Сфаќаш дека телефониве се на допир нели? Ако ти е прв ваков телефон веројатно понатаму ќе се нервираш дека ти е мал екранот (за сурфање, особено за пишување, видео и сл.). Оди и види ги двата телефона и тој што ти лежи повеќе земи си го. Ако ти се свиѓа, терај и не се замарај. Пази кај HTC-то да не имаш жолти дамки по екран (на бела позадина се гледаат најубаво), една маана им е тоа. За Аркот, доста имам прочитано дека откако го надградиле на Андроид 4.0.3 (телефонот ти доаѓа со 2.3.6, и апдејт мора преку кабел првиот пак доколку сакаш), камерата вадела послаби слики и има проблем со WiFi (не се закачува на сите мрежи или воопшто не се закачува).