Дома >
Македонија
Груевски на линија со Борисов
Коментари (0)
05.09.2009 12:36
Бојко Борисов
Од владини извори дознаваме дека извлечени се 15 безживотни тела, посебно тешко било извлекувањето на телата на четворица туристи кои биле заглавени внатре во трупот на бродот.
Дел од настрадани во бродската несреќа утрото во Охрид, кога потона бродот „Илинден“, се бугарски туристи.
Премиерот Никола Груевски веќе контактирал со неговиот бугарскиот колега Бојко Борисов. Бугарија за преживеаните ќе испрати вонреден авион кој треба да ги врати дома.
Владата за попладнево закажа вонредна седница. Утршниот ден најверојатно ќе биде прогласен за ден на жалост.
Претседателот Иванов денеска ги прекина своите редовни обврски и замина во Охрид на местото на несреќата.
Според информациите на А1 од кабинетот на претседателот велат дека тој попладнево ќе му се јави на бугарскиот претседател Георги Прванов.
Иако сеуште не се потврдуваат информациите дека на бродот „Илинден“ имало бугарски државјани, медиумите во Бугарија веќе јавуваат за нивни жртви.
Владата изрази жалење
Македонската Влада изрази жалење за бродската несреќа во Охрид
Македонската Влада изрази жалење за бродската несреќа во Охридското езеро во која, според првичните сознанија, повеќе од десет лица го загубија животот.
Македонската влада,
нема што да изразува жалење.
Мора да побара оставка од :
-Министерот за Транспорт и Врски
-Надлежниот за организиран превоз во рамките на Охродското езеро од локалната власт
-Шефот на капетанијата Охрид
а у затвор да го стрпа капетанот на бродот (ако е жив) и сопственикот на бродот.
Последните двајца ги товари за убиство од немарност,
претходните си ја губат работата заради неисполнување на работните задачи и немарност.