Постарата генерација и текот на времето

Член од
14 април 2012
Мислења
24.541
Поени од реакции
38.567
Сведоци сме со вирусов дека огромен број на наши постари граѓани не се склони кон промени кои ке им го олеснат животот. Најпластичен пример ке земам со редовите пред банките во време на кризава, каде што и понатака се чека на шалтер да се земат пензии, се буткаат по редови за плаќање на струја. Татко ми беше лик кој најпрвин даваше отпор на сето ова, но кога го седнавме и му објаснивме дека ке заштеди премногу време и нерви, вадејки картичка за банкомат, се сложи, и од тогаш не се турка по редови.

Од друга страна, имам клиенти од Европа и Америка, луѓе над 65-70 години кои без проблем прават нарачки онлајн, резервации. Едноставно, останале во тек со времето.

Би сакал да продискутираме што е тоа што нашиве ги прави "отпорни" на промени, промени кои ке им го подобрат животот на нив првенствено а потоа и на сите околу нас. Дали системов во кој раснеле, познатата изрека кога некој не сака да се смени, па кратко ке искоментираат "комуњара", дали стандардот на живот или е до самата свест на луѓето да се менуваат како што средина го следи времето. Дали ние, помладите треба да ги едуцираме како да си го олеснат животот, да им објасниме што е интернет, интернет култура, фејк њуз?

Зборам за онаа генерација што се во групата 50-55+ ..
 
Milanisimus

Gladiator
Член од
12 јули 2009
Мислења
583
Поени од реакции
444
1. istorijata - od tursko pa do denes ziveeme vo tehnoloski zaostanato/primitivno opstestvo.
tehnoloska primitivnost i otpor kon promeni e izrazeno istoriski vo site zaostanati drzavi/regioni

2. prakticna nepismenenost
zalno, no ogromen del od populacijata kaj nas e efektivno nepismen
bez sposobnost da se sledat najednostavni instrukcii, i da se upotrebuvaat ednostavni uredi

3. zemjodelska/fizicka rabota
i vo vreme na SFRJ, vo mkd industrijata bila najmalku razviena, pa najgolem del od naselenieto rabotel fizicka rabota

4. titova omladina
socijalizam/komunizam sekogas zaostanuvale sprema kapitalizmot tehnoloski
nasite roditeli i nivnite, se izrasnati vo ovie sistemi, kade prvicna cel e da se odrzi status kvo

5. metropola/ruralna sredina
najgolem del od mkd (so isklucok na skopje, i mozda 2-3 drugi gradovi vo poslednive nekolku godini)
ne se metropola/internacionalna sredina, i lugjeto sekojdnevno retko doagjaat do kontakt ili info so novi tehnologii
ova e prisutno i vo razvieni zemji - primer lugjeto na sever vo svedska isto pokazuvaat odreden odpor kon nekoi tehnologii i promeni.

sigurno ima uste mnogu, ama ovie mi se nekako ocigledni i poglavni.
nemam ni najmala namera da navredam nekoj so postot i ocenuvanjeto na opstestvoto,
samo pisuvam mislenje bazirano na zivotni iskustva od ziveenje vo nekolku zemji i od steknati znaenja.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.135
Поени од реакции
3.615
Сведоци сме со вирусов дека огромен број на наши постари граѓани не се склони кон промени кои ке им го олеснат животот. Најпластичен пример ке земам со редовите пред банките во време на кризава, каде што и понатака се чека на шалтер да се земат пензии, се буткаат по редови за плаќање на струја. Татко ми беше лик кој најпрвин даваше отпор на сето ова, но кога го седнавме и му објаснивме дека ке заштеди премногу време и нерви, вадејки картичка за банкомат, се сложи, и од тогаш не се турка по редови.

Од друга страна, имам клиенти од Европа и Америка, луѓе над 65-70 години кои без проблем прават нарачки онлајн, резервации. Едноставно, останале во тек со времето.

Би сакал да продискутираме што е тоа што нашиве ги прави "отпорни" на промени, промени кои ке им го подобрат животот на нив првенствено а потоа и на сите околу нас. Дали системов во кој раснеле, познатата изрека кога некој не сака да се смени, па кратко ке искоментираат "комуњара", дали стандардот на живот или е до самата свест на луѓето да се менуваат како што средина го следи времето. Дали ние, помладите треба да ги едуцираме како да си го олеснат животот, да им објасниме што е интернет, интернет култура, фејк њуз?

Зборам за онаа генерација што се во групата 50-55+ ..
Не би рекол дека нашиве постари граѓани се различни туку повеќе сме заостанати како нација и тоа е тоа. Општо луѓето даваат отпор на нови работи, во главно полесно е да не правиш ништо т.е да остане се статус кво.

Како пример во УСА пред сто години имале железници, облакодери и ред други технологии. Кај нас цел технолошки напредок е во последниве 20 години. Ако на запад се плаќало со картички пред 20 години кај нас тек сега стана меинстрим исто и за плаќање онлајн.

Едноставно за широка прифатеност треба време и културна промена.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
6.096
Поени од реакции
8.755
...а што мислиш колку помладите се кадарни со се тоа тоа што опишуваш дека тие треба да ги едуцираат постарите ? имање Фб, инстаграм и картички е интернет култура и знаење? :facepalm:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
5.785
Поени од реакции
9.102
Еден од факторите е и тоа што сите тие СФРЈ генерации ниту слушнале, ниту пак можат да го разберат концептот на доживотно учење. Завршуваат средно/виша/факултет, се вработуваат и тоа е тоа за нив во животот, нема потреба повеќе да си го тупат мозокот. Ако научат нешто ново, па макар и тоа да е еден единствен „модерен“ збор може главата да им се преполни па да им истече низ уши старото знаење.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.574
Поени од реакции
13.582
imam na drugi forumi prijateli nasi iselenici od onaa generacija sto za vreme na 2 sv bile veke so zavrseno 4 odd. tuka i potoa zaminale.
E tie nemat problem so ova,vo tek se so vremeto pa i pred nego.Znaat poveke od nas nivna generacija a tukasni no i mnogu poveke od taa generacija sto moze da im bidat vnuci. Ziveele tamu nad pola vek i veke se vo prednost so poznavanjeto na nekolku jazici, a moja generacija znaemme samo naski i malku kumanovski i nisto poveke ni eden zbor stranski sem al lav ju...a sto e toa FEJK NJUZ neznam. Tocno deka ovdesnite nasi stari bea nepismeni groto pa eve i tatkomi zavrsi osmiletka barabar so mene...vecerno a nekoj do skoro se potpisuvaa tuka so pokazalec. Znaci zboram za onaa generacija sto e sega tamu na 85-90 godini,ke postiram nesto da vidite kolku se samo pametni-obrazovani uceni ili neznam kako da kazam, ama verojatno ne site no se pred nas isti vrsnici tuka.
 
Член од
18 јануари 2018
Мислења
203
Поени од реакции
107
realno ako ne patuvas po stranstvo , ili ako ne koristis mnogu internet ili pa se ti e nasteluvano na nas jazik , nema ni potreba od znaenje stranski jazik.
 
RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
17.499
Поени од реакции
35.353
Градските и руралните области во Европа и Америка се далеку подигитализирани од нашите, затоа и се поспремни да ги прифатат овие идеи. Комунизмот или било кој друг систем нема благе везе со ова, колку што има општата економска заостанатост и неразвиеност (освен ако истото не го припишеме на комунизмот :D ) . Меѓутоа исто е и во други земји кои се на наше ниво.

Постарите луѓе немаат потреба од прифаќање на некакви нови идеи, такашто нивно „учење“ на истото ќе биде контра-продуктивно. Со чести исклучоци. Time and time again отсекад луѓето у секоја држава пробувале да ги натераат оние кои се „поназад“ да ги донесат „во ред“, меѓутоа тоа никад не успева бидејќи овие луѓе едноставно ја немаат таа потреба да се „модернизираат“. И не сакаат, имаат други животни приоритети.

Клучот лежи у економски напредок и дигитализација на условите во кои живеат, па самите луѓе евентуално ќе се адаптираат на тие услови и ќе ги прифатат овие попрогресивни идеи.

*сите ствари што ги стаив у наводници се у наводници пошто се гледани од наша перспектива.

П.с: Малце ми е глупо да зборам ко да се некој тред ред граѓани, but it is what it is.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.632
Поени од реакции
3.874
Иако е 2020, имајте предвид дека одредени држави имале далеку подолг и релативно постојан општествено-економски развој од нашиот, и покрај некои големи турбуленции од економски, воен, политички карактер). Колку од нас можат да се пофалат дека имаат баби и дедовци со високо образование? Па дури и добар дел од нашите родители (зборувам за оние родени во 50-тите и 60-тите) немаат завршено факултет. Нема преку леб погача. По 2 Св. војна имавме среќа дел од македонскиот народ да се образува на сопствен јазик, и независно од политичкиот систем, ни се случи интелектуална револуција, со оглед на тоа што пред 1944 година 65-75% од населението било неписмено, а ако добило некакво образование тоа било од бугарски, српски односно грчки произлез.
Технолошката опременост не е единствен услов кој гарантира високо ниво на општествена свесност, модерни сфаќања и сл. Треба време, стабилност, економски просперитет за да се сварат некои работи.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.164
Поени од реакции
4.068
Се согласувам со повеќето работи што до сега ги набројавте на темата - последиците од живеење во друг систем, отпорот (и еден вид страв) према новите технологии, ставот дека се престари за да учат нови работи итн.

Еден друг феномен кој дури ми е на моменти несфатлив е огорченоста и презирот што го имаат некои од овие генерации за „новото време“. Пример, една колешка од работа со која до скоро работев во иста канцеларија. И тоа и не е нешто стара, има околу 50-тина години.

Еднаш на крај на денот низ муабет викам „Еј треба да си ја платам сметката за мобилен“. Вика „Па работат тие уште, имаш време“. И викам „Не, не, јас одамна плаќам онлајн“. Таа кога зеде со презир да ме прекорува „Вие младите само измислувате глупости, какво е тоа плаќање по интернет, место да си чекате ред, да се видите со некој, да си направите муабет“... Значи слушам и не ми се верува што слушам.

Во друга ситуација истата колешка коментираше за новите техники што ги применуваат приватните школи за јазици. Според неа требало да се забранат смарт таблите и сличните уреди. Децата да користеле креда и сунѓер за да се научеле на дисциплина...
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
3.852
Поени од реакции
12.156

Повеќето се ко твојата колешка. Ограничени пред се, не размислуваат од друга перспектива, инаетливи, мрзи, да не кажеме дека имаме и глуп народ поприлично.

Се што е уште во работен однос не смее да има негативен пристап кон технологијата. Зашто побрзо или покасно ќе морат да се прилагодат. А јас реално ретко познавам луѓе 50+ кои освен фб и вибер знаат било што да средат онлајн. Според моите искуства, еден куп не знаат мејл да отворат. Малце е мизерно, али битно таквите уште работат, вака или онака.
 
Член од
3 април 2020
Мислења
327
Поени од реакции
208
Замисли сегашниве млади кои растат со технологијата и го следат нејзиниот развој, кога ќе бидат постари дали би имале таков отпор или проблем да ја користат? Секако дека не! Тука е проблемот, на постарата генерација,која никогаш не користела,а и немала ни можност да користи,се им доаѓа наеднаш, а способноста за учење и прифаќање нешто ново, со годините опаѓа и тоа е тоа.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
1.724
Поени од реакции
1.648
Пред сѐ, не сакаат да си ги менуваат навиките. Ако пробаш да им објасниш, како да си ги казнил, уште повеќе се блокираат. Јас сепак не би ги обвинувал, најверојатно затоа што сум се навикнал на тоа. Повеќето мои пријатели, интелектуалци, уметници, некои од нив се бават со сериозни бизниси, се такви. Чекаат на ред да си ги платат сметките, најчесто плаќаат во готово, некои покрај смарт телефонот (на кој никако да се навикнат) имаат тефтерче со броеви. Меѓутоа, сите тие имале разбирање за своите деца и, воопшто не штеделе да ги едуцираат. Нивните деца најчесто немаат време и нерви да им помогнат да се вклопат.
 
Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.028
Поени од реакции
2.775
Сите вие што ги обвинувате постарите генерации добро запамтете што пишувате. После 20, 30, 50 години свртете се назад. И вие ќе бидете исти во очите на новите генерации.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
10.975
Поени од реакции
11.456
Зависи и до човекот, пример знам луѓе што се интересираат и сакаат да научат да користат нешто, а татко ми пример не можам мобилен да го натерам да носи.
 
На врв Bottom