Прво сакам да кажам дека од историјата на сите балкански народи најслабо сум запознаен со онаа на Албанците и во моментов читам некои работи за албанската историја. Сега ќе презентирам некои работи кои се надевам дека ќе се корисни за дискусијата.
Треба да се разјаснат некои моменти во историјата на Кавкаска Албанија и за тоа каков јазик говореле кавкаските Албанци, од каде потекнува името на кавкаските и балканските Албанци и можат ли да имаат нешто заедничко овие два народа.
Античките хроничари пренесуваат името на Кавкаска Албанија како - Алуанк, а локалното население го нарекува агвани. Сега да видиме од каде доаѓа топонимот Албанија во Кавказ. Едно од античките дагестански племиња носи името - Алпан, нарекувани се уште лбини/лпини. Важно е да се знае дека етноним албанци за племето што живее Кавказ се јавува грцизирана форма транскрипција на етнонима лбини.Тука сепак треба да се прецизира дека овој етноним на дагестанското племе доаѓа од името на нивниот бог - Алпан.
''Симптоматичној јавлјаетсја при этом широкаја представленность и богатаја смысловаја насыштенность термина албан/алпан именно в диалектах собственно лезгинского јазыка, частичнаја утрата соответствујуштеј мифологическој терминологии у других лезгинојазычных народов и почти полное ее отсутствие у остальных соседеј.''
''Что касаетсја этническој истории Албании дохристианского периода, когда культ Алпана, которого Страбон при описании Кавказској Албании называет Зевсом, об'единјал родственные между собој лезгинојазычные народы...''
''Интересно также созвучие имени албан с упоминаемым в древнеармјанских источниках этнонимом лпин/лбин — последниј фигурирует у Плинија в форме лупен- (ср. здесь наименование молнии у будухцев и крызов лепан/лепјан)''
''Приведенные данные свидетельствујут о верности предположенија, что соответствујуштие этнонимы первоначально были рефлексами местных теонимов Алпан/Лепан, в которых отображено слово, означајуштее на соответствујуштих јазыках понјатие «молнија» и «бог-громовержец».''
http://gazeta-nv.info/content/view/4955/216/
Сега да видиме на каков јазик зборувале кавкаските Албанци и каква писменост користеле. Докажано е веќе од науката дека кавкаските Албанци од Средниот век говореле мешан јазик од нахо - дагестанската група и од соседните ирaнските jaзици, но по секоја веројатност античките агванци говореле јазик од нахо-дагестански тип кој е во група со лезгински и удински. Од ова станува јасно дека кавкаските албанци се зборувале на јазик од синокавказката група, демек тие се зборувале јазик кој не е од индоевропеjската група. Знае се многу добро и каква е средновековна азбука користена во Кавкаска Албанија. Според повеќето историчари творец на азбуката користена во средновековна Кавкаска Албанија е ерменскиот научник и светец Месроп Маштоц, кој создава исто ерменската и грузиската азбука.
http://ru.wikipedia.org/wiki/Месроп_Маштоц
Письменность в Кавказској Албании по данным средневековој армјанској литературној традиции. Историја открытија агванского (кавказско-албанского) письма
http://www.vehi.net/istoriya/armenia/kagantv/yazyk.html
http://www.vehi.net/istoriya/armenia/kagantv/udiny.html
http://www.philology.ru/linguistics4/klimov-99.htm
Ако балканските Албанци потекнуваат од античките кавкаски Албанци тогаш во денешниот албански јазик би требало да има голем број нахо-дагестански зборови. Јас лично не сум запознаен со албанскиот јазик, но не верувам да има такви зборови кои не се дури индоевропеjски.
И за крај треба да видиме можните опции за потекло на етнонима на балканските албанци. Некои бугарски истражувачи нудат неколку можни етимологијата на етнонима албанци и средновековното арбари/арабни.
1. Од дакијскиот bir, boir, тракиски bura - маж, глава на семејството, сопруг и ara, протоалбански ari - давам, добивам создавам, во фригиjски abberet - пренесува, предизвикува, создава, или од тракиски bria - населба.
2. Од илириjскиот збор olba - населба.
3. Трета можност е врска со ирското (галски) ilbhinn - скалеста планина. Во англиски alp значи планина, високо место и е позајмено од кимварски (jaзик од келтската група). Зборот е од келтско потекло (пракелтски * alb - рид), дал името на планината Алпи. Можно е споменатиот од Птоломеј антички Albanopolis да значи планински град или да доаѓа одилириjскиот збор olba - населба .
http://en.wikipedia.org/wiki/Albanopolis
4. Можните етимологијата на топонимот Арба/Раб се од илириjскито olba - населба. Топонимот вероватно е поврзан со средновековното илирско племе либурни. Најверојатно арбари има далечна врска и со келтските arwr - воин, аналог на дако-тракиски bur / bir, boir / bura - маж (респективно воин), односно arbar / arwar е можно да е негов незачуван аналог. Исто така во кимвaрски arwain - водам, управувам.
Ако не се лажам лингвистите откриваат голем број исти албански и романски зборови. Тука сепак доаѓа еден интересен момент и тоа е средновековната Komani-Kruja culture во која според некои историчари (гркот Николас Чаудис) се наоѓаат некои сарматски елементи,блиски до салтовомајацката култура која е формирана од бугари и алани. Знае се дека кога бугарскиот кан Кубер се одделува од аварски васалитет тој преселува заедно со својота бугарска војска и народ и покорени од аварите локални балкански жители нарекувани от хроничарите ''сермесианци''. Тоа биле киднапирани од аварите локални поданици на Византија кои најверојатно зборувале романизиран јазик мешан со стари палеобалкнски наречја. Дел од овие ''сермисианци'' најверојатно учествува во етногенезата на современите албанци, друг дел во етногенезата на современите власи. Од соседството со прабугари најверојатно во албанскиот јазик влегуваат и некои источноирански зборови.[DOUBLEPOST=1394382378][/DOUBLEPOST]
Незнам како се нарекувале Кавказките Албанци,но кај еден Кавказки народ-Грузијците и ден денес се среќаваат имиња како Рифад,Арбен,Aбди,Енвер,Нијази,Каплан што и не е случај кај останати православни народи.И покрај долговековната православна религија овој народ од антиката до денес практикува крвна освета.
На својот јазик народ'д'т наречен од античките и средновековни хроничари - Албанци себе најчесто се нарекувал агванци. Историјата на Кавкаска Албанија е опишана од хрониста Мовсес Каланкатуаци.
ИСТОРИја СТРАНЫ АЛУАНК
http://www.vehi.net/istoriya/armenia/kagantv/index.html
Грузиското античко царство се нарекува од грци и римјани - Ибериja/Ивериja,.но самите антички грузијци нарекуваат своето царство - Картли. На мене ми се чини невозможно грузијците и албанците да имаат исто потекло. Грузијците во тоа време биле потчинети на партите и кај нив навлегуваат ирански имиња како Аспарух, Зевак, Карпак, а главниот град на Кавкаска Ибериja се нарекува Мцхета и во него има две тврдини едната од која се нарекува Гармозика-Армазцихе кое значи ''тврдината на Ахура Мазда''. Кај античките грузијци влегуваат персиски религиозни концепти, Кој Ахура Мазда/Ормазд можеш да прашуваш чичко Google.
ЛЕОНТИ МРОВЕЛИ
ЖИЗНЬ КАРТЛИјСКИХ ЦАРЕј
http://www.vostlit.info/Texts/rus8/Mroveli/framepred.htm
Znaci od tie kraista ili od "Kavkaz" , ili dojdenici pozadi karpatite se Slovenite , eve drug dokaz od nivnite istoricari :
http://www.glas-javnosti.rs/clanak/feljton/glas-javnosti-04-08-2008/snazno-kraljevstvo-srba-sa-kavkaza
Србите немаат ништо заедничко со сарматската и аланските народи од Кавказ и Украина. Словените користат при погреб на мртвите кремацијата, тие горат телото и стават остатоците во погребните керамички урни, додека сарматите погрбеват умрени во јами, а аланите во катакомби, склепове и ниши во карпите. Организацијата на државата, војската, јазикот, керамиката на сарматите и аланите се разликува тотално од средновековните српски примероци. Србите се словени.