Како што дознава Мегастар засега се идентификувани 17 мртви и поголем број повредени. Неофицијално во мртвите и повредените имало и деца.
На местото на несреќата во моментов сеуште работат спасувачките екипи, а на брегот пред кривината кај Елшани се извлекуваат мртвите и повредените. Голема група граѓани стои на брегот и немо ја набљудува ситуацијата.
Според очевидците кои тонењето на бродот Илинден го гледале непосредно од палубата на бродот Александрија, бродот потонал за релативно кратко време, се слушнале силни татнежи од бродот по што врз луѓето кои се возеле на палубата се урнала тендата од бродот. Коија ги поклопила. И неколку мигови после тоа, бродот го проголтала водата.
Министрите Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Лазар Коњаноски и Бујар Османи тргнале од Скопје за Охрид за да дојдат на лице место каде што се случи несреќата.
Ова е прв пат после втората светска војна да потони брод во Охридското езеро.