува од мене туку затоа што јас сум сакала да го премолчам за да не го повредам, од каде повторно се враќаме на истото, и со прифаќање и со неприфаќање на наметнатите одговорности пак живеам јас како што сакам и по мој избор.

Зарем храбра сум?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Можеме да најдеме различно дефинирање на храброста,од различни историски личности...
За да признае некој колку е геј во нашево општество,прашај дали не треба да ма храброст.....И да амбиција е,на некој начин успех,признавање на тоа што се,односно на тоа што тврдат дека тие се...
Кажи ми ти зарем нема некој почуден околу тебе??За да сватиш погледни околу тебе,и ќе видиш колку личности се неприфтени,затоа што одбрале некој свој живот и повторно запрашај се дали не треба да имаш храброст да си го следиш својот став и живот...

АКо го живееме нашиот живот така баш како што сакаме,тогаш животот ќе ни е на сите пошаренолик и поинтересен,но затоа пак се воспоставени сите норми,за да не вратат во стадото кога си живееме како сакаме,а верувај ми не се отпадоци таквите луѓе,но поголем дел така ги сметаат такви,а за нив има секогаш некои предрасуди....:smir:
Колку ебано глупо аргументираш. :smir:
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Невозможно е да се живее животот како што секој сака затоа што самото општество ќе те изолира. Токму затоа постојат правила итн...
Проблемот е поедноставен, културно социолошки.

Дали да идам на слава кај вујко ми?
Ај бе некој нека ги наброи наметнатите правила и одговорности што сите ги спомнувате? Бидует?
Јас и онака сум во конфузно-хаотична ситуација, сега уште толку се збунив да му се севиди!!:icon_eek:

Поштујем пример!
Very simple, yet tells a lot! И повлекува низа други прашања, поврзани со одговорностите и критериумите за "нормално и правилно живеење", кој да ме убиеш не знам кој ги поставува, зашто јас отсекогаш мислев дека јас си ги одредувам!
Ако отидеш и седиш на слава очекувај да бидеш бобмардиран со прашања за твојот љубовен, факултетски и не знам каков живот! Битна работа: твојот, мојот уатевер! Ако имам дечко, зошто имам, кој е од која фамилија е! Ако немам, нешто не е во ред со мене! Зошто немам кога треба да имам на мои години! уат д фак тетки и стрини??
Ако не отидеш, пак нешто не е во ред! Зошто не си отишол! Фрик у фамилија!
Како и да постапиш, секогаш ќе има нешто што нема да ги задоволува критериумите и нормите! Then really, why bother?

Фамилијата моја појма неам шо мисли за мене, ни сум ги слушнала ни сум ги видела, што не значи дека не ги сакам и не ми фалат!
Знам само дека еден куфер пакувам за дома, друг за отаде светот! Сакам дa скокам со кенгурите една година и фала богу писмена сум сама да си средам документи и апликации, а не да го праќам тато по институции!
Така сакам бре, чергарски да живеам, ми се скита, што секако е против правилата и нормите наметнати од појма неам ху, според кои би требало да си фатам се со ред! Диплома, мажачка, опа иха, постапалка!
E мај ес! Сори фамилијо! Разгледници ќе ви пратам на сите

И не знм дали е ова храброт...можеби само желба за независност, која во нашето ебано и труло општество е храбар потег! Жално!

И да, свесна сум дека ова се моите 21 год. и free spirit speaking:pipi:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Што е похрабро според вас... соочување со сите наметнати одговорности во животот или да се живее истиот така како што ние сакаме?
Зошто првото или зошто второто?
Според вашиот одговор, спаѓате во храбрите или слабичите?
Мислам дека нема потреба од дополнителни потпрашања, но ако има, ќе ве потпрашам накнадно. :)
Да го живееме животот онака како што ние сакаме во некои ситуации може да значи страв или бегање од нешто со кое не сакаме да се соочиме. Избегнувањето на наметнати обврски може да значи и лудост, ако немаме идеја или способност за супституција на `она што мораме да го направиме.` Од друга страна и правењето на `она што се мора` е релативно кога кога е храброст во прашање. Да го правиш она што мора да го правиш може да значи и храброст а може да значи и ноторна глупост. Така да не можам да дадам или или одговор. Двете категории се пререлативни за да може да се избере.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Колку ебано глупо аргументираш. :smir:
А ти сега даде сосема соодветен контра-аргумент:pipi:

Ќе те молам, тебе, а и останатите, во иднина да се воздржувате од недолични коментари од ваков тип.

он:
Додека го чекам одговорот од Дивајн, само да споменам дека не гледам линк помеѓу храброст и исполнување на општествено наметнати обврски/игнорирање на истите.


Всушност, таква поврзаност може да се најде ако анализираме поеденично случаи, и притоа бајаги релативизираме...Затоа што, во некои случаи треба итекако храброст да побегнеш од наметнатите одговорности...у друг случај, тоа е чист дисплеј на кукавичлук...како и да е, се зависи од многу фактори и околности.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Колку ебано глупо аргументираш. :smir:

И пак јас,бидејќи јас глупаво аргументирам,еве ти ја темава прочитај ја и ќе сватиш зошто мислам дека е потребно храброст за да си тераш по свое..Ај биди ми поздравен и паметен како што си и досега...
http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=31031
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Што е похрабро според вас... соочување со сите наметнати одговорности во животот или да се живее истиот така како што ние сакаме?
Зошто првото или зошто второто?
Според вашиот одговор, спаѓате во храбрите или слабичите?
Зависи како за кого. Ако некому не му тежат стереотипите иако не ги сака и си го нашол своето место под сонцето, секоја чест.
Ако некој е слаб и нема волја да се соочи со одговорностите треба да ги напушти, освен ако не очекува нешто навистина реално да му се случи, не пуста надеж.

Второто кај мене.

Кукавица за пример.
 
M

marsovka

Гостин
Можеме да аргументиораме со денови што е храброст а што е кукавица
ама за мене богзнае
некад сум храбра и ги изненадувам другите со моите испади(како што ги нарекуваат)
а некад се повлекувам иако треба да баш да покажам тогаш храброст ама јбг тоа сум јас непредвидлива
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Под наметнати одговорности се подразбира...?
Истово прашање и за она "да живееме како што сакаме"...?

*прашувам затоа што одговорите, лично, ми се потребни за да можам поконкретно да одговорам на темава.
Според одговорите на другите мислам дека е јасно за што се работи, ама ајде...
Наметнати одговорности како училиште, работа, брак, грижа за домот или па општо однесување дома и надвор. Само секојдневни примери, кои од прва изгледаат дека се нормални, бидејќи сите ги применуваме. Но, дали навистина сакаме да учиме? Ако да, дали тоа што го учиме е тоа што е поисплатливо и покорисно или тоа што без оглед на се` па и туѓото мислење ние сме го избрале?
Работата... дали работиме затоа што така мора или затоа што сакаме? Дали прифаќаме секаква работа само затоа што ни е потребна или наметната (најчесто од семејството нали) или па одбираме да работиме тоа што сакаме?
Бракот... дали стапуваме во него затоа што е некоја задолжителна традиција или затоа што сме го нашле тој со кого сакаме да го поминеме целиот живот и баш сакаме тоа да е запишано на парче хартија? И друго оди тука... дали имаме деца само во брак затоа што така сакаме или затоа што по некое непишано правило така мора да биде?
Околу грижата за домот... дали постапуваме одговорно кон сите работи кои следат тука, само затоа што така мора или затоа што така сакаме? Тука што знам... стави чистење, уредување, редовно плаќање сметки, како и грижа за стара свекрва, 35 годишен син итн.
За нашето однесување... дали се однесуваме кон се` и секого како што сакаме или како што тоа на некој начин се бара од нас и како што други не учеле? Кога влегуваме во продавница, банка, училиште... нели најчесто не се однесуваме како што можеме по дома, па дали тоа е по наша желба или затоа што така мора, за да го завршиме тоа што сакаме?
А да живееме како што сакаме... прашањата погоре може и тука да се сместат. Ете одговарајќи ги нив, ќе видиш ваљда дали живееш како што "треба" или како што сакаш и ти доаѓа само по себе, како и дали тие две работи можеби ти се поклопуваат.

Е сега, да кажам нешто повеќе и за прашањето што го насмеа Разиел. Ако мислите дека е храбро да се поднесе секое наметнато правило за живеење, дали вие живеете така и дали сте и вие храбри? Ако мислите па дека е похрабро да се живее наспроти сите дадени норми, а вие тоа едноставно не го можете, дали се сметате за некои "слабичи", кои иако знаат дека не живеат како што сакаат, сепак поинаку не можат?
Разјаснив малку? :)
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
По природа сум одговорна личност, многу пати се наоѓав во ситуации кои ми беа тешки, ама по мое сметав дека морам така да постапам . Имаше време кога се сметав себе си за голем слабич затоа што не се спротиставував на одредени нешта . ОСОБЕНО КОГА МЕ НАВАСАА ГОДИНИТЕ ЧЕСТО ЗНАЕВ ДА СЕ ИЗЖАЛАМ СЕ РАЗБИРА САМО ВО СЕБЕ . Сега кога обврските ми се намалија ,сватив многу важна работа, дека сето тоа многу ми недостасува ,значи да скратам, сум го правела сето тоа затоа што така сум сакала и дека никој никогаш не ме принудил да правам нешто што не можам или не сакам.Се што правиме е по наша желба (тука мислам и кога не постапуваме одговорно ) затоа што така ние сакаме ,ама многу често не сме свесни за тоа и мислиме дека некој друг ни наметнува .
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мене не ми е битно во животот дали храбро ќе го живеам, ниту како другите ќе ме окарактеризираат. Живеам и се соочувам со наметнатите одговорности. Верувам дека сите треба да се држат до одредени правила кога станува збор за факултет и слични обврски и дека треба да се држам до она што е во моја контрола и правилата дадени на ситуацијата.
Во зависност од ситуацијата знам некогаш да си ја исфилувам да испадне по мое и да се однесувам како што јас сакам, но тоа се однесува на сегменти од животот кои не подлежат на правила, кои не бараат некоја голема одговорност. Правилата се тука за да се следат. Кога сите би се однесувале како што сакаме, би настанал комплетен хаос. Затоа си се држам до обврските кои ги имам и гледам што поуспешно да ги извршам, а притоа знам да правам баланс и да уживам во убавината на животот и да си фаќам мои кривини.

Не знам дали е храбро, не знам дали е кукавички. Но знам само дека е мој начин на живот и се гордеам со тоа.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
'I'm gonna be just like you.The job, the family, the fucking big television. The washing machine, the car, the compact disc and electric tin opener, good health, low cholesterol, dental insurance, mortgage, starter home, leisure wear, luggage, three piece suite, DIY, game shows, junk food, children, walks in the park, nine to five, good at golf, washing the car, choice of sweaters, family christmas, indexed pension, tax exemption, clearing gutters, getting by, looking ahead, the day you die.'

Za ova ne treba hrabrost tuku da go isklucis mozokot, pravi sto ke ti recat i ke si vrvis nekako vo zivotot. Ili 99% od lugeto se hrabri?
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Only the strong and brave survives. Се сметам за храбар како во шмекот :) така и во животот. Има моменти во животот кадешто ете некои работи се појаки од нас и дозволуваме да не совладаат. Во момент на слабост можеме да паднеме во очај и да речеме...немам сила...не ме бива и т н. Тука треба да се стегне зуби и да се продолжи храбро со крената глава напред.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
na ovoj svet 5 % od lugeto se gospodari a drugite 94 % se Robovi

ima dva vida na Robovi: onie koi znaat i svesni se deka se Robovi i onie koi ne znaat....

hrabri se onie 1 % koi ne se ni robovi ni gospodari
 

Kajgana Shop

На врв Bottom