Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тони Мицевски, битолскиот Дејвид Бекам, мајстор за слободни и еден од најгрдите играчи икада.
Не баш.Ако бараме специфичен тип на играчи, тоа секад ќе се оние ДМ или ЦМ играчи без flair, некаков фенси дриблинг талент и слично. Сите тие играчи се потценети, и нема поента темата ако само по тоа гледаме.
Един Џеко. Бабо. Босански дијамант. Дете на Железничар од Сараево, официјален член на фан клубот и деклариран фан на истиот. Потценет може не е, ама доволно ценет дефинитивно не е.
Член на шампионската екипа на Волсфбург, генерацијата со Графите и Звјездан Мисимовиќ. Најдобар стрелец во историјата на клубот.
Шампион на Англија со Манчестер Сити после 44 години.
Топ 3 стрелец во историјата на Рома, капитен на клубот после 22 години италијански капитени, римјани.
Рекордер по број на настапи и прв стрелец на Босна и Херцеговина.
Висок и снажен напаѓач, доста подвижен со големо чувство за простор. Голгетер. Одличен во играта со глава и воздушните дуели. Покрај Манџукиќ, дефинитивно еден од најдобрите 9ки на Балканов.
Тони Мицевски, битолскиот Дејвид Бекам, мајстор за слободни и еден од најгрдите играчи икада.
Па, рака на срце просечен напаѓач, се моткаше по слаби екипи ко Сарагоса и Џенова, блесна една сезона во Интер и тоа е тоа. Во следните неколку се мачеше со повреди.Диего Милито
Ова го пишував и во заборавени играчи. Играч што му донесе ЛШ на Интер и исчезна од фудбалската мапа. Палеше и гасеше во нападот на Интер 2-3 години, а ниедно дете никогаш нема негов дрес да купи бидејќи не знаат дека постои![]()
Маркос Љоренте некни пркна, не верувам некој да го потценил него, едноставно е млад и дури сега му се даде салам шанса.Маркос Љоренте од по ново, дечкото е питбул кој треба да игра прва постава за Шпанија.
Томас Парти е играчина која може да игра прва постава во секој клуб на планетава!
Фабињо од Ливерпул. Се крева многу фама за играчи кои играат на таа позиција а се полоши од него.
Ван Бисака. Можеби не е потценет ама не се цени колку што вреди детето. За мене класа подобар од Трент.
Сите овие заедно немаат 5 сезони професионален фудбал изиграно.Маркос Љоренте од по ново, дечкото е питбул кој треба да игра прва постава за Шпанија.
Томас Парти е играчина која може да игра прва постава во секој клуб на планетава!
Фабињо од Ливерпул. Се крева многу фама за играчи кои играат на таа позиција а се полоши од него.
Ван Бисака. Можеби не е потценет ама не се цени колку што вреди детето. За мене класа подобар од Трент.
Салах. Никој никад нема да го цени колку што стварно е добар. Извини, перфектен.