Постарата генерација и текот на времето

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.944
Не сум имал и никогаш нема да имам смартфон и не знам како тоа е мерило за тоа дали е некој заостанат. Ме боли кур дека другите мислат нешто - што и да мислат. Моја лична работа е тоа. Можат комотно да мислат дека сум заостанат, ја имам други шестопеесет илјади гаџети кои они никад нема да ги имаат, или ќе ги имаат за неколку години.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.848
И јас имам отпор спрема модернава технологија, иако е, нели, френдли. Кога излезе Commodore, на курс за Basic се запишав. После испадна, најмногу за играње бил, па го откачив. Со мака научив со компјутерите, колку да сум самостоен на работа и колку да ги користам најчестите можности кои ми се нудат. Кога бев помлад, се бавев со електроника. Сега, никако не можам да се снајдам со програматорот за греењето, а тешко ми оди и со далечинските управувачи на уредите. Младите се снајдоа со компјутерите преку игра. Тие им помогнаа и јазик да научат, брзо да куцаат, лесно да се информираат, така и треба.
Не заборавајте дека кога се појавија компјутерите во секојдневна домашна употреба, немаа јазична подршка, така што, постарите генерации беа приморани да кликаат нешто што не разбираат и да го учат тоа напамет. Мислам дека оттука потекнува одбојноста кај постарите. Лесно му беше на Американецот, доволно беше да кликне на help, па да продолжи.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
До човекот е и неговото опкружување.
Би го додал мислењето на @Сабазиј тука, (за оној голем скок на писменоста) затоа што е клучен за проблемите конкретно кај нас на балканот. Сметам дека тоа е нож со две остици, бидејќи ако на неписмен народ наеднаш му всадиш огромен залак на општествена и културна реформа, истиот ќе смета дека полетал до месечината и назад, ќе створи т.н. лажно елитистичко мислење за себе дека сe` знае и спознава, без да ги сфати своите маани и грешки при таквото образување.
Инаку како што кажа @Паланчански (колку што му ја сфатив поентата), секогаш ќе ја имаме војната меѓу постарата и помладата генерација. Баш поради фактот за капацитетот на восприемање на нешто ново кај помлад и постар мозок. Само што, кај некои постари се` уште има желба да се учи, но и кај некои помлади треба да се има и трпение.
 
Член од
18 јануари 2018
Мислења
334
Поени од реакции
246
Globalno zemeno ,sekoja nova generacija e ponapredna od postarata .
Koj bile podobri , ponapredni ?
tie generacii od 1830-1880 ili 1930-1980?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Сепак е до човекот...Татко ми е 70+, сеуште успешно води приватна фирма, дигитално писмен и неисцрпен извор на прашања :)
Колешки кои се многу помлади од него се на ниво facebook и толку.
Епа тоа го збориме цело време, и кај мене е така! Јас на 60 години прв ги освојувам новитетите а колешката на 35 џвака глупости од типот на :mad: мамички:facepalm: и излегува секој пат да види кој што купил од зградата кај што ни е дуќанот! Од таков чешма менталитет не бива ништо, а за жал гооолем број од нивната генерација е таква!
Градот сеуште не го освоиле, а селото никако нејќе да си оди од нив:sramezliv:
Автоматски споено мислење:

Globalno zemeno ,sekoja nova generacija e ponapredna od postarata .
Koj bile podobri , ponapredni ?
tie generacii od 1830-1880 ili 1930-1980?
Напредност е друга работа од тоа што мислиш дека е! Технолошки понапредни? Општеството е технолошки понапредно со што априори се смета дека и човекот треба да е таков! А вистината е сосема друга, се е индивидуално! Не можам да замислам што би правел Тесла во вакво технолошко окружување:kafence:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.944
Koj bile podobri , ponapredni ?
tie generacii od 1830-1880 ili 1930-1980?
Земи ги генерациите 1730-1780. Светот во кој тие живееле не се разликува толку многу од светот во кој живееле генерациите 1830-1880. Но, светот во кој живееја генерациите 1930-1980, богами многу се разликува од светот на 1830-1880-генерациите.
Значи, напредокот кој го истуркаа 1930-1980 генерациите е поголем од напредокот кој го истуркаа 1830-1880-генерациите.
 
sepak prviot napredok najvise go napravile tie od 1980, za ovie od 1930 pa navaka poubavo da ziveat...
Pa do pred 30 godini, tehnologijata bila slicna na onaa pred 100 godini ?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.808
Globalno zemeno ,sekoja nova generacija e ponapredna od postarata .
Koj bile podobri , ponapredni ?
tie generacii od 1830-1880 ili 1930-1980?
-Кох и Патер во 1877 година го истражувале и го објасниле феноменот на антибиотска терапија, а 1928 г. Александар Флеминг го открил пеницилинот
- изумот на телефонот во 1876 година од страна на Александар Бел
машината за шиење 1830 год Frenchman Barthelemy Thimonnier
- изум на земјоделска машина за жетва 1831 год Cyrus H. McCormick
- електрично динамо1831 год Michael Faraday
- изум на фрижидер Jacob Perkins
- првиот револвер 1836 год Samuel Colt
-телеграфот е отктиен во периодот помеѓу 1837 год од страна на Samuel Morse,
-откривањето на електромагнет во 1825 година
- првиот фотоапарат со дрвено гломазно куќиште е откриен во 1826 година
- првата анестезија при екстракција на заб 1845 год Dr. William Morton
- првите антисептици од унгарецот Ignaz Semmelweis 1847 год
- прва стоматолошка столица од Waldo Hanchett 1848 год
- пастеризација 1856 Louis Pasteur
- 1867 год динамитот од Alfred Nobel
....глобално гледано да не беше таа генерација од 1830-1880 год попаметна и понапредна, тешко да следната генерација ќе го продолжеше тоа, така да не можеш да поставиш прашање која генерација е понапредна и попаметна, еве јас ти велам дека била таа од 1830-1880 год!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.808
...а бе админка си што сакаш ќе пишеш и ќе се ругаш! (y)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
...а бе админка си што сакаш ќе пишеш и ќе се ругаш! (y)
Воопшто не се ругам, не знам која ти е опсесијата твоја и на пар ликови овде цело време да ми ја спомнувате функцијата на форумов.

Еве, малце поопсежно да објаснам, да не беше измислен огнот, тркалото, компасот, календарот, часовникот, вакцините - пола и повеќе откриени работи погоре немаше да се откриени.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Arno sto im pokazavme na Grcistata deka seksot mozi i so zeni a ne samo so mazi inaku nisto od demokratijata. Ke ispocrkaja pred da ja izmislat :cautious:.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.808
Воопшто не се ругам, не знам која ти е опсесијата твоја и на пар ликови овде цело време да ми ја спомнувате функцијата на форумов.
Еве, малце поопсежно да објаснам, да не беше измислен огнот, тркалото, компасот, календарот, часовникот, вакцините - пола и повеќе откриени работи погоре немаше да се откриени.
...неам опсесија, туку не можам да си кажам мислење како член на форумов, све нешто де ова де она и ти веднаш со „оганот“ што мислиш како се чита од другата страна на мониторот, а не можам да ти реплицирам и затоа спомувам, нема проблем веќе нема ни да реагирам, ама не можам да се контролирам кога некој „се руга“ ...некој така ми рече не е мој израз
извините за оф топикот!
...позз
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Многу вообразеност и стереотипи гледам во постовиве. Ајде искрено колку од познаниците до 40 години се склони кон усвршување, за да нели го поддржите муабетот дека во Југославија тие што работеле немале појма. Зар не гледате дека 90% од младината е благо кажано неписмена, а не па да се усвршува. Глава ставам дека во тој период имало поабициозни и посклони луѓе кон напредок за разлика од сега, каде што образованието е сведено на бркање пријатели и тие што во средно завршуваа со двојки буквално сега се доктори од Штипскиот велелепен факултет. Страв ми е кога ќе ми текне кои во нашата амбуланта се доктори.

Друга работа, за дигиталната писменост, ако вие броите дека чим некој знае да влезе на фб и да спушти игра од андроид дека е писмен разликата меѓу старите и младите е голема, но за вистинска дигитална писменост и младите се катастрофа, па повеќе од пола од младите не знаат да зборуваат флуидно англиски, што во вакви времиња е катастрофа. Така што, точно е дека старите се многу назад, но се назад за западноевропски стандарди, а не наспрема младите.

Трета работа што ја начнав погоре е образованието, општата култура и читањето на литература. Во сите 3 аспекта генерациите кои имаат над 50 години се понапред од нашите. Се сомневам дека некој од добрите студенти има појма за Перл Харбур или прочитал барем 10 книги надвор од задолжителната книга на училиште. За тоа дали општиот просек на факултетски образованите е подобар сега или тогаш да не спомнувам, а за средно или основно па ич.

Знам дека постот е воглавно офтопик(иако има и доста работи поврзани стриктно за темата), но сметам дека треба да стои за да се освестат младите дека баратање на компјутер не е да направиш профил на твитер.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Еве, малце поопсежно да објаснам, да не беше измислен огнот, тркалото, компасот, календарот, часовникот, вакцините - пола и повеќе откриени работи погоре немаше да се откриени.
Муабетот тргна со технолошки понапредни!
Не ми иде да сметам некој денешен балбез што знае ентер да стисне, за технолошки понапреден од Пупин ......
Крајните корисници можат да бидат технолошки пописмени, како резултат на временски акумулираните технички пронајдоци, но не и понапредни!
Напредноста е веќе друга категорија, која денешново конзументско општество и не може да ја замисли во вистински димензии!
Автоматски споено мислење:

Многу вообразеност и стереотипи гледам во постовиве. Ајде искрено колку од познаниците до 40 години се склони кон усвршување, за да нели го поддржите муабетот дека во Југославија тие што работеле немале појма. Зар не гледате дека 90% од младината е благо кажано неписмена, а не па да се усвршува. Глава ставам дека во тој период имало поабициозни и посклони луѓе кон напредок за разлика од сега, каде што образованието е сведено на бркање пријатели и тие што во средно завршуваа со двојки буквално сега се доктори од Штипскиот велелепен факултет. Страв ми е кога ќе ми текне кои во нашата амбуланта се доктори.

Друга работа, за дигиталната писменост, ако вие броите дека чим некој знае да влезе на фб и да спушти игра од андроид дека е писмен разликата меѓу старите и младите е голема, но за вистинска дигитална писменост и младите се катастрофа, па повеќе од пола од младите не знаат да зборуваат флуидно англиски, што во вакви времиња е катастрофа. Така што, точно е дека старите се многу назад, но се назад за западноевропски стандарди, а не наспрема младите.

Трета работа што ја начнав погоре е образованието, општата култура и читањето на литература. Во сите 3 аспекта генерациите кои имаат над 50 години се понапред од нашите. Се сомневам дека некој од добрите студенти има појма за Перл Харбур или прочитал барем 10 книги надвор од задолжителната книга на училиште. За тоа дали општиот просек на факултетски образованите е подобар сега или тогаш да не спомнувам, а за средно или основно па ич.

Знам дека постот е воглавно офтопик(иако има и доста работи поврзани стриктно за темата), но сметам дека треба да стои за да се освестат младите дека баратање на компјутер не е да направиш профил на твитер.
Ми го зеде зборот:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom