Последен гледан филм со кратка рецензија

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
"Unthinkable" е трилер во режија на Грегор Џордан. Главни улоги во филмот се: Самуел Л. Џексон, Мајкл Шин и Кери-Ан Мос.​
Јусуф (Шин) е Американец со муслиманско потекло. Јусуф и праќа на амерканската влада снимка во која се прикажани три бомби, секоја бомба е во одделен град во САД. Агентот на Фби, Броди( Кери-Ан Мос) е задолжена за наоѓање на бомбите.​
Посебниот детектив "Х" ( Самуел Л. Џексон) е донесен да дознае од Јусуф каде се лоцирани бомбите.​
Агентот Х ја покажува својата способност на суровост спрема Јусуф и почнува да му ги сече прстите со мала секира, со цел да дознае каде се лоцирани бомбите, Броди пробува да го спречи Х да не го измачува Јусуф. Како се одвива заплетот така мерките на Х се, се поригорозни. Броди, сфаќа дека Јусуф очекува да биде мачен.​
Понатака што се случува неоткривам.:)
п.с Мора да ја пофалам глумата на Мајкл Шин која беше фантастична. :cuc:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Unknown.jpg
Д-р Мартин Харис и неговата сопруга Лиз пристигнуваат во Берлин на самитот за биотехнологија. Сепак, по пристигнувањето во хотелот, Мартин сфаќа дека неговиот куфер останал на аеродромот а во него му се пасошот и другите документи. Тој зема такси управувано од Гина, но на патот до аеродромот тој прави сообраќајка и таксито паѓа од еден мост во реката. Гина го спасува од давење и таа бега од местото на настанот за да ја избегне полицијата, бидејќи таа е илегален имигрант од Босна, а Мартин е пренесен во болница. На Денот на благодарноста, Мартин ја враќа својата свест во болницата откако беше во кома.
Мартин се враќа во хотелот, и таму открива уште еден човек со исто име кој е со неговата сопруга, и за кој таа тврди дека е нејзин сопруг. Тој се обидува да се поврзи со својот стар колега д-р Родни Кол за да му помогне но не успева да го добие.
Мартин оди во канцеларија на проф Лав, со кој му беше предвидено да се сретне тој ден. Сепак, тој таму го гледа измамникот кој претходно во хотелот беше со неговата сопруга, кој веќе е на средба со проф.
Мартин се обидува да докаже својот идентитет, но не успева и измамникот има докази дека и тој е Мартин Харис. Разочаран Мартин паѓа во несвест и се наоѓа себеси назад во болницата. Смит кој е убиец сака да го дрогира Мартин и ја убива сестрата на но затоа време Мартин бега од болницата. Понатаму изгледајте го целиот филм дали Мартин ќе успее да си го докаже идентитетот или не.
Сличен е на филмовите со Џејмс Борн и затоа оценка 10/10 иако на IMDB има 6.9/10
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
The Dictator



Нема да пишувам рецензија туку само ќе кажам: ALL HAIL THE DICTATOR!
Дефинитивно најквалитетната комедија што ја имам гледано во последниве неколку години бидејќи квалитетот на ваквиот тип на филмови во последниве години значително опадна и се повеќе се прават некои глупости.

Саша Барон Коен уште од филмот Ali G ми е интересен човек и неговите филмови отсекогаш ми биле смешни, иако можеби за повеќето не е така. За овој филм мислам дека не постоеше друг актер кој можеше да одглуми вакво маестрално дело.

ПС: Не напишав рецензија бидејќи не сакам да напишам некој спојлер и да ви го расипам задоволството!
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Prometheus
http://www.imdb.com/title/tt1446714/

Синоќа имав можност да го гледам најновото остварување на Ридли Скот.Како негов фан кој многу ги сака Осми Патник и Блејд ранер бев многу возбуден да го видам ова дело,посебно заради интересната идеја што ја обработува.

Накратко филмот се бави со докторите Елизабет Шо и Чарли Холовеј како дел од експедицијата на бродот Прометеј кој оди на мисија на ЛВ-223 во потрага по доказ дека човештвото настанало од некоја вонземска раса која ја нарекуваат engineers.Бродот слетува,експедицијата ги истражува пределите во потрага по непознатото и............


Па,да почнам од добрите работи.

1)Визуелно гледано филмот е прекрасен,има многу работи кои се eye-candy.Пејсажите,природата,бродовите....

2)Глумата.Малку ми беше тешко дал да ја ставам како мех,ама има многу фактори кои го ставаат на позитивната страна,пред се зборам за глумата на Мајкл Фасбендер и на Нооми Рапас(се надевам не сум и го утнал името).

3)Музиката.Појма немам кој ја правел ама солидно е направена.

Лошото.

1)Приказната.Ај,знаев дека ќе има неодговорени прашања на кои одговор ќе видиме во продолжетокот,ама има многу дупки во приказната.Првиот час од филмот е добар и интересен,ама од другата половина некако се трга низ брдо-премногу нелогичности,премногу аматеризам,се прашувам дали е ова филм на РС или на Уве Бол?Како само му се протнале овие работи стварно не знам.

2)Отсуство на хорор.Има можеби 2-3 сцени кои знаат да бидат гадни ама тоа е се.

3)Отсуство на напнатост.Филмот жанровски е сајфај,хорор и трилер.Ако е трилер нека биде трилер како што треба.Проблемот е што не само што нема добра хорор атмосфера туку и не се ни чувствува тензија.Голем дел од проблемот лежи во вториот дел од приказната каде се е турлитава и аматерски изведено сето тоа да нема да биде проблем ако само го пуштиш мозокот на пасење небаре гледаш треш филм.

4)Холивудска наука и цртан начин на умирање кај некои од ликовите.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
In the Land of Blood and Honey

Џоли за прв пат направи филм алелуја.Само,кај и текна да направи филм баш за војната во Босна?Не сваќам,зошто не направи drama/war филм за некој си шаолин и јапанка,за требењето на индијанците од лицето на денешната америчка територија или што и да е друго,за која и да е друга култура,она прави филм за место и за менталитет коишто немаат никаква допирна точка со западната култура.
Суптилно, србите се преставени како bad ass.Не ги сакам србите,ни ги мразам (нели,да не навлеваме во тоа,и онака во војна,луѓето се мењаваат),само знам луѓе што биле во таа војна и што се бореле,и лично ми кажувале гадости што се дешавале и на едната и на другата и на третата страна.Зошто не ја направи приказната од муслиманската страна,или од хрватската..?

Ги оставив предрасудиве и го гледав филмов.И на крај извлеков заклучок.Сакала да направи филм за љубовта меѓу муслиманка жена (Ајла) и (Даниел) војник,и син на генерал,измешано со темната страна на една нација.Да бидам реален,ако првенствено целта и било да направи лубовна воена драма,можела МНОООГУ подобро,али очигледно дека имала друга цел (која и да е)
Од мене 2/10 ради реда..И поарно нека си мие садови по дома и нека пере,отколку да прави филмови..Доста од овие подли амерички дволични фазони,каде што потајно целта е да ти ја пренесе пораката (во случајов дека овие се убици).Немој утре/другиден да ја видиме како сака да прави филм за оние варварине кај нас,во 2001ва што сакаа...и они не знаеа што сакаат,ама Енџи,ќе направи да,500м луѓе видат низ филмот дека они се светци и дека се бореле за некакви си права..
that's fucking bullshit,and hypocracy and WE BUY IT
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
The holiday



Романтична комедија за релаксација. Кејт Винслент и Камерон Дијаз во главни улоги, несреќни во љубовта ги заменуваат своите домови. Филмов веројатно би требало да се изгледа некаде пред Божик или во кој било период од зимата, но јас го трефнав сега па може се изгуби малце од магијата. Во секој случај, интересна приказна, ни малку патетична. Идилична слика за начинот на којшто треба да се доживее љубовта, спонтано, едноставно и без многу дилеми и размислувања. Нема поуки, нема филозофски прашања за кои би требало да се размислува, има чиста љубов која треба да ги премине сите пречки.

Суптилно се вметнати сцени во кои се слави филмската уметност, носталгијата по некое не толку дамнешно филмско време, можностите што денес ги имаме и квалитетот којшто сепак преовладува и владее над сè останато.

Гледајте го.

П.С. Jude Law е преубав. (y)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346


Неверојатен филм. Најдобар филм што го имам гледано.

Брилијантна актерска екипа која што брилијатно си ја завршува својата работа. Прекрасен саундтрак,неверојтана приказна. Секој дел од филмот се надополнува на претходните сцени во филмот. Како се одмотува клопчето на крај сфаќаш одредени работи што си ги пропуштил на почетокот од филмот.
Исто така има и премногу цитати кои што те тераат да подразмилиш за твојот поглед кон светот и животот. Вообичаено влегувам со големи очекувања за филмови кои што имаат голема помпа и на крај завршувам разочарано но овој филм е едноставно брилијатнен. Нема мана. Навистина mind blowing филм.

Сега ми е криво што до сега не сум го гледал филмов. Од почеток до крај ми го задржа вниманието. Ако има некои што уште го немаат гледано обавезно да го гледаат.
За мажите има неколку добри боречки сцени а за жените го има Бред Пит ама му ја нема маицата на неколку сцени :D

10/10
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
HUA MULAN

Кинески воен еп инспириран од балада од 4 век наша ера со многу битки, психологија, трагедии и солидно изградени ликови и сценарио. Битките се одлично снимени а и костимите се прекрасни. Глумата е врвна што и очекував од Wei Zhao зашто досега не сум ја видел во лош филм. Според мене еден од најдобрите кинески епски (воени) филмови на ист ранг со Red Cliff 1 i 2. На кого му се допаднаа Гладијатор и Монгол и сака филмови со историска содржина ова е за обавезно гледање. Нема фантастични елементи туку чист реализам и тоа добро снимен. Филмот држи во напнатост од почеток до крај а за глумата на Wei Zhao немам зборови. Одредени дијалози со својата длабочина буквално оставаат без зборови, длабок филм со многу филозофија во себе.

Царството Веи е нападнато од предците на Монголите и секое домаќинство мора да даде или војник или жито и како татко и на Мулан е веќе болен таа го завзема неговото место како војник но преправена како машко зашто жени не се дозволуваат во војската.

Цртаниот филмот на Дизни - Мулан е за истата хероина така да моја топла препорака за љубителите на историски филмови, нема да бидат разочарани во никој случај. Прекрасно дело.

9/10
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Grave Encounters (2011)



Телевизиска екипа снима тв-шоу во врска со паранормални појави ,се одлучуваат шестата епизода да ја снимаат во одамна затворена психијатриска болница ,на почетокот нема ништо паранормално ,но потоа бла бла како и во секој друг хорор..

Оваа недела почнав повеќе да гледам хорори бидејќи од другите жанрови речиси сите добри филмови ги изгледав и ,нема братеее нема што за симнување...

Овој филм ќе сакаат да го гледаат оние што ја сакаат тематиката на паранормал активити ,"OMG here it comes!",новава мода со first person камера ,не го знам точниот поим.
Не е нешто ново ,но доколку сакате да седнете да гледате добар хорор со голема тензија и она чуство додека чекаш да се деси тоа "страшното" и не сакаш премногу да критикуваш ,симнувај го одма!

Мене ептен ми се допадна ! Не се надевав дека олку добар ќе биде ,еден од подобрите хорори во изминативе неколку године за мене.

П.С. Не го ГЛЕДАЈТЕ ТРЕЈЛЕРОТ! Бидејќи речиси сите најдобри моменти се во трејлерот...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
I am back! :D

Еве што гледав последно...

THE STEPFATHER(2009)
Жанр- трилер​
Режија: Nelson McCormick
Улоги: Penn Badgley, Dylan Walsh и Sela Ward.


За овој филм не планирам многу да пишувам, бидејќи и не ми остави баш некој впечаток...Значи на самиот почеток на филмот е прикажано све и понатаму веќе знаеме што е суштината, односно кој е негативецот, психопатот, убиецот, монструмот...И ги гледаме неговите одвратни злодела...
Мајкл се враќа дома после подолг престој во воено училиште и конечно е заедно со својата девојка. Неговата мајка ја наоѓа како живее со еден нов тип, којшто го знае релативно кратко време, а е лудо заљубена во него...Со тек на времето се повеќе и повеќе се сомневаат во него дека не е така добар, фин и племенит како што се претставува пред целото семејство...:rolleyes:


CHLOE(2009)
Жанр- драма, трилер
Режија- Atom Egoyan
Улоги- Julianne Moore, Liam Neesom, Amanda Seyfried



Ове е веќе доста квалитетен филм за разлика од претходнион...Одлична актерска екипа...Иако Џулиан Мур не ја обожавам баш (во овој филм и во The Hours ми личи на фригидна порцеланска кукла), но сепак солидно одглуми...И останатите актери исто така - перфектно...Сценографијата морам да кажам дека ми се допадна многу, а и музиката...
Имено, се работи за брачен пар (двајца урбани и ситуирани мажи жена, интелектуалци -таа доктор, тој професор по музика на факултет , којшто имаат малолетен син...) И сега ќе биде тешка патетика ако некој започне за филмов да кажува на следниов начин - "навидум среќен брачен пар, ситуирани, интелектуалци, се сакаат, но женава ќе открие дека мажот ја изневерува итн..итн..."
Значи жената започнува да се сомнева во него откако тој нема да дојде на роденденската забава која таа му ја организираше, при тоа кажувајќи дека му побегнал авионот и плус наредниот ден ќе му фати порака во телефонот од една девојка...И од тука па натаму она е опседната со фактот дека тој ја изневерува, дека цел живот живее во заблуди, дека има еден куп девојки и студентки итн...Ја најмува елитната проститука Клои, преубава девојка и ја плаќа да го заведува маж и...Со ваквиот потег ќе се наталожат еден куп проблеми..Режисерот остава на самиот гледач да заклучи кој е негативниот лик во филмот, кој и дали изневерувал и кој е мотивот и причината за одредено понашање на одредени ликови...Тоа самиот гледач ќе си го дешифрира...
Инаку филмов има и понекоја експлицитна сцена, од која една е лезбејска... :) Така да 18+ :)



TRES METROS SOBRE EL CIELO (2010) -Три метри над небото

Жанр- романтична драма
Улоги- Mario Casas, Maria Velverde


Многу го форсираа филмов, посебно женскиот дел од публиката па решив да го гледам...Шпански филм, шпански глумци...Во принцип ова е приказна за една тинејџерска љубов, но нема никаква допирна точка со оние типични тинејџерски филмови кадешто и покрај сите проблеми и пречки правата љубов победува бла бла бла...Тука е прикажан реалниот живот, вистинските проблеми кои и не секогаш можат да се премостат, посебно не во една таква турбулентна доба во животот како што е адолесценцијата...
За краток временски период- многу пресврти, силна љубов, силни емоции - помеѓу дечко и девојка кои се тотално различни меѓу себе, со различен начин на живот...Несебична, чиста, љубов и страст...И пак ќе кажам сето ова е прикажано со многу многу емоции, прекрасна музика и преубави сцени на локацијата кадешто е сниман филмот...
Во однос на актерите морам да кажам дека девојката што е главна улога и не ми остави баш некој впечаток...Можеле да изберат посоодветна за таа улога...Како прво лошо изгледа за разлика од другиот главен актер, којшто е преубав...
И морам еден цитат да напишам од филмов којшто го кажува главниот актер на крајот и со кој ни ја доловува суштината на филмот...Еден многу реален цитат, во кој сите ние ќе се пронајдеме...
На српски е...
Kada pokušavaš da se setiš kad je sve zapravo počelo... Otkrivaš da je sve počelo pre nego što si mislio.
Mnogo ranije. I tada, u tom trenutku, shvatiš da se sve dešava jednom u životu.
Koliko god pokušavao, nikad nečeš imati isti osečaj...kao da si tri metra iznad neba

Инаку најавија втор дел од филмов... :)
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Insidious (2010)

Далеку дека ова ми е последен гледан филм но се решив да му дадам една кратка рецензија. Со оглед на тоа колку е ценет меѓу луѓево како страшен и многу добар а за мене е само еден просек од филм, налик македонски проект - само една добра идеја ама премногу лоша реализација.
Значи целата поента и тема на овој филм е астралната проекција, една многу светски истражувана состојба на духот на човекот кој го напушта телото во сон и потоа се враќа назад во телото. Но кај малиот Далтон тоа не е така. Тој сред спиење запаѓа во една состојба слична на кома и не се буди со месеци.

Позитивната работа која ми се допадна кај овој филм е замислата и темата. Сè започна многу добро, најавата на филмот беше морничава и предизвика кај мене лазење на морници. Експозицијата и заплетот беа единствените нешта кои навистина ми се допаднаа во филмот заедно со сцената во епилогот
(невестата во црно што ме извади од памет, не дека ситуацијата ми беше логична, туку дека беше добро изведено)
како и многу добрата глума на Патрик Вилсон кој сметам дека беше одличен избор за овој филм.

Првото што многу ме изнервира кај овој филм мене, како љубител на фотографијата и некој што се занимава со тоа беа премногу лошите кадри. Добро, до толку ли да не се знаело денес во 21 век, од толку кран камери со кои се снимаат филмови да се направат добри сцени? Па кај хорор филмовите тоа е клучно нешто по добриот избор на музика. Хичкок сè уште е на врвот 50 години со сцена под туш и наместо режисерите да одат напред, се уназадуваат со аматери кои ги избираат да бидат директори на фотографија и монтажери. Само во една рецензија досега видов некој да се пожали на кадрите. Многу ме нервираше ова додека го гледав филмов, на момент беа до толку глупави што не знаев што сака да ми прикаже авторот и на што треба да обрнам внимание.

Второто нешто што ме изнервира и ми го уништи филмов беше одењето во екстреми. Кај се видело во астрална проекција да има ѓаволи, демони, чудовишта? Ај што се решиле да вметнат такви работи, океј е, сфаќам до некаде, но не го разбирам претерувањето со нив. До толку претерале што веќе не знаев дали го гледам Insidious или па Nightmare on Elm Street и тоа некоја од поочајните верзии. Тотално ми се изгуби смислата на филмот и почнав да стискам FF за да дојдам до нешто нормално.

Од мене има една 6/10, чисто поради почетната напнатост која ја создава и морничавата најава. Ќе се снима и втор дел на филмов на кој верувам дека би му дала ни 6, но сепак да почекаме.


Само што го гледав ,од првин забележив кадрите ,поставеноста на камерата ми беше чудна ,но мислев тоа и им било намерата...ама потоа 4-5 пати ти го насочуваат вниманието во некој ќош и очекуваш да се случи нешто ,но без врска ништо не се случува...
А со Фреди Кругер тоа не им требаше и 10-те чудовиште кој изгледаа како зомби...

А од почеток ме изненади тоа што не се ни трудеа да ја зголемат тензијата малку по малку ,туку од еднаш БУМ ! Тоа ми се допадна ептен ,го цитирав ова бидејќи Ilumious ги кажа повеќето работи што сакав да ги кажам и да се надоврзам малку.

А нелогично ми беше тоа при сите работи што се случија во куќата неколку пати децата ги оставија сами во собите, ,мажот отпрвин беше кукавица , случката каде што се отвори вратата ,тој се однесуваше како промаја да ја отворила...

Се на се добар хорор ,рипнав неколку пати и башка тоа го гледав преку ден...
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684


Уште на почетокот интрото ќе ви го задржи вниманието и ќе ве натера да го догледате до крај филмот.
Ова е приказна за човек кој во периодот на втората светска војна ќе почне да заработува препродавајќи оружје за подоцна да направи огромен бизнис. Она што на почетокот беше борба за опстанок ќе прерасне во опсесија и љубов кон работата. Кога еднаш ќе се заплеткаш со матни работи од тоа повеќе нема спас.
Николас Кејџ во главна улога и Џеред Лето кој го глуми неговиот брат - зависник од дрога и привремен партнер во работата.
Приказна за тоа како можеби со парите можеш да купиш се што ќе посакаш, но не и мирот во душата. Одличен трилер со длабока порака.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684


Zoe Saldana е навистина совршената актерка за овој филм. Ја глуми Каталеја, девојката чии родители ќе бидат убиени пред нејзини очи додека таа е уште мало девојче. По нивната смрт се сели во Чикаго кај братот на нејзиниот татко и целиот живот го посветува прво на усовршување а потоа и на буквално убивање на луѓе. Решена да ги одмазди своите родители по секоја цена од патот ќе тргне многу луѓе. На сите свои жртви го црта цвеќето орхидеја, што всушност и значи нејзиниото име - Каталеја.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Fight Club

Какво ослободување на себеси од секојдневието, вау! Веќе го спомнаа филмот на оваа страна, нема потреба да се повторувам колку е навистина добар. Тргнав со мисла дека ќе го гледам еден од најдобрите филмови според тоа колку позитивна критика прочитав за него. И не погрешив. Приказната е многу повеќе од оригинална. Како само можеле да се сетат на клуб во кој луѓето се млатат како стока и при тоа се чувствуваат исполнето... Дефинитивно не е важна формата до која ќе се дојде до личната слобода, па макар и ужасна болка да се почувствува поради тоа! И не е само личната слобода целта нa клубот, туку и себеприфаќањето и препознавањето на сопствените квалитети. Можеби малку идеализирано, но дефинитивно во нашата потсвест, колку и да сакаме да го скриеме тоа, постои желба за лидерство и момент на слава!
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Добро бе дечки, која е користа да пишувате оф топик и цитирате овде, кога знаете дека ќе ви биде избришано. Малку фали да ги уништите темиве...

По милионити пат: Во последен гледан филм и Препорака за филм само рецензии се дозволени, цитирајте се во Генерална.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom