душата е во желудникот
ко ќе боли душа или треба да се наполне или да се испразне душата за да се напраи равнотежа (јанг кјанг го викаат тоа во јапонија) значи прво се празни чоек, трпеливо, истрајно и темелно, седнуваш на шоља и ако треба земаш крстозбор, или од оние малите шахчиња па решаваш проблеми, или ако не си концентриран за ентелектуални работи - транзистор на батерии, едно бокалче ж’та и тегла корнишони... колку да помин времето. Значи од ко ќе исфрлиш се од душата , ќе видиш како се чуствуваш, ако си поаен - тоа било проблемот, ако пак си неарен - тогаш треба душата да се нарани, здрав добар појадок, компири пржени на маст, сирење, 2-3 јајца на око, ако остана од вчера од ручек тро грав или некоја манџа, пола сомун леб, некое љуто пиперче, уз то 2 чавчиња ракија, една чаша вино. Е тука веќе сега би требало да биди се во ред. Ако случајно пак не е , тогаш појди на доктор пошто или чиро проработил или на нервна база ти е нешто.