Последиците од коронавирусот (COVID-19) врз економијата

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Flanked by the country's chief scientific and medical advisers, the Prime Minister announced that his government was moving to the "delay" phase of its plan to tackle the outbreak, and warned Britons that they were facing their "worst public health crisis for a generation" and should be prepared "to lose loved ones before their time."

Џонсон ова го кажува за Британија, и сеуште ништо драстично не превзема.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Неколку пријави за работодавци кои не ослободиле родител на дете под 10 години - линк.
Државниот советник во инспекторатот за труд Злате Стојановски за Радио МОФ вели дека вработените не треба да бараат од работодавачот ослободување ... Единствено вработениот треба писмено да го извести работодавачот дека од денеска, од вчера, ќе отсуствува од работа поради мерките за заштита од вирусот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.188
Поени од реакции
16.325
прв Глобален ефект од корона вирусот е снемување маски...значи не што се бараат, туку се научи цел свет се во ПРЦ да се праи за ИЧ пари, па сега ќе не удри несташица... денес се маски, утре и други работи
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Гледајќи Бугарија вонредна состојба, Албанија исто, Србија најавува истото, Грците кој ги наебе, очекувајте следна недела и кај нас истото да го препишат како Бугарите.
Викендов купете си на раат, наместо да чекате во редици надвор :D
 
Член од
13 февруари 2010
Мислења
119
Поени од реакции
151
Позитивна реакција на S&P 500 и Биткоин со говорот на Трамп, 13% за BTC во прозор од 10 минути.
Бидете ликвидни во вакви моменти, има огромна можност за профит.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Штом и Германците стигнаа да даваат бланко чек на својот приватен стектор, тоа доволно кажува колку е сериозна станата ситуацијата. :) Иако, тоа говори многу за толку споменуваната европската солидарност, кога и “austerity“ кралевите и параноиците за буџетски дефицити, се спремни да впумпаат 600 милијарди евра за почеток и “колку и да е потребно“ понатаму, па дури и да споменуваат национализации на стратешки индустрии, само за да си ја заштитат својата извозната машинерија. Мал контраст од пристапот кон земјите од Јужна Европа, после должничката криза, кои беа влечени низ спиралата на штедење, ограничено јавно трошење и мал раст.
Берзанските индески во САД, по вчерашниот историски пад, денес имаа историски скок, кој не е виден од 2008 година. S&P 500, Dow Jones, NASDAQ сите имаа скок од околу 10%, европските берзи од друга страна, прав ролеркостер додека беа отворени за тргување, на крај денот го завршија со некои мали плусови. И покрај тоа, после повеќе од 10 години, и официјално дојде крајот на bull market-от. За само еден месец, FTSE 100 падна околу 28-29%, S&P 500, Dow и NASDAQ околу 26-27%, овие од Еврозоната да не ги ни споменувам. Корекција која и онака ќе се случеше, поради тоа што берзите беа превреднувани ради irrational exuberance и даночните политиките на Трамп, меѓутоа не до овој степен. Епидемијата на коронавирус е главниот фактор кој ја предизвика оваа бура, не само на финансиските пазари, туку и во реалната економија. Некои го нарекуваат black swan настан, кој полека може да ја однесе глобалната економија во рецесија и како резулатат на тоа да предизвика многу несакани, трајни, ланчани ефекти.

Иначе, оптимизмот на берзите во САД денес, беше последица на објавата дека Фед спрема инекција од 1.5 трилиони долари за зголемување на ликвидноста на пазарот на пари, односно краткорочните државни хартии од вредност, како и трогателниот говор на Трамп за како ќе му ја скрши кичмата на коронавирусот, исто како што им направи на Демократите. Првата мерка збори за сериозниот предизвик со кој се соочува моментално глобалниот финансиски систем. Проблеми со ликвидноста на пазарот на записи издадени од Трезорот на САД, кој традиционално важи за еден од најликвидните финансиски инструменти на светот, говори дека нешто сериозно не е во ред во позадина. Ова во контекст на наводните проблеми и со ликвидноста на репо пазарот последните години. Особено што, постои ваква волатилност и sell-off на берзите во моментов, а и поради невообичаената волатилност на пазарите на долгорочните должнички државни хартии од вредност. Чудно беше што, во деновите кога берзанските индекси идеа во провалија, се случуваше во исто време да паѓа и цената на државните обврзници на САД и на некои останати развиени земји, што обично не е случај, бидејќи овие се помалку ризични финансиски инструменти, кои би требало да бидат прибежиште на инвеститорите кога се случуваат вакви шокови. Уште почудно што се ова понекогаш се поклопуваше и со пад на цената на златото. Инвеститорите (дури и институционалните инвеститори) изгледаат како стадо што не знае кај тера и паничи, а тоа никогаш не е добар знак. Изгледа дека нешто смрди во позадина.

Проблемот во овој момент е што никој не знае колкава ќе биде магнитудата и импактот на епидемијата на коронавирус, па се прават неосновано песимистички или оптимистички проценки. Некои претпоставуваат дека сите ќе го ограничат ширењето на епидемијата како Кина и дека топлото време ќе биде сојузник, па за неколку месеци се ќе биде back to normal. Меѓутоа, што ќе правиме ако епидемијата продолжи повеќе или помалку неконтролирано да се шири по целиот свет и следат 5-6 месеци со прекинување на глобални ланци на набавка, рестрикција на движење, огромно намалување на трошење и затворени граници. Посебно ако станува збор за големите потрошувачки пазари, како ЕУ, САД или Југоисточна Азија. Плус, Кина не го сопре ширењето поради стекнат колективен имунитет или со ефективни лекарства, туку со карантин и социјална изолација. Што правиме ако, од само еден заболен без симптоми, се појави пак ново жариште во друг регион на Кина, кој е подеднакво населен и економски значаен како Хубеи, а епидемијата паралелно продолжи да се шири во Европа, САД и останатиот развиен свет? Се плашам дека и без такви црни сценарија, лидерите на државите кои се најголеми економии во светот имаат многу опции на располагање, скоро никави. Монетарната и фискалната политика ќе бидат опремени со многу ќорци, место мерки што даваат резулатат, што е последица на 10 години монетарна експанзија и ниски каматни стапки и огромни нивоа на јавен и приватен долг. Глобалниот долг во моментов изнесува 250 трилиони долари, 70 трилиони повеќе од нивото пред кризата од 2008 година. Има аналитичари што повикуваат на пакети за фискален стимул и големи програми на јавно трошење, за да се исконтролираат и намалат негативните ефекти од епидемијата, ама скоро сите земји на Западот имаат проблеми со висината на јавниот долг. Во комбинација со демографските трендови во нивните општества, големи социјални држави и висок јавен долг, ризикуваат трајно да влезат во спиралата на japanification на нивните економии.
И досегашните последици од епидемијата се доста сериозни. Карантинот во Кина предизвикаа глобален распад на синџирите на набавка, проблеми со инпути во производство и залихи за многи преработувачки индустри, кои се веќе трајно врзани со Кина и колапс на некои услужни сектори, како туризам, hospitality, логистика и ред други. Некои веќе предвидуваат дека Кина, првиот квартал ќе го заврши со раст под 2%, најмал од кога ја либерализираа економијата, и дека годишната стапка на раст на БДП ќе им биде под од 4.8-4.9%. Некои ги преполовуваат проекциите за раст на глобалниот БДП. Првично, проблемот беше во понудата ради ширењето на епидемијата во Кина, па најголемата индустрија во светот стави катанец на фабриките, што ги повлече надоле и цените на сите commodities, со оглед на тоа што Кина им е најголем пазар, меѓутоа преработувачката и транспортната индустрија веќе полека им се враќаат на нивото пред епидемијата. Но, сега проблемот е во побарувачката. Најголемите пазари и за кинеските полу-производи и финални производи се ЕУ и САД, а тие во моментов ставаат карантини на делови од населението и епидемијата очигледно допрва им зема замав. На никој не му се купуваат сега смартфони, автомобили, лап-топи, машински делови и електроника.
Колку повеќе пандемијата се влече низ светот, за жал толку поголеми ќе бидат економските проблеми кои ќе ги остави позади себе.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Кај нас нема ни М од економски мерки засега.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Кај нас нема ни М од економски мерки засега.
Толку и ти разбираш, Филипче нели секој ден е на ТВ :D

Туку @loophole кога ќе сака нека каже како неговиот пост укажува на тоа дека живееме во капиталистичко општество со слободен пазар ....
Еве една негова реченица:
"големи социјални држави и висок јавен долг, ризикуваат трајно да влезат во спиралата на japanification на нивните економии." Ако ова не е една од очигледните карактеристики за социјализам, не знам што би било тогаш.. :toe:

Инаку коронава ќе има и позитивни ефекти. Еве на пример компанијата Gilead сигурен сум дека ќе направи милијарди во наредни месеци.
За тие што не слушнале до сега, истава компанија го има патентот за "лекот" тамифлу и уште неколку други "лекови".

Тамифлу иако претходно бескорисен го популаризираа за време на слична оркестрирана паника - H5N1.
Иако никакви позитивни ефекти, многу влади изнакупија залихи, вклучувајќи ги и САД.

Е сеа за моментот кои многумина го нарекуваат "теорија" на заговор, а тоа е дека главен на бордот на директори во фирмата бил никој друг, туку познатиот Доналд Рамсфелд, исто во таа фирма бил и претходен државен секретар на САД - George Shultz, познат и по многу други значајни функции и афери. Викаат биотек фирма со најмногу политички врски,
ама нема врска, теории на заговор е ова :misticen:

@teneke @Bateman @loophole и останати, оваа фирма е уште еден типичен пример за олигархија, не за капитализам.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Јаки мерки нема што...

"Наскоро ќе бидат објавени, а на сила ќе стапат најверојатно следниот месец, вели вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.
Вечерва во Топ Тема таа кажа дека една од мерките кои ќе се понудат е одложено плаќање на обврските на компаниите, а ќе се препорача да го реорганизираат работното време во смени."
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Онака лаички, сметам дека многу нешта би можеле да се променат и да влијаат врз каквата-таквата рамнотежа во светската економија доколку Кинезите побрзо се извлечат од пандемијата. А како што изгледа засега работите таму се одвиваат поповолно од порано. Бројот на нови заболени е намален и ако тој тренд продолжи и понатаму, Кина ќе се извлече порано од другите економии, па ќе може да ја засили и прошири својата понуда во услови на (можеби) огромна побарувачка на се' и сешто. Постои извесна веројатност дека САД може да го јадат немиен поради ненавремената реакција, и да поминат слично како Италијанците, а ни Меркел не е некој голем оптимист. Економската криза изгледа ќе биде многу поинтересна од онаа пред 13-14 години, а најдобри шанси за опоравување, логично, ќе има оној што најбрзо ќе ја надмине ситуацијата, а тој ќе печали на сметка на помалку брзите.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.505
Поени од реакции
990
Светот е глобално поврзан , да беше ова пред 300 гдо неамша да дојди дотука вирусот од кина .исто така светот е зависен од нафта ,ако прекини испораката на нафта се ќе запри ,заради нафтата енергијата во кина населението во 60 тите се тродуплира ,ќе прекини електричната струја ,храната исто така е зависна од механизација ,досега не е најден нов извор на енергија што може да ја замени нафтата .
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
@Bafra со оглед дека бајги шириш незнаеење по темиве еве еден линк како функционираат вирусиве.

Клучно ако те мрзи да читаш:

The genetic material of the virus is RNA, not DNA like in humans. Unlike with human DNA, when viruses copy their genetic material, it does not proofread its work.

Because RNA viruses essentially operate without a spell-check, they often make mistakes. These "mistakes" are mutations, and viruses mutate rapidly compared to other organisms. While this might sound frightening, mistakes during replication usually produce changes that are neutral or even harmful to the newly generated virus. Neutral mutations, which neither improve nor hinder viruses' survival, may continue to circulate without any noticeable change in the people they infect. Mutations that are harmful to the viruses are less likely to survive and are eliminated through natural selection.

To be sure, some virus mutations are actually quite important. There was likely a series of mutations throughout the evolutionary history of the epidemic coronavirus that allowed a virus that infected bats to make the jump into humans. Likewise, specific mutations in a key HIV protein are believed to have allowed the virus to spread from chimpanzees into humans. During the recent Ebola epidemic in West Africa, a mutation may have helped the virus better infect human cells.

И она што не го пишува во текстот, вирусот сега оди низ еволуциски процес да се прилагоди на нашето тело, т.е. да дојди до мутација во која ќе се размножува ама нема да претставува опсност за заразениот. Таа кохабитација ќе му овозможи да продолжи да живее уште многу години. Баш како што имаме кохабитација со нормалниот грип и веќе 10 години со свинскиот грип.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom