Кој пости со здравје нека му е.
Кој не пости нека крка сланина и ракија оти онаму нема такви работи туку само вечна тишина и темнина за уморените.
Сакај го ближниот свој, сакај го и парталавиот и несреќникот. Помогни им, не ги оставај на цедило.
И мрази и биди гневен оти такви Семожниот не створи.
Но не прави зло, не штети никому свесно, не го убивај Човекот, Неговата креација.
Постел не постел,
Царството Небесно нема да го видиш,
оти тоа е само за Небесните Сили.
Светлината Негова кога седи на тронот,
непоимлива, за нас смртниците.
Моќта Негова, несфатлива,
за нас смртниците.
Чиста мисла, чиста душа.
Бог да ве благослови. Амин.