Постарата генерација и текот на времето

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
И шо има врска дали завршиле или не завршиле факултет?На запад љугето со факултетска диплома се многу помал порецент него кај нас.Кај нас ко ќе видиш кои ликови имаат некакава си факултетска диплома има сафра да те фати.:eek:
Нашето образование пропаѓа долго време, неколку децении. Порано имаше приемни тестови за средно образование, кое сега е задолжително. Бројот на луѓе со високо образование на Западот е доволен за потребите на западните држави, а ако не е привлекуваат високообразовани од посиромашните земји. Да се разбереме, за успешна кариера не е секогаш неопходен факултетот, впрочем имаш бројни успешни примери без високо образование, ама ако е тоа квалитетно, секако дека е вредно, и има врска ако хируршката интервенција ја прави добро образован и искусен хирург, отколку бербер чија баба била бајачка, а стрикото касап и овој одлучил дека е време да го прошири бизнисот.

Кај нас сега имаш повеќе државни и приватни универзитети, и дипломата е бизнис, често ја плаќаш и ја добиваш. Е сега, не дека порано немало подарување оценки, ама има разлика дали македонски јазик ќе полагаш кај, на пр. Блаже Конески, или кај некој анонимус кој во себе уште се колеба дали е правилно да се напише Иран или Ирак, а таму каде што дошол дошол не со врски, туку со партиски кабли и семејни ортоми.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.687
Поени од реакции
38.873
Нашето образование пропаѓа долго време, неколку децении. Порано имаше приемни тестови за средно образование, кое сега е задолжително. Бројот на луѓе со високо образование на Западот е доволен за потребите на западните држави, а ако не е привлекуваат високообразовани од посиромашните земји. Да се разбереме, за успешна кариера не е секогаш неопходен факултетот, впрочем имаш бројни успешни примери без високо образование, ама ако е тоа квалитетно, секако дека е вредно, и има врска ако хируршката интервенција ја прави добро образован и искусен хирург, отколку бербер чија баба била бајачка, а стрикото касап и овој одлучил дека е време да го прошири бизнисот.

Кај нас сега имаш повеќе државни и приватни универзитети, и дипломата е бизнис, често ја плаќаш и ја добиваш. Е сега, не дека порано немало подарување оценки, ама има разлика дали македонски јазик ќе полагаш кај, на пр. Блаже Конески, или кај некој анонимус кој во себе уште се колеба дали е правилно да се напише Иран или Ирак, а таму каде што дошол дошол не со врски, туку со партиски кабли и семејни ортоми.
да не се лажеме дека е лесно да се дипломира, зборам на уким, ретко место каде што ќе сретнеш толку исфрустрирани професори
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Татко ми беше релативно млад коа ни го купи првиот компјутер, пентиум 3ка памтам. Јас имав 4 години и од тогаш до сеа нема седнато на било каков компјутер поише од 5 минути. Едноставно не му беше потребен за работа а дур не пораснавме јас и брат ми работеше од сабајле до вечер. Не беше работата дека не може да се снајде или не знам што, едноставно компјутерот тогаш беше играчка за нас како сони и нинтендо. Во меѓувреме излезе интернетот и тука работите избегаа од колосек, верувам и за многу други постари луѓе :icon_lol:
Не е проблемот снаоѓањето да завршиш некоја функција, дали да уклучиш вибер на смартфон или филм да пуштиш на компјутер, верувам сите може да го научат тоа. Проблемот е што концептот на интернет нема теоретски шанси да го сватиш ако не дремеш бар некој саат дневно, а ја тоа го праам уназад 15 години. Уред ко уред,ќе го ухода. Ама не можам на му го доловам на татко ми целиот овој виртуелен свет позади уредиве.
Така да го разбирам до негде ако му е полесно да плати со уплатница во банка него преку апликација. За мене е 2 минути ама не ги рачунам претходните 100 саати за да научиш да стигнеш до таму.

Али затоа за старинското размислување у секој друг поглед нема оправдување. Дефинитивно југославија си го напраила своето, ко што спомнавте претходно. Времињата се сменети а трагично е што дел од младите го имаат прифатено тоа размислување од нивните. Уште ми е смешно мајка ми славеше коа добив решение, а ја па у договорот само платата ја глеам. Како да и доловам дека е поверојатно да ми пропадне фирмата или сам да си отидам него да не ми го продолжат договорот :icon_lol:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
да не се лажеме дека е лесно да се дипломира, зборам на уким, ретко место каде што ќе сретнеш толку исфрустрирани професори
Не е лесно на УКИМ (ама е доста полесно отколку пред 30 години), но за оние што сакаат пократки патчиња, имаш куп приватни универзитети. Имаше скоро реакција на просветен инспектор во врска со извесен универзитет во Струга (сопственост на Р. Мерко, чинам), на кој биле такаречи подарени повеќе стотици дипломи. И за нив вратата кон секоја работа што бара диплома (администрација, да речеме, во приватен бизнис можеби има некаква селекција) им е широко отворена.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Еве јас ќе пишам нешто на темава, дека да речеме не се сметам за млад...
Покушавам да се прилагодам на времето, колку што можам, не секогаш успевам со све, ама па на крајот на краиштата никој не ни успева со све...
Сум работел basic, pascal, borland Pascal, Delphi Kylix, PHP, javascript, Visual basic, C#, Java, секакви видови SQL, elasticsearch, нешто малце Phyton.... може нешто сум заборавил да наведам... Обично креирам решенија, ама никад не сум престанал да куцам и да гњурам у туѓ код ...

Никогаш не сум се ограничил на тоа што го знам и секогаш терам напред според потребите, немам предрасуди за јазици, фирми оперативни системи.. Едноиставно сум отворен за све... Сега моментално заради некоја идеја што ја имам у главата ме заинтересира wordpress па решив да научам како се прават plugin-и за WP ...

Никогаш не сум се оставил без сопствен проект, кој го терам (сам или со некој друг) паралелно со тоа што го работам, колку што имам време... а дел од таквите проекти и сум ги монетизирал...

Прв компјутер ми е C64 на кој покрај што играв и програмирав. А прв персоналец ми е 8088 без хард диск.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Јас лично не се сметам за постара генерација ама не сум и толку млад за да не знам како беше пред да биде интернетот широко достапен.

Луѓе најголемата кочница на постарите е баш јазичната бариера. И башка тоа, абе ние не сме писмени како народ, не е само да го знаеш твојот јазик и да знаеш да се потпишеш, писменост, вистинска писменост подразбира многу повеќе.

Покрај сите јазични подршки, преводи за филмови, гугл транслејти...абе не може да функционираш коректно денес онлајн ако не знаеш англиски, лингва франка е на интернет просторот.

Закочени се старите баш од тоа учење руски, учење латински (во гимназија), логика не знам што...не се посветувало доволно време на вистинските работи кои ќе требаат за иднината.

Надвор од тоа дека некој ако сака не може да се образова и сам и на 50 год. ама не е таков нашиот менталитет, едноставно не сме таа категорија.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
И башка тоа, абе ние не сме писмени како народ, не е само да го знаеш твојот јазик и да знаеш да се потпишеш, писменост, вистинска писменост подразбира многу повеќе.
Можеш ова си го кажуваш само како сопствена утеха....

Во светот од Македонија излегоа многу успешни луѓе ... Посебно инжинерите. Македонските инжинери се доста баран, да не речам посакуван кадар насекаде во светот ...
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
А колку % излегоа од Македонија, зборувам општо...како народ какви сме, еве јас сум инжинер по струка и сеа...


За еден што излегол имаш 100 полуписмени луѓе што останале во мк инжинери или не.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Тоа што го девалвиравме образованието и што ги симнавме критериумите за да може 2/3 од луѓето да завршат факултети, а мастерот да ти е како матурска, никој не ни е крив....

На генерациите што учеа Руски, со дипломирање на Машински или на Електро, на запад им го рачунаа како мастер... Денеска докторирај на наш факултет и можеш со дипломата само газот да си го избришеш.... толку не ценат на запад одкога престанавме да учиме Руски :)
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Да бе така, рускиот е клучот. Ако не научеле јазикот од државата кај шо пошле ќе се сликале со рускиот.


:facepalm::facepalm::facepalm:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Да бе така, рускиот е клучот. Ако не научеле јазикот од државата кај шо пошле ќе се сликале со рускиот.


:facepalm::facepalm::facepalm:
Иронија бе ....Ти го спомна Рускиот како пречка....

Закочени се старите баш од тоа учење руски, учење латински (во гимназија), логика не знам што...не се посветувало доволно време на вистинските работи кои ќе требаат за иднината.
Колку луѓе знаеш во Македонија што зборат Руски, а го научиле у школо? Колку филмови Руски се давале на телевизија у Југославија, а колку Амерички? У школо на 3 класа Англиски имало 1 Руски, 1 Француски, 1 Германски ... А тебе у главата ти е Русофобија па затоа, а се спомне Русија падавица те фаќа....
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
704
Поени од реакции
1.585
Незаинтересираност, ама тука и опкружувањето игра голема улога. Задоени се со турски серии и озборување со комшиките. Ќе ги земам моите за пример, мајка ми ја учевме на времето како да го уклучи компјутерот и да си пушти музика. Јас после 50тиот пат кренав раце, сестра ми беше поупорна. Не научи. Е кога почнаа буквално сите да имаат фејсбук, мајка ми не само што научи да го уклучува компјутерот, сега има дури и свој лаптоп, фејсбук итн.

Татко ми од друга страна е цел живот со мајндсетот дека мозокот се тренира доживотно, човек учи додека е жив и секогаш да биде во тек со настаните. Воедно е и компјутерски фрик, откако знам за мене имаме компјутер, уште од оние старите Commodore. Имавме дома преку 500 книги за технологија, школа за ова нема, ама затоа е самоук. Се сеќавам дека викаше: сѐ што излегува ново од компјутерскиот свет, јас морам да го имам!
И навистина сака да е во тек на станите, ниедна информација на интернет не може да му помогне. Јазици, англиски учел малку, нешто знае од компјутерите, нешто од мене, ама знае да се разбере и да комуницира. Еве го сега преку мене и Шведски почна да учи. :)
Ама татко ми е интроверт кој ретко се меша со луѓе, да беше спротивно на тоа, ќе беше навлечен на политика, спорт и кладилници(веројатно). Затоа пак ќе речам, опкружувањето игра огромна улога.
На западот е срамота да не знаеш да работиш на компјутер и е задолжително да знаеш ако сакаш да имаш работа, кај нас работите се малку поинакви.
Господе боже од збор до збор го опиша и мојот татко. Еден куп постари книги за Аутокад, Инвертот и уште многу други програми. Сам форматира компјутер плус меѓувреме работи на Аутокад приватно а има 64 години оваа пролет 65.
Све ова океј ама делов за мешање со други луѓе.... Морам да ти кажам дека многу глупо се осеќам јас лично ради неговиот чуден избор. Татковиците на моите врсници од моја мала се горе долу колку татко ми и цело време се дружат. Или се збираат покрај езеро и муабетат уз пиво, или се збираат во двор кај некој и прават групна скара дружба итн... Во лето особено цела мала моја, сите тие комшии шо ги набројав се капат во езеро во наша мала. И млади и стари езерото ни е на 2 минути од кај што живееме. Е тука е посебен татко ми кој се капи САМ , на 100-200 метри од останатите, а овие другиве ги гледа со презир демек проста маса , кладилница муабет, ништо друго не знаат итн...
Пробај сфати ме јас сум млад излегувам како секој млад човек, знам да се заседам во кафана, ама знам и да се дружам со сите комшии имам муабет, знам и книга некоја да прочитам , не се сметам себе си за прост и ограничен. Не е во ред да ги осудиш во случајот негов, тие што се збираат 10 души во маало на клупи за да направат муабет, да избегаат од жените на некој сат време. Многу глупо се осеќам коа ке поминам низ маало и јас седнувам на муабет со постарите сите прашуваат за татко ми, а тој ќе помине со точак и само мене ме отпоздравува.
Можда сум млад и не ги разбирам доволно овие работи, ама мислам дека без разлика на опкружувањето некогаш треба ТИ да го прифатиш кругот за кругот да те прифати ТЕБЕ. :)
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Врска нема со русофобија, вие гледате нереално на Русија која нема ништо посебно направено за Македонија ниту ќе направи зошто сега границата Запад/Исток е многу накај исток појдена.

Ако не знаеш амерички бази има во Словачка, Украина, Литванија, Летонија, Естонија...итн. Илузорно е овде да се подржува русија кога македонија е член на нато а има про нато ориентација од поодамна.


А тоа дали некој научил руски од школото нема никаква врска, важното е што го изгубиле времето и учеле неупотрбливи работи, на пример марксизмот од средно многу им се најде во живото на постариве.


Ти ако си постара генерација, живееш во некое друго време и филмови тераш низ глава за некои фантазии во врска со големата мајка русија не мора да рипаш овдека ко попарен за се во што ќе се спомене русија, особено не во темава

Тоа нема да ти го дигне кошо ти се дигал дур си бил млад.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Врска нема со русофобија, вие гледате нереално на Русија која нема ништо посебно направено за Македонија ниту ќе направи зошто сега границата Запад/Исток е многу накај исток појдена.

Ако не знаеш амерички бази има во Словачка, Украина, Литванија, Летонија, Естонија...итн. Илузорно е овде да се подржува русија кога македонија е член на нато а има про нато ориентација од поодамна.


А тоа дали некој научил руски од школото нема никаква врска, важното е што го изгубиле времето и учеле неупотрбливи работи, на пример марксизмот од средно многу им се најде во живото на постариве.


Ти ако си постара генерација, живееш во некое друго време и филмови тераш низ глава за некои фантазии во врска на големата мајка русија не мора да рипаш овдека ко попарен за се во што ќе се спомене русија.

Тоа нема да ти го дигне кошо ти се дигал дур си бил млад.
Види... ако сакаш да пљукаш по Русија , има тема на форумов посветена на Русија, иди таму и пљукај, немора во секоја тема да труеш.... пиши таму и чекај одговор, тука е друга темата, Русија не е топик, не досаѓај....
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Гледам неколку повозрасни членови на форумот се најдоа засегнати од муабетот а некои ми стојат и како навредени. А стварно не треба. Мислам дека темата не се однесува на тоа дека постарите треба да знаат да програмираат или перфектно да работат во Excel. Ако такво нешто не им е потребно за секојдневната работа се знае дека ретко кој на тие години чисто од хоби би ги учел тие работи.

Темата е за тоа дека голем број од тие генерации немаат основна компјутерска писменост. Без разлика на возраста секој може да научи да напише меил, да искуца еден Word документ, да плати сметка онлајн... Па ако ништо друго, да знае да напише еден нормално среден коментар или порака. Да не биде koko koste, Mskedonia veccna, Dasi zivizdraf... И како што пишав претходно на темава, уште полошо е што некои луѓе само зашто не сакаат да се замараат да научат нешто ново гледаат на новите технологии и генерации со презир и огорченост.

Ова не се однесува на повеќето повозрасни на форумот. Со самото тоа што сте тука, пишувате на повеќе теми и сте на интернет форум докажувате дека не сте игнорантни спрема новите технологии и одржувате чекор. За некои до оваа тема и не знаев дека сте на таа возраст, еве сум мислел дека се помлади.

Тоа дека има и млади „неписмени“ за интернет ерата е сосема точно ама е друга тема. Жално е кога видиш дека млад човек не знае да состави една реченица или не знае да копира документ или да смени јазична поддршка. Никој не вика дека не е така ама тука темата е за постарата генерација па затоа сите коментираме за тоа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom