Потценети играчи

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.019
Здраво дечки,

подолго време имав идеја за темава, и баш на FB ми излегоа ретро слики со 2-ца штопери што мислам дека биле меѓу подобрите во своето време, меѓутоа никогаш не го добиле потребниот credit. Значи, би сакал темава да биде "обратно" од заборавени играчи, каде на играчи им се давале различни епитети од типот на следниот Роналдињо,Роналдо,Бекам,Кака итн. по одиграна една нецела сезона, туку за играчи кои никогаш не го добиле потребниот "credit" што го заслужувале. За почеток од мене, играчите што денес ми излегоа на фб.. Роберто Ајала, веројатно еден од најдобрите штопери на светот на почетокот на 2000те години, долги години капитен на Аргентина (официјално, најмногу натпревари како капитен) и Алдаир, еден од столбовите на Рома и на репрезентацијата на Бразил своевремено..

Го прогласуем темата за отворено :)
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.607
Поени од реакции
17.441
Andrea Barzagli

Душата и умот на 'BBC' одбраната. Страшно добар дефанзивец и читач на играта. Како доста голем талент напрај трансфер во Палермо од Киево, од тука замина во Волфсбург каде освои титула па како дел од рата (300.000 евра) за трансферот на Диего направи трансфер во Јуве, во овај период Волфсбург беа во финансиски потешкотии (ако не се лажам). Неверојатно константен играч.
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Daren Flecher...
Skotot koj se probi kon prviot tim na Mancester posle golot protiv Celzi 2004. Mojot omilen igrac. Rabotnik vo sredniot del, ne sekogas prvotimec, ama nikogas ne izneveruvase koga igrase.
Steta sto porano morase da se otkaze porardi crevna bolest, iako se vrati povtorno i igrase za Stouk.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Димитар Бербатов - можеби најпотценетиот играч. Маестро со топка, чуда правеше на мал простор, имаше 99 техника, само беше спор и не беше маркетиншки вреден.

Роби Кин - селски Руни. Набиен, брз, дрибилнг, техника, шут, ептен заебен играч беше. Еден куп јаки голови даде. Легенда на Ирска со 146 настапи и 68гола.

Хејтингa, Влар, Ојер, Матијсен - холандски дефанзивци пред 10тина години, сите овие играа по послаби екипи и беа капитени за тие. Важеа за цврсти и стабилни и секогаш се чудев како ниеден од овие не игра за голема екипа. Со Холандија увек гураа до самиот крај на ЕП и СП.

Ди Натале - Легенда на Удинезе. Не знам дали он не сакаше да замине од Удинезе или пак никој не загриза за него ама сигурен сум дека кај и да беше ќе згазеше.

Валерон - селски Чави уште пред Чави да се појави. Легенда на Депортиво, одлична техника, пасс, правеше асистенции од шала.

Доста е за денес, утре пак.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.794
Поени од реакции
39.977
Како фан на Јунајтед би ги издвоил Бербатов, Бугарскиот брат близнак на Вини Корлеоне, Парк и Керик.

Од друга страна како фан на Премиер Лига, би ги издвоил, Мортен Гамст Педерсен, Габриел Агболахор, Џејмс Милнер, Герет Бери, лудакот Тим Кејхил, Демијан Даф и многу други што не ми текнуваат во моментов. :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.198
Поени од реакции
16.338
Mustafa Hasanagić

центарфор на златната генерација на ФК Партизан, ненадмашен во игра со глава и голови со волеј и ножички...
Но додека соиграчите ги завршија кариерите во силни европски екипи, Васовиќ во Ајакс, Јусуфи во Ајнтрахт, Галиќ во Лиеж, Шошкиќ во Келн, Рашовиќ во Борусија, Хасанагиќ не отиде веднаш по финалето со Реал, а бргу по тоа се разболе од туберкулоза што му ја попречи кариерата и ја заврши во мали клубови, швајцарски Сервет и францускиот Шо де Фон..
во купот на шампионите 1966 постигна 6 гола и го делеше 3место на најдобрите голгетери со Конели од Манчестер, а првото место со по 7 гола го делеа Еусебио од Бенфика и Алберт од Ференцварош, но треба да се напомене дека другите тројца голгетери натепаа голови со слаби екипи, а Партизан од почеток имаше само силни противници, Нант, Вердер, Спарта, Манчестер и во финале Реал...
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Хозе Марија Гутиерез или едноставно кажано Гути. Доктор по фудбал, тотална класа од играч, сув квалитет и кристално чиста техника, хируршки прецизни елегантно секси пасови. Господин човек, убавец, шпански секс симбол пред да се појави Рамос, дивјак, копач.

Хуан Роман Рикелме. Мрзливиот доктор. Неамбициозниот подгрбавен професор по точно подавање. Класична лењштина, некад не се ни потеше, стоечки играше и предаваше фудбал. Страотен шут, екстра пас и магичен дриблинг у место. Роман, икона на Бока Јуниорс.

Мајкл Керик. Кулијана задњи везни. Нетипична градба, грбав со грбав нос, наизглед не личи на фудбалер а уште помалку на некој со такво чувство за фудбал и подавање. Едноставна работа, прими ја од штоперите и отклучи противничка одбрана со еден едноставен пас по земја. Играј 10 минути на ти ја-дај ми ја и одеднаш опараааа ете ја стигнала у фор за Нани или некојси таму Парк Џи Сунг или Вејн Руни што ти ја знам.

Естебан Матијас Камбијасо. Сообраќаецот, авијатичарот и во поодминатите години синдикалецот. Елегантен заден везен играч. Со изглед на копач но со премногу осет за фудбал во нозете дебели. Левак. Дресот секогаш во шорцеви, максимално среден, педантен, чист. Сечење противнички напади и одзимање топка како цариник. Поврзување одбрана-напад како да споиш две парчиња магнет. Лесно. Кучу, тивка легенда на Интер. Репрезентативец на Аргентина. Кељавица со дугачка коса прво, после скроз кељав. Крилин.

Лука Тони. Шмекер, калчо романтичар, ебач, фраер, сидраш, шило. Намести му ја и немаш гајле. Класа играч, прослава на гол со рацете позади уши, прекрасна насмевка и харизматичен поглед. Корпулентен напаѓач со завидна техника и движење. Лука Тони е нешто што никад не станаа Марко Бориело, Алесандро Матри и Винченцо Јакинта. Ок, беа ебачи овие, и уште се до душа.

Хулио Рикардо ИЛ ХАРДИНЕРО Круз. Едноставно кажано цвеќарот, градинарот. Вечната резерва, џокер и легенда на Интер. Тотална класа од играч, влага у 75та и одма знаеш што можеш да очекуваш од него. Иако висок над 190, опасен дриблер и брз играч, ќе наниже еден двајца и ќе сервира за Адриано или Мартинс или кој и да е у навала до него. Немаше проблем да игра и со Ибрахимовиќ у постава, сам у напад или со некој брз ко првите двајца спомнати. Секако посебен шмек даваа неговите слободни удари. Школски пласиран шут над живиот ѕид. Некад знаеше да не изненади и со бомба.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Туку за играчи кои никогаш не го добиле потребниот "credit" што го заслужувале. За почеток од мене, играчите што денес ми излегоа на фб.. Роберто Ајала, веројатно еден од најдобрите штопери на светот на почетокот на 2000те години, долги години капитен на Аргентина (официјално, најмногу натпревари како капитен)
На овој кариерата му ја еба R9, бубрезите му ги извади, жал да те фати. Секогаш кога играа го дробеше.
 
T

Torchyrus

Гостин
Samir Handanovic, секогаш изоставуван во споредбите за најдобри голмани.
Мајстор за пенали и општо јак голман.
Памтам уште на фифа менаџер 2006 ако играш со малку послаб тим, си го зимаш него и обезбеден си 15 сезони...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.607
Поени од реакции
17.441
Клаудио Маркизио

За мене лично страшно потценет играч и сеуште незаменет во Јуве. Често беше шетан на разнии позиции од сите тренери поради техниката и визијата која ја имаше за на крај сиот потенцијал да го кажи пред одбраната и да биде еден од главните играчи на Алегри. Кога и да играше имаше одлични пасови напред и долги топки а одбраната секогаш беше покриена. Неуморлив играч, одличен тегхничар и визија.

Како само лесно можеше цела игра на тимот од одбрана ја префрли во напад. До крај го споредуваа со Тардели.

Надвор од теренот никогаш немаше нити скандал ни ништо, беше новиот дел пиеро во тој смисол, иден капитен...штета кариерата прерано му заврши после операцијата на лигаментите. За мене лично еден од омилените играчи и легенда на Јуве.
 
Последно уредено:

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Алваро Рекоба
Алваро Рекоба беше како upgrade version на Дибала....штета што играше во слаб Интер кој нон стоп луташе со играчи и тренери...иначе неповторлив играч.
Автоматски споено мислење:

Други играчи на памет кој ми текнуваат се Пабло Ајмар...генерацискиот талент во раните 2000-ти...тогаш играше во Валенсија која беше Топ3 клуб во Шпанија и редовен учесник во завршницата на ЛШ...една од најдобрите екипи во Европа но како што пропаѓаше Валенсија така пропаѓаше и Ајмар кој беше доктор по фудбал...брзина,дриблинг,вештина,шут..се имаше кучето...не успеа да го достигне очекуваниот прајм и да стани најдобар играч на светот.

Бербатов....иако делуваше мрзливо сепак Димитар многу го разбираше фудбалот.

Сон замижаниот од Тотенхем...прав убиец..техника,брзина,осет за гол,за пас,вештина...се има косиот а никој рецка не му мава..најпотценет играч моментално во светот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom